Исто и кај мене се детеално и посебно срцето ама рече јас можам да видам само крупни аномалии недај боже .. и таа сама ми кажа дека имало посебен преглед доколку сакам да направам ..
Здраво, до денес примав clexane а денес на мајка ми во аптека и дале fraxiparine бидејќи немале clexane.. Дали можам да ги сменам така на своја рака, некако шубе ми е ?
После ситуацијава тешко дека би де осудила да отидам во Плодност , поготово затоа што почитуваниот Др. Таше кои сите го величеа во ниту еден момент не ги спомена пациентките , и цело време обвинуваше дека пациентка го донела вирусот таму , малку неетички од негова страна , но целта ги оправдува средствата !!!
Добро , се држам , бројам денови до крај , повеќе не спијам него што спијам , не можам да дишам и нон стоп се будам , сите ли имате вакви маки на крај или јас не сум нешто во ред хахаха ?
Да во 20 недела кај лекарот што ми ја води бременоста, а во 24та кај димчев отидов бидејки он повторно сите органи ги гледа и плус срцето и е 4600 а само ехокардиографија беше кај драшко и чини 3500. Го одбрав димчев бидејки прави целосен преглед на бебето
Не ист состав а иста употреба има.Може да се користи само ако ги рефундираш на извештај треба фраксипарин да пишува.
Обавезно да се консултираш со доктор за ова, не сме сите за Клексан. Мене самиот трансфузиолог ми рече дека според резултатите сум баш за Фраксипарин, не сум за Клексан. Сепак не можеме ние одговор на ова да ти дадеме, специфична работа е и доктор специјалист треба да каже дали може да се смени.
Засега да , ако не ја затворат и неа до тогаш хахаха , како тргнала работава препукавања за тестови , тужби
Овие 2 дена многу ме боли стомакот, 19 недела сум. Си полнев шише топла вода и го ставав за да ми се намалат болките да можам да заспијам меѓутоа денес свекрва ми ми рече не било убаво топла вода на труднички стомак. Да не знаенекој нешто за ова? За 2 недели сум на контрола, поради ова со вирусот сега не можам да се консултирам со кинекологот.
Точно , не се става топло шише на труднички стомак ниту нозе да се топат во топла вода ни топла бања ,во право била свеки...
Не ставај топло! Нормално е да боли се шири матката,но ако те боли премнг обавезно појди на преглед Мене ме болеше многу доле ниско и тоа цела недела без престан во 22 недела и отидов на гинеколог ништо немаше,рече дека пониско го носам бебе овој пат и затоа