Не знам кога би почнале правилни. Јас се пораѓав со вистински контракции до 5 прсти не осеќав болка, се чудеа сестрите како може. Се е индивидуално.
Мене како ми изгледа кај Јана има посилни контракции од кај срце. Но не мора да значи, јас се породив 39та недела,не памтам точно ама мислам до 60 или 80 ми одеа деновите пред пораѓај, вечерта на пораѓање до 100ка. Срце ти со одминат термин,не ти спомнаа за провокации? Грлото како е?
Да ви кажам вчера бев на контрола на приватно бебенцето си е се ок со месеците што треба да е свртенко ни беше некако не ни даде да му видеме очичките али сепак потврдено дека е машко иако имав надеж дека ќе кажат мома ама нека ми е живо и здраво едвај го чекам да дојде на свет . За женски ќе чекам од нив.. 500гр е тешко мажето мое убаво здраво бебе што вика докторот и на крај краева тоа е најбитно....
Не ми проверуваше грло. Само ехо за контрола на плодова вода и Постелка. За провокации уште рече е рано, да почекаме уште два три дена.
Вакви како Јана имав на првото цтг, ама ми рекоа ништо не значат. И не значеа, после еден месец абер немав. Пред некој ден се зезав со мм да не примев провокација уште ќе бев трудна
Свашта.. Со поминат термин треба да почнат да проверуваат. Како и да е, мислам уште 3 дена те чекаат после провокација ќе мораш, веќе 2 недели ќе бидеш со поминат термин. А кај ќе се пораѓаш? Јака ти душа, јас 5 дена со поминат се мрднував, можам да замислам како ти е. Ама уште малку имаш до средба со бебуш
Така и докторот ми рече, ако не се породам за два три дена тогаш ќе размислуваме за понатаму, провокации и слично. Се мрднав и јас веќе но тоа е немам што. Во Куманово планирам па ќе видиме каоо ќе испадне.
Да долната линија покажува контракции но кај тебе не траат треба да се искачат пример до 80 и да потраат .. мене доктор ми има кажано да не се оптеретувам со тие контракции најубаво ти сама си ги чувствуваш... Според ова мислам немаш друк доказ пробај нскаплсј се на цтг одма болки земи длабоко воздух одма болки покажува.. срцето супер од 120 до 160 бебе активно не спиело ♥️
Ви благодарам на сите на одговорите. Мрдаше да цело време и мене ми беше многу лошо мислев лежејќи ќе се онесвестам. Немав воздух дека лежев скроз на грб 35 минути и не ми даваа маската да ја извадам. Буквално се смирував сама да издржам, потстанував, ме оставија сама, а устата ми пресуши за вода. За следен пат ќе знам полуседната да бидам, најадена да одам и вода до мене. Да си знаете тие што ќе одите првпат.
Мамички како се спремате со купување ствари со оглед на ситуацијата... Јас сум 33 недели веќе, ништо немам купено си викав имам време а ете излезе ова со вирусот и незнам шо да правам... Страв ми е да одам сега по продавници а сакам да си разгледам да си изберам количка, креветче, алишта... Ваш совет/искуство на некој што е во слична ситуација?
Kazete nekoe resenie za kicma edvaj se dvizam me.boli dole kaj krstot neznam so da praam vele nemozam celo veeme da lezam spobudalev
Перница за трудници, за лежење за седење... Мене тоа ми помогна најмногу и по малку нежно со павловичева масирање на тој дел, ама многу нежно
Здраво девојки, има ли некоја што деновиве испитувала скриен шеќер? Јас сум 26 недела, наскоро ќе треба да го правам тој тест, па мислев дека во Авицена ќе биде тоа, ама ми рекоа дека поради ситуцаијава не го прават.