Јас испитував д-димери, хемостаза и крвна слика си влегува во пакетот во HemoLab и таму имаат транфузиолог. Ги добиваш резултатите и плус извештај од транфузиолог.
Вчера на форум читав дека во авицена со упат д димери и хемостаза било 1100 ден а кога правев скриен шеќер платив околу 500 ден.Јави се прашај.
Треба да си одиш во болница не е убаво без плодова вода да остане бебето Јас викам да одам сега некој ден во приватна болница бидејќи за две недели најавуват повеќе да е екот на вирусот и повеќе страх ќе имам за да одам.
Искуства со уреаплазма во бременост? 13та недела сум, ме фати страв, плус почнав пилатес за трудници и дали може некако да направам беља? До сега никогаш не сум имала бактерија... Ама ете за се има прв пат...
Да правев значи сега на раат сум од тие работи и без тоа кажа дека брисеви не зимале. Ќе си одам само на контрола на приватно
Ја закажав одново у Систина. Ја таму и само ќе одам сега. Кога бев последно кај матичниот пред 3 недели кога ме удри малиот никаква заштита немаа. И тоа не ти е решение. И за таму се тресам. Скрининг 40 минути ќе трае, а јас сум до коски преплашена.
Најдобро иди си колку што можеш побрзо бидејќи се понапорно станува послр барем ќе си на раат белким за у мај се ќе е завршено со вирусот . .има да ѓи запамтиме тие бремености
Здраво мешиња пишав и во др тема нема одговор ,сакам да порачам алиштенца од нет па кој број зимавте за новороденче 56 ли?
Од која страна ќе порачуваш? Јас цело време чепкам по фб, сакам да најдам некои асални 56ка најчесто повеќето бебиња многу брзо ги надраснуваат.. Ако ти е поголемко бебчето може и да му се дури и кнап зависи од моделот. така да можеш да имаш неколку колку за почеток а повеќе поголеми бројчиња (барем знаеш сигурно дека ќе ги носи)
Ист случај бев и јас.. само јас бев 40 недела и 4 дена... откако видоа дека сум со намалена плодова вода веднаш ме оставиа на патолошка и до вечерта со провокации и индукации ме породиа... мој совет.. веднаш на клиника.. не чекај... со лесно мајка
Помина уредно и мојот втор скрининг, си се дружев со бебулињата едно 45 мин Пофални зборови за Котларова! Во однос на рестрикцијата и закажување прегледи што коментирав пред некој ден сестрата најверојатно нешто била збунета, затоа што покрај скринингов му се јавија на мојот доктор, и дојде да се видиме се договоривме околу терпија и понатамошни прегледи.. така да џабе успаничив пред два дена. Да редуцирани се прегледите но се остваруваат важно. Исто така браво за ремедика за претпазливоста во однос на проклетиот ковид 19.
Феминки, утре влегувам во 10-та недела. Скринингот сеуште не ми го закажуваат во Систина и мислам дека непрофесионализам владее таму. Се јавувам веќе два пати и не креваат од прва телефон. Ми рекоа последниот пат дека до 16-ти април имале распоред, а мене скринингот треба да ми е од 22 април до 27-ми најкасно. Ми рекоа пак следната недела да се јавам и дека воопшто не се сигурни дали тој период докторката Гордана ќе биде на работа бидејќи можно е да користи денови од одмор после Велигден. Јас понеделник ќе се јавам пак и ако ми речат немаме распоред ќе пишам мејл на докторката и на мојов матичен ќе му кажам... Значи до последен момент мислат ќе ме враќаат вака и после зафатени термини и кај Гордана и кај другите подобри доктори... Мое мислење е дека ова не прилега на една приватна болница каде за скрининг од 5 мин се наплаќа 4500 ден...
Aзошто мора баш од 22-27ми да одиш?! Можеш и следната недела да одиш. До 13+6 накасно се оди. Првата бременост беб на 11+1.
Вака уредни ти се резултатите. Хемоглобинот не е лош, серумското железо ти е доста добро. Леукоцитите во крв се малку покачени, но мислам дека се во граница на нормала во бременост. Леукоцити во мокрача исто се во граници на нормала, шеќерот ти е супер
Докторите не одат сите на работа заради епидемијата,се делат во групи за да се позаштитени и не прават месечен распоред туку неделен.