И мене ме интересира кој знае повеќе за ова...иначе јас мислам дека од првиот ден од породилното отсуство си на терет на фондот...
Jas taka razbrav deka e na patoloska poradi abortus sega miruva ,nemoze so potvrda mora maticniot toa da i sredi bez da prekine barem taka jas mislam
Мислам кажаа на прес и на вести дека на ГАК ќе примаат само родилки со компликации и корона. Сите останати се препраќаат во чаир. Е сега, немам информација до кога е меркава. Како што ми изгледа работава, ќе трае.
И јас така знаев за гак ама еве @Joki99 се породи таму. За Чаир збореа дека не примаат освен ако имаш болки или пукнат водењак, па ете си одат на прегледи. Не знам зашто се е различно.
Здраво, нова сум на форумов и не сум сигурна дали прашањето ми е за овде... но, ако некој имал слично искуство би замолила да сподели. Моментално сум 31+2г.н, во 28 недела имав како розев исцедок, веднаш отидов на гениколог се беше во ред со бебето и со мене, не ми дадоа конкретен одговор од што би можело да се јави таков исцедок. Ми рекоа да мирувам, и од страв јас буквално си сватив и станувам само за до тоалет. Таквиот исцедок ми се повтори уште неколку пати... Освен што ми ја зголемија дневната доза на внес на магнезиум не ми дадоа друго ништо. Во 30 недела бев повторно на преглед, постелката ми е добро поставена, грлото ми го мереа 37мм, проверив уринокултура се е чисто. Но исцедокот почна почесто да се јавува, па геникологот ми даде да ставам вагинално утрогестан од 200 само навечер, и покрај утрогестанот два дена немав ништо еве денес пак кога одам во тоалет како розеникаво и со точки црвени како конци( извинете незнам како попластично да објаснам) Загрижена сум па ве молам доколку некој имал слична ситуација да сподели... Извинете за долгиот пост.
Колешка моја пред 3 дена отиде на ГАК да се пораѓа, отворена 3 см ја вратиле и рекле да оди во Чаир.. незнам што да речам
На пресот во 17.00 денес министерот изјави дека наводно и се влошила состојбата Ако се работи за истата, мислам дека само една е родилка на ГАК позитивна на корона засега
Штом со бебето и со тебе е се во ред, докторот погледнал и не кажал ништо, би требало да е во ред. Не се грижи. Мирувај си. Како што гледам голем број бремености се со некакво крварење. Јас имав крварење и кафеаво и конци па нагло крварење обилно во 10 недела и со и инекции се среди. Мирна бев неколку недели кога едно утро крв . Звонев на др и веднаш ми кажа тоа е од полипот, ставајки вагинално утрогестан може се иритирал и помина за ден-два. Ми кажа дека до крај на бременост ке се случува да не се грижам. Така да најважно е бебето да е во ред и мајката .
Me primija denes na oddelenie 38+3 sum nemam nikakvi bolki ni simptomi na eho bebe bilo dobro i so protoci i se...no nekako na ctg uspieno bilo...eve i pred malku mi pravea ctg i sega pa bilo vo red no duri i kontrakcii se javile a jas ne osekam nisto.... mi najvaija utre ke mi stavile provokacii i neznam valjda me podgotvuvaat za poragaj...navistina sum zbuneta...nekoj so slicni iskistva?? Za kolku vreme po provokackiite fakaaf bolkite kako odi toj proces?? I neli e rano vo 38nedela za provokacii???? Navistina sum zbuneta...
Кај мене така се цедеше една недела скоро пред пораѓај Ако отвориш породилно пред термин е на товар на ФЗОМ,но не ти се исплаќа веднаш туку откако ќе се породиш и откако ќе извадиш извод на бебето. Не знам дали има рок, ние го чекавме изводот 3 недели,па поднесовме, тоа беше некаде 20 дена од породување. Инаку после некој ден од породување мм беше кај матичниот гинеколог за документи,отиде и кај мене на работа ги завери и кога излезе изводот ги однесе во фонд. После носењето во фонд по 7 дена ми пуштија една плата (имав отворено 45 дена пред термин) а после 3 дена и другата (првата за породилно). Си носевме сами документи за да убрзаме процедура,ако оди преку фирма повеќе се чека. Јоки може имала врски или ризична бременост. За ГАК изјавија дека примаат само пациентки со ризична бременост и со корона вирус. Утрогестанот е поддршка на бременоста. Го примав скоро цела бременост,доколку на ехо било се ок не се плаши,би требало да е во ред. Грлото ти е супер за таа недела,дали ти го прегледаа со рака?
Утрогестанот е поддршка на бременоста. Го примав скоро цела бременост,доколку на ехо било се ок не се плаши,би требало да е во ред. Грлото ти е супер за таа недела,дали ти го прегледаа со рака?[/QUOTE] Ти благодарам на одговорот. Не,со рака не ми го прегледаа. При вагиналниот преглед само констатираа дека е во ред должината и дека е затворено...
Уште несум мила. Се спремам за кај докторот еве, но кога станав осетив нешто како кога ќе ми дојде циклус ми се слизна нешто, отидов во тоалет и гледам на влошката исцедок лигав нема крв но таква чудна боја како зеленкаста темно, не е ниту она кафеава. Да не е ова чепот? Немам болки, ме пресече само стомакот кога станав и толку.
Би требало да е по тоа што сум читала тука. Ајде може си почнала да се отвараш. Со лесно како и да е, па пиши кога ќе можеш.
Јас на крај 39 недела имав така,крв во парталчиња, или како розе вино...ми викаа тоа матката почнува малку да се отвора. Ме примија во болница ич не отворена, па што знам како крвареше 4-5 дена а неотворено...додека се пораѓав при секој грч си течеше крв. На крај кога заврши пораѓајит една сестра и рече на другата зошто толку крв, и таа одговори секој грч секое отварање матката крвареше. Ете, којзнае
Не се плаши, јас со провокација бев, ништо комплицирано. Кај мене беше окситоцин, тоа е како инфузија и си капе во раката низ цел пораѓај. За саат време почнуваат контракциите, си лежиш и си дишеш Тие ја контролираат дозата и со тоа брзината на пораѓајот. На средина на пораѓај ми беше ладно, ми рекоа ајде ќе исклучиме окситоцин, иди истуширај се, и така и се орворив побрзо. Кога го исклучија имав мали грчеви.
Феминки сабајле повторно ми се јави докторот и ми рече да се спремам и да одам кај него...Беше загрижен бидејќи понеделникот му кажував исто на телефон дека имам болки... Бебето е супер, 10 недела , се развива добро, ми рече многу убаво ќе било... Сега можам да си продолжам со терапија и да го чекам скринингот за точно две недели...Денес пак ќе ѕвонам во Систина да видам дали е излезен распоредот... Инаку докторот кога ме гледаше на ехо ми рече кога ќе се породам ќе ме ставел малку на диета...Искрено да ви кажам не знам зошто ми кажа така, јас моментално немам многу вишок килограми освен на стомакот што имам можда малку масни наслаги ама висока сум и не ми се познава... Како и да е, мојов доктор направи уште подобро мислење да имам за него после овие постапки негови...