Мене и првата бременост со синчето исто вака главично се сврти негде во 7 месец ,ама пред пораѓај па се качи високо горе . За скриен шеќер мислите ради големината на бебето да проверам ли ? Пошто го прашав докторов во систина и се јавив и на матичната и двајцата ми рекоа дека нема потреба да проверувам скриен шеќер ,матичната ми рече дека нормална е големината на бебе има отстапки 100 до 200 гр во секои мерки .
Jas bev koga bev 26+3 Sinko Tezese 980 gr. I jas se zasudiv,doktorkata vika ova genetski e. Jas sum rodena 4400 sestra mi 4200 i toa prirodno dvete.Ete jas sum se metnala na majka hehehe
Мислам дека си е таман тежината за неделите, минатата недела и јас бев 28ма недела кога имав преглед, бебето го измерија 994г ми рекоа дека тежината е супер за неделите (со толеранција нели од 100тина грама), за два дена после прегледот проверив скриен шеќер и тој беше сосема во граници, така да мислам дека немаш простор за грижа, гали меше и уживај си во бременоста Бебе и кај мене е завртено со главата надолу, всушност цело време е така, докторката што ме прегледуваше рече има уште простор за вртење, но јас се надевам дека ќе си остане вака
Дали пиете калциум таблети? Вчера се слушнав со стоматологот и ми кажа да земам цитрус биофлаваноиди од HealthAid. Ми кажа дека сега можно е да имам проблеми со забите и да ми се расипат бидејќи бебето влече витамини од мене. За такви работи давале Флуонатрил, ама тој како стоматолог не можел да ме тера да земам ништо без консултација со гинеколог. Кои витамини да ги земам за заби? Цитрус биофлаваноидите ги пијам веќе го имав прашано гинекологот за тоа. Ми рече слободно и калциум да земам. Не знам дали е доволно, многу се плашам за забите, имам преубави заби не сакам да си имам проблеми, а гинекологот ништо во врска со тоа ме нема советувано. Јас преку исхраната не внесувам се што треба бидејќи сум алергична на здрава храна, претежно месо јадам за да не бидам гладна. Овошје и зеленчук скоро ништо не можам, само цитрусни овошја можам да конзумирам преку цедени сокови, од се друго повраќам (вака сум цел живот, не само во бременост) .
Има сируп калциум глуконат само може за мали деца и возрасни е незнам за трудници да прочиташ упаството.И најдобри како таблетки се калциум цитрат ги има на повеќе фирми.Флуонатрил е калциум и флуор во состав но кај нас го нема многу одамна.
Јас кога ја прашав мојата матична рече се' имало во Фемибион 2, порано давале некои за заби ама сега веќе не, а калциумот ми бил и доволен преку храна (млеко и сл). Мене тоа ми се виде многу несериозно од нејзина страна бидејќи Фемибион не содржи калциум и пак не ми кажа совет околу нешто за забите...И јас така оставив па досега не земав ништо...
На почетокот имав 3-4 пати идцедок и ми даде гинеколог утрогестан навечер вагинално. Пред 1 недела бев на преглед вика хематомот го нема кризата помина, но еве денес пак нежно розе имам на бришење, а 14недела сум. Утрогестан уште ставам. Многу се плашам, утре ќе го барам докторот.
Калциум земам Идеос, со Д3 е, се лиже. Трансфузиологот ми рече двапати неделно да земам, а особено и затоа што боцкам Фраксипарини уште од крај на август. Кога проверив калциум, во нормала ми беше. Сега ми рекоа трипати неделно да го земам при крајов. И јас имам убави заби и никаков проблем немам со забите во бременост.
Стварно не знам што да пијам. Спирулина пијат цела фамилија и од денес и јас почнав, пишува 8-10 таблети, јас по 3 ќе земам. И они не се замараат затоа така ти кажала. Јас го прашав на почеток уште и он ми рече или Фемибион или Премама дуо да земам, во консултација со друг гинеколог не го послушав и земав pregnacare plus. Во споредба со другите pregnacare содржат многу повеќе видови витамини и минерали и тоа и во поголеми количини. Малку скапи се 950 мислам за 28 дена, но навистина се добри. До пред некој ден ги пиев, сега секаде барав немале, и земав pregnazon complete. Ама се исплашив за забите и се мислам дека не внесувам доволно витамини, утре ќе одам во некоја аптека ќе прашам што смеам да земам и ќе почнам и калциум и што друго ќе ми препорачаат. Цитрус Биофлаваноидите пред 1 год ме спасија, имав страшен гингивитис за кој постоеше ризик да премине во парадентоза, се испостави дека сето тоа е резултат на недостаток на витамини, бидејќи темелно ги миев забите, редовно чистев забен камен и се си правев како што треба. Замислувам само тогаш кога не бев бремена а ми фалеле витамини, како ли е сега кога бебето влече од мене?
Има во еурофарм на фирмата џејмисон калциум +витамин д по 1 дневно може и витамин ц ама ти веќе пиеш цитрус биофлавоноиди така да нема потреба од витамин ц.
Девојки два дена бебчето си мрда многу онака дури ми е чудно зошто го осекам многу ниско околу јајници околу матката дали е нормално толку ниско да го осеќам?? Иначе 20недела сум
Јас од почеток така ниско го осеќам, во почетокот бев уплашена да не го носам долу ниско или да не ми е скратено грлото на матката, но се си е нормално, се беше во ред на секој преглед, како расте бебето така почнав да го чувствувам секаде зависи каква положба ќе заземе внатре. Сепак ако не ти измериле должина на грло на матка, на нареден преглед побарај, да си бидеш раат
Исто осеќам удари доста ниско, дури непријатно некако. На скринингот го прашав Димчев ми рече во ред е се нозете и се таму. Кога ми мереше цервикс, на ехото се виде и нога баш ми рече ете затоа осеќаш ниско удари.
@Anetaoh @Thallia @Rainbowbaby фала ви многу За една недела сум на втор скрининг па ќе му речам да измерат цервикс да си бидам мирна..
Девојки мислење за цтг-во ? Овде кај што има контракција 100 сестрата ми рече да се свртам на страна и дали сум јадена изгледа бебе нанаше тогаш ,ваше мислење ? Абер неам , др рече ок е и за 5-7 дена ново цтг а во извештајот цтг реактивен , ама ај вие поискусниве ваше искуство
Несум породена уште. Во болница сум, ме задржаа заради поминати 2 недели од термин и поради зелениот исцедок од утрово. Ми направија преглед , цтг 2 пати, како демек да видат дали провокација или царски. Но од 20 h некаде почнаа некои болки и крвав исцедок, ми направија вагинален преглед и рекоа 1цм сум отворена. Еве сега ќе ми прават пак цтг а болките ги има пак на 10-15мин по една така силна болка па престанува. Се надевам ќе поминам природно и ќе бидеме добро со бебе.