Фала Мила ние сме супер секој ден фудбал играме не застануваме денес си ги купивме првите алиштенца,боди пижами и комплетче со капче се на плаво и зелено,поздрав до тебе се читаме
Задниве две недели имам многу чудно чувство, три прста над папокот, кожата како да ќе ми распука! Освен чувство на напнатост во кожата, имам и слаба болка баш како да се кине ткивото...не постојано, но барем еднаш во денот. Не сум слушнала од никого до сега за вакво искуство...можеби некоја од вас?
^ Kitten мила и мене така ми се правеше и уште така малку ми се прави, тоа може да е од што се шири кожата (мешето) расте бебето нагло и рапидно. Немој да се секираш и плашиш бебушко си расте. Мене бебуш со ноџињата ме притиска долу на десниот препон страшно ме боли ме притиска на некој нерв веројатно, но што е тука е ќе речам пак ќе издржиме уште малку. Имајте убав ден мешиња.
мешиња јас цела ноќ имам болка во половината не би требало да се контракции бидејќи тие фаќаат само на моменти а мене цела ноќ ме боли тапа болка осеќам едвај издржувам, исто и прв пат повраќав после долг период можеби знае некоја од што е
Здраво до сите идни мамички Ми треба совет за вториот скрининг т.е за 4д ехото што се прави во втор семестар. Се мислам дали да закажам кај др. Димчев во систина , или да си го правам кај мојата матична докторка, пошто на клиника нема теорија да се закаже. Какви се вашите искуства, и што би ми советувале.
имам слушнато дека прд да почне пораѓајот кај некои жени се случува повракање така да можеби и кај тебе тоа да е со лесно у секој случај
Мила јас повраќав до 28недела а потоа имав гадење уште некоја недела и наеднаш престана тие проблеми,кај некои е така. А што ти викат на контрола кога си за ова?
И јас во Систина закажав, кај Бојаџиев бидејќи првиот пат кај него бев и ќе продолжам кај него. Кај матичниот не сакам, овде ми е некако по ок, ама сепак, тоа е индивидуално
Јас ти препорачувам да го правиш кај матичната. Така сигурно ќе те чини поефтино. И јас ќе правам 4Д ехо кај матичната, во вторник. Таму го правев ехото и кога бев бремена со син ми. Тогаш и јас сакав да го правам ехото во Систина, ама ми беше многу скапо.
јас го правев кај матичниот ме чинеше 2000денари, ме гледаше детално речиси 1час и многу сум задоволна се ми кажа, а братучетками го правеше во државна знам дека кажа дека платила некоја смешна сума на пари околу 150ден или така нешто ама рече дека само 10мин ја погледнале и ништо не и кажале убаво туку само ја исплашиле дека нешто не е во ред со бебето а роди здраво и право девојче
Заради тоа јас не сакам да го правам ехото во државна. Инаку, навистина ехото е 150 денари. Толку плати мојата кума лани. Кај матичната ехото е 2 500 денари и ќе ме прегледува 1 саат. Толку ме прегледуваше и во првата бременост.
Денес штотуку го правев тој скрининг во Систина кај Др Димчев детално ги гледаше сите органи и срцето коморите се гледаше сите најбитни прегледи ги правам,кај него овој е еден од тие 3500 ден ме чинеше ама не ги жалам синко ми е здрав напреден активен, подобро така од колку кај секој ајван доктор да ме извади од памет сега ти како сакаш поздрав
Случајно отидов на цтг, ме видоа и вагинално и на ехо и ми рекоа дека бебето ми е спуштено скроз долу и дека ќе биде многу наскоро. Контракции уште немам, ама изгледа кај и да е ќе почнат. Ме тешат да не ми е страв, а јас уште не сум свесна...
Мила ајде со лесно само нека ти биде поубаво е да не си свесна од колку да мислиш опушти се,и мисли дека наскоро ќе ја имаш најубавата средба на свет со бебчето па те чекаме да не израдуваш во породилни приказни поздравче
Димчев! Колку и да се добри нашите матични гинеколози, сепак овој си е стручен во својата бранша а тоа е навремено откривање фетални аномалии кои не секој доктор може да ги види. Сепак тоа е само еден преглед во Систина и последен важен скрининг, освен ако ептен ти е проблем сумата што ја наплаќаат (3500). Сепак ова е само моја препорака од тоа до сега што сум слушала за докторов, а и јас бев кај него само тогаш, сите други прегледи си ги правам кај матичниот.
Сабајлево кога станав видов дека сум прокрварела. После кога се туширав ми падна и тој мукозен чеп најверојатно. Само чувствувам грчење во горната половина од стомакот, како грчеви за во ве-це. Дури ми се лоши и воздух немам од што ме стега. Можно е да се контракции тоа?
Со среќа нека е на сите што наскоро ќе си бидат со бебуш во рака. Јас само да ви пишам веќе 3 дена сум надвор од градот,отидов кај една другарка која одамна ме викаше да се видиме,но сега била приликата,а и добро ми дојде не сум веќе под стрес,во понеделник ќе се вратам,па да видиме како ќе биде ситуацијата понатаму.На 4D скрининг сум за недела ипол и така поминува времето.Бебушка си мрда се поинтензивно и поинтензивно,засега добро е се.
Мешиња како сте? ајде малку совет и за мене веке три дена почна некоја болка во кичмата таа е тапа и блага но е постојана и знае доста да ме мачи имав и претходно болки но краткотрајни и ми минеа после одмор но овие неколку дена легнувам и се будам со болка а за одење и стоење да не кажувам мачно ми е,и се плашам во вторник сум на контрола но никако не издржувам ме измачува прва бременост ми е се ми е непознато инаку сум крај на 4месец за некој 2 дена ке влезам во 5 па затоа и сум исплашена пошто сум чула дека се нормални но и дека можат да значат нешто .затоа барам совет од вас ..
Нема потреба да се плашиш. Болките во грбот се нормална појава во бременост. Во првата бременост немав такви проблеми, ама во вторава имам. Често ме боли грбот. Нормално е да ти се појават болки штом си при крај на 4-ти месец. Во овој период бебето создава притисок и затоа се појавуваат болки во грбот.
Здраво мешиња сакам да прашам во 21,5недела сум и од синојќа приметив кога се бришев како мрсули не беше бело прање нема ни мирис ни цешање нисто,а пред тоа денот ме заболуваше левиот јајник ме вака паника а во вторник сум на вториот скрининг а овој период порано имав добиено и овие месеци на ист ден ме заболуваше јајници како пред добивање.Дали има некоја со слицно искуство или утре да идам кај матицната ранопосабајле.Иначе до сега сите прегледи беа супер и првиот скрининг во 13 н бесе супер само сто ни се крие бебушот да видиме сто е .Поздрав до сите мешинја