Mene rakata mi trne skoro sekoja vecer,ete sto bi mozelo da bide.srede nokj stanuvam mm da me masira duri i vaka preku den nemozam mn da ja stegam dlankava
Јас проверував скриен шеќер ама во Авицена. Останав околу 2 ипол часа таму. Прво боцкаат, па даваат глукоза да се испие една чаша, па по еден час пак боцкаат, па пак чекаш еден час и трет пат боцкаат и толку. Платив 700 денари.[/quote] Мене матичната ми препорача да го проверам скриениот шекер од 26-28 недела. Еве сега видов дека може и во Авицена да се провери, па за да не одам до клиника поблиску ми е Авицена. Поздрав мешиња, убава вечер
Мила штом е така одморај,може бебуш се спрема ♥ одморај а ако почне да боли појди на гинеколог ке видат до кај е душичката
Здраво мешиња, само што се вратив од преглед Најпрвин дадов мокрача (мокрачата од претходниот пат ми е во ред, нема инфекции), ми измерија крвен притисок- и тој е во ред, ми измери килажа и сум + 2кг од претходниот пат. Потоа ме ставија на цтг, да видат дали имам лажни контракции, но немам. Од сега секој преглед ќе ме ставал на цтг. Ми зеде брис, и потоа абдоменално ехо. Мерките на глава стомак се во ред. 16 цм сме големки. Ииии.... рече дека 70% е машкооо Вели: јас типувам на машко, но немој се плаво да купиш И така мамички поздрав до следниод апдејт
Срцка баш те мислев одамна не си пишала како си,ај честито синче сега можете имиња да смислувате веќе знаете дека е машко ме збуни тоа зошто од сега на цтг нели е рано или некоја друга процедура имаат таму??? поздрав
Добро утро и од нас мешиња, еве синко ве поздравува со едно утринско салто Ние вчера бевме на редовна контрола и фала му на Бога се е во ред, сме пораснале за разлика од претходниот пат, имаме 28 см и 460 грама, само што овој пат несакаше да се слика, немаме ни едно сликиче од лицето ама важно ги покажа сите можни акробации што ги знае, па татичко се стопи Убав ден на сите мешковци
Здраво убави трудници, Како за инает за нас ова година немаше пролет секој ден дожд и ладно време, не можеме никако да уживаме да прошетаме после работа.А дефинитивно не знам дали и од времето или од мојата состојба јас веќе една недела никако не можам да спијам коските многу ме болат пијам два пати магнезиум биоелелектра форте калциум шумливи по препорака на гинекологот ама никако не поминува од тоа.Ме уби несоница цел ден работам стојам со само најмногу 2-3 часа сон.Секој ден се потешко ми станува, рбетот многу ме боли особено долниот дел и киселините убиват и додека спијам станувам да повраќам не можам да јадам ништо како треба.Уффф ама се изнакажав и се жалев, се извинувам феминки ама мислам дека само вие можете да ме разбирате мм вика дека не си само ти бремена не е толку страшна работа Поздрав
slimy и јас така повраќав од киселините кога влегов во 8 месец и цел 8 месец повраќав навечер станував маки мачев. Сега еве откако влегов во 9 месец не повраќам фала му на Бога. Киселините се' уште ги имам, но што е тука е ќе издржам уште малку. Инаку денес бев на трансфузиологија испитував д-димери и хемостаза се е во ред и пишува "наод соодветен за гестациска возраст". Исто така бев и кај матичната да ми ги види резултатите и рече дека се во ред и крв испитував таму добар ми е хемоглобинот не е баш сјаен, но според тоа што сум слабокрвна добар ми е. И од понеделник на породилно заминувам и ми рече во понеделник мм ќе појде да го земе породилното да го донесе на работа и упат да му даде матичната за породување во болница, па со Господ напред. Ми зеде и брис GBS (за стрептокока) и утре ќе има резултати па ќе видиме што ќе излезе. А нареден четврток ќе одам на последно ехо кај матичната и ќе си го видам синко. Па уште малку и ќе си го држам во раце. Мило мое маже мајкино со душа чекам да излезе да си го гушнам и видам со Господ напред само здравје. Имајте убав ден мешиња.
Фала ти мила што ме мислеше. Ќе почнеме веќе да смислуваме име, јас сеуште сакам Павел, но ќе видиме За цтг било овде така, ги прашав и другарките што беа трудни пред мене, и нив ги ставале секој месец. Кога влегов во ординацијата, сестрата ми вели од денеска ќе правиме и нешто ново, да гледаме дали имаш лажни контракции. А читам овде другите што пишуваат, сестрите се бунат што ги праќаат во 36/37. Хммм незнам сегде различно, како и да е само да ни се здрави и живи бебенцата Синоќа прв пат го осетив курето на мама како се превртува внатре Вие како сте со бебето срцка? поздрав
Дечки кој би рекол дека последните денови од бременоста ќе ми бидат најголемо измачување? Бебушка удобно сместена во утробата не сака ни да чуе за излегување, ете поминаа и 5 дена од терминот а ние абер си немаме, секој ден на цтг и ехо, се е во ред и со плодовата вода и со развојот на бебушката само немаме никакви контракции нити сантим отварање на цервиксот. Постојано не враќаат дома, не ти е време - постојано слушам, докторите чекаат до краен термин (42 недела), се изначитав искуства од надносени бебушки и дека не е тоа воопшто ништо страшно ама кај секоја го има тој страв што и покрај тоа што знам дека ќе биде кога тогаш, сепак ги испратив сите трудници на пораѓање само јас пак рикверц назад дома и тоа ме умори, ме обесхрабри а сепак штом осетам некоја болка во стомакот ме фаќа паника и пак се плашам дека е дојден моментот а јас неспремна Боже, ама забегува човек
jeny потполно те разбирам како ти е , и јас сум во иста позиција. едвај чекам да си го видам бебушко ,... од пријателкиве мои тие што беа после мене се породија јас абер немам . Секој ден до болница и назад воопшто не сум отворена.Плодот е мнгу горе . Друга работа што ме плаши е што бебушко е голем има големо главче , докторот ми спомена дека можно е да мора со цариски рез ,,,,, , ова воопшто не ни помислив дека може да ми се случи . Здравје , само го молам Господ се да биде во ред со бебчево . Чувствувам страв , Со лесно нека ни е на сите
Dinnna, која недела си? И мене уште ми викаат дека не ми е спуштен плодот а за позиција си е наместено баш како што треба, не сме многу големи спрема ехото, 3500 отприлика ама ми спомнаа за индуцирано породување ако не се отворам за една недела, се плашам да не трпам многу болки со тоа?! Веројатно мене ќе ме провоцираат за природно, иако кај секој организам е индивидуално се надевам дека ќе ми делува, во случај да не делува провокацијата мислам дека тогаш е неизбежен царскиот рез. И јас не очекував дека ова ќе ми се случи, мислев дека се функционира по календар ама ете не било така, од никакви проблеми досега со здравјето, сега ме чуди зошто имам толку затегнат цервекс? Господ нека не чува и нас и бебушките, ќе се олесниме и се ќе биде подобро
Здраво трудници,вчера бевме на гинеколог се е во ред и конечно го дознавме полот девојче срце на мама Многу сум загрижена 20 недела сум а уште немам ја осетено како мрда
јени , денес ми беше терминот за раѓање според мојот гинеколог и онаа пресметка за термин но ме следат веке 1 недела скоро секој ден на цтг и ехо затоа што плодот е скоро 4 кг и постелката е мн зрела во последна фаза е . Бечето е свртено надоле ама не е позиционирано во родилен канал , јас ни отворена нити па болки осекам .... Јас се плашам од индуцирано породување , ме загрижува и големинава на бебчево , дали ќе можам природно да се породам -? Само се да е во ред , сум исплашена и секој ден во исчекување ...немам врски не познавам никој во болницва , а веке сите ме советуваат да си барам и да одам на царски дирекно ... многу дилеми , страв , не знам како ке завршам .... само бебушко да е добар , тоа ми е најбитно БРУНО,ЦОМ / немој да се грижиш , јас моево бебче почнав да го чувствувам после 23 недела , се ке биде во ред без гижи .
Ајде мешиња да ве прашам нешто вие што сте во поодмината бременост,знам дека е кај секого индивидуално ама сакав да прашам кога почнаа да ви се познаваат стомачињата,еве ние сме 12+4 ама ништо не ми се познава,сум поправена едно 3-4 кг бидејќи не вечерав а сега морам за здравјето на бебушка,ама тие 3-4 кг ми се во бутовите и задникот а стомакот ми е сеуште рамен.Некако сеуште не ми е верно дека сум бремена немам никакви симптоми освен изостанување на циклусот и поспаност др ништо.????
Мислам дека во петти месец одеднас ќе ти се направи стомаче така другарка ми до петти месец бесе рамна, дури и слабеесе, ама после одеднас и се направи стомаче
џени и дина одамна не сум отворила во оваа тема ама денес еве реков да ѕирнам што се случува и наидов на вашите постови.ич да не му се секирате-што влегло мора да излезе мене така ми велеа . керка ми ја надносив 6 дена и веке договорена со др.да ме порага со провокација таа дента реши да излезе.синко 2 дена пред термин го родив со провокација оти др.тогаш беше дежурен а не сакав друг.поболно е за нијанса од спонтаното породуванје ама мноогу побрзо.за 2 часа се породив.немав никакви нуспојави ко што ме плашеа. боли и вака и така, ама кога ке ги видите за вас најубавите очинја се се заборава и мака и болка. со лесно на двете.ке следам во темата се породив
Трудници помагајте !!! Бремена сум 31+4 недели , но мачнините никако да поминат . Пијам и лекарства против мачнини и пазам што јадам но никако , после секое јадење трчам во wc . Незнам што да правам неможам никаде да одам ни ко човек со мм да си испаднам на вечера ... уф уф