Јас си побарав да ми измери бидејќи месец дена сигурно нема да одам на контрола кај матичната, па да не ми е на мисла.
Инаку он сам не побара? Мене @Среќичка ми мереа во 17та недела , мислам 34 ми беше ( ако сум прочитала на извештајот добро) знам ми рече гинекологот да не се секирам оти бил одличен . Па сега вака недепилирана а со мев , не си ја гледам, не знам колку ќе си ја фатам да си ја издепилирам.
Ми изгледа на мирно, 100ката кажа ти од што била. Ти кажаа од што е зелениот исцедок? Ти пуштија провокација? Со лесно
Значи цел живот се депилирам, поготово интима нежожам да замислам брич..ама дојде и тој ден Драми, сама се смеев пред огледало па после жал ми падна за сама себе, како безпомошна се чувствував ..уште маж ми ме зеза ако заглавиш викни ( сериозен беше дека прифаќа да ми помогне ) ама некако не сакам да си го дозволам тоа, го чувам џокерот за сечење нокти на нозе Инаку и мене во 18та ми беше цервикс 36 се сеќавам тука некаде бевме.. а сега во 22ра ми измери 33..рече дека е океј ми даде утрогестан од 200 вагинално превентивно.
Се сомнева на заматена плодова вода но не ми проверија. Не ми пуштија ништо, сами ми се јавија болкиве после исцедокот. Боли...
Ајдее женка, ќе биде вечер редно е ... биди јака, истрајна со тебе сме, тука сме. Каде се пораѓаш или не си во мк?
Хм... Не знам. Ќе си ја средам, ама ја брич неам, нема да купувам, шеќерна ќе си направам и ќе ја истегнам некако. Тоа ми е најпаметно. Како така нема да идам страшна скроз.
И јас сакав да искоментирам дека ме асоцира на заматена,тоа зеленото не би требало да се појави, чепот може да е жолт,розев,црвен,кафен исцедок. Но не се грижи,веќе си таму,процесот е почнат...за болење ќе боли,не можам да те лажам дека нема, ама доброто е што се гледа крајот и да знаеш дека штом излезе бебето магично исчезнуваат болките,да не прашуваш како мене : а ќе боли уште Мене ми беше грешка што очекував болки како менструални,си викав немам гајле Не знам во која болница си,ама кога ќе ти станат појаки болките барај да те прегледаат,можеби повеќе ќе си отворена и ќе ти помогнат да се доотвориш,да не се мачиш а сега ноќна смена,ќе се спремаат веќе за спиење. Јас кога се пораѓав планот им беше во 00 да пуштат цтг кај сите во родилна па сабајле во 6. Ама си ги довикав сама. Водењак не ти пукаат?
Во Чаир Во Чаир сум. Заврши сега цтг то, има болки но вика не се силни, а мене ме боли многу Почнаа како менструални да ама се поболни доаѓаат и тоа како.. . Водењакот не ми го пукнаа, ништо не ми кажуваат
@srce-9 Само со позитивна мисла и со лесно! Не е важно како ќе испадне бебка важно е да сте добро вие!