Не знам дали веќе се олесни ама да ти кажам другарка што ме советуваше баш она раѓаше во Чаир. Кога имаш болки да шеташ. Така најлесно се трпеле и дишење длабоко и правилно. Исто, чувај си ја силата за напони. Ајде издржи и те чекаме да пишеш.
Дечки, морам сега вака да си се пожалам и да си го кажам мојот страв.Како што се ближи пораѓајов, така мене се' поголем страв ме фаќа. Знам дека не сум ни прва ни последна, се' ми е јасно. Ама таква сум по природа-плашлива. Еве се решив да одам на државно во мојот град, го најдов и докторот па ќе видиме. Стравов ми е, како и дали ќе ги издржам болките (бидејќи менструални богами тешко ги издржував, штом ќе сетев и најмал вртеж, јас одма пиев аналгин кој ми помагаше (а на времето и кетонал)). Се плашам да не се онесвестам нешто (можеби звучи глупаво).Знам дека секоја трудница се соочува со одреден страв, некои другарки многу ме тешат дека во тој момент Бог дава сила да издржиме.Се плашам од неизвесноста и дека ова ми е прва бременост... Од тоа што следи после не ми е толку страв (како на пример како ќе се снајдувам со бебче, само се' да е ок, во тој дел мислам ќе се справам и тоа не ме загружува многу). Мене самиов чин пораѓај толку многу ме плаши, не знам. Се трудам да сум позитивна, дека после тоа ќе го видам најслаткото и најсаканото нешто во мојот живот.Исто ме загрижува периодов со полицискиве часови, што ако нешто хитно затреба а се' е затворено....Можеби сето ова се глупости кои ги мислам.... Ама сепак....Се извинувам вака ако постов е малку негативен, ама сакав да го споделам тоа со вас.
Со тебе сум, и јас се плашам. Дури добив чувство дека брзо ќе бидне работата. Ич не сум мирна овие 2-3 дена, не можам ни да спијам. За полицискиот час не се секирај, можеш да излезеш за потреба како аптека, болница. За пораѓајот не знам. Фати врски, плати ако треба, почасти ги сестрите и слушај ги. Па мислам дека од се што прочитав и слушнав најважна е комуникацијата со персоналот. Не знам како да те утешам освен дека не си сама
Едвај тие 3цм отворена, ме ѕирнаа вагинално, Ја прашав сестрата природно иламли шанси да се отворам и да се породам без провокација или царски и рече епа да бе ти си почнала да се отвараш веќе ама ќе трае прво дете ми било. Ама боли многу, имали шанси да не се отворам до 10 цм само да се измачам и на крај пак да завршам на царски?
И јас бев со кетонали,ефридоли на секоја менструација пред да останам бремена,ама кога дојдоа болките во ниту еден момент не побарав лек, зошто тогаш само размислував на бебето и не сакав да ну наштетам. Кога доаѓаат болките самото тело ти дава насоки што да правиш,ете јас не знаев дека е полесно шетајќи,ама во тие моменти не можев да лежам и станува шетав,правев тоа што ми олеснуваше малце. Како и да е,најголемите болки ги осетив во моментот на раѓање,што е нормално бебе ја напушта мама,а веднаш потоа олеснување и нема болки. Да видиш кога ќе ти речат земи сила и напни ќе го угушиш бебето,како мислиш на бебето,а не на болките Немој да се плашиш,нормален процес е тоа,сите мајки низ тоа поминале,наместо тоа размислувај како ќе гушкаш полни раце љубов,бебе кое по 5 месеци ќе плаче ако не си му на видик,баш ти-мама За полицискиов час не се грижи, сигурно ако ти треба здравствена грижа нема да те вратат назад,а за се друго побезбедно е да седиш дома
Мене не ми е страв од пораѓајот мене ми е страв од короната Болките се сигурно многу болни ама размислувам позитивно за тие болки оти тие бебе ќе ми донесат и мислам дека женското тело е створено за тие болки. Ја кога ќе се пораѓам пример ќе ми биде мачката моја , душичка , колку беше силна кога се пораѓаше, кога тоа беспомошно животинче може да роди 4 5 мачиња можеме и ние! силни сме
Па сигурно има шанси за се. Оди кај сестрата и прашај ја што да правиш за да се отвориш побрзо. Кажи не знам што правам, ме боли многу, ми треба помош дај ми некој совет. Може ќе се смилува и нема да те остави.
Страв од породување имам и јас , др ми рече ке пробаме со провокации ама некако ептен сум прла јас , а времево се ближи ,синоќа ме болеше половинава и како менструални болки ама не беа мн силни , уф не знам малце сум исплашена бидејки сум пиела кардиопирин а никој не ми напомена да го прекинам и триста филмови ми се вртат во главава , па и ова со коронава не докрајчи а мене термин ми е 22.04 но само силна верба и се ке биде како треба , ***
Верувај не си единствена. Истото го мислам и јас како тебе, и јас на менструална болка сум пиела кетонали и сум колабирала од болка, и сум коркач невиден. Ако нешто ме плаши е баш самото породување и како ќе го издржам. Но, си викам, сите жени издржаа па се надевам и јас. И ќе молам претходно ако може за епидурал, ама дали ќе ми биде исполнета желбата не знам. А мислам треба да се дозволи, баш поради тоа дека се големи болките и да не се исцрпи мајката.
Арно ти кажала Плус и со двете раце да се масираш силно кај половината @0ли @LadyC Како сте женички до кај стасавте
Како си ме трефнала. Денес е Д деј за нова недела. 23 та почнувам. Вие како сте? Растете? Како се понаша снајка со малата? Има љубомора или помага лепотицата? Те гушкаме
Аиии уште малце, леле се сеќавам кога дојде на почетокот кога кажа ,а сега колку поминало Време љетив индид Со лесно само да ти е Јас збесната, децата уште толку, оваа ситуација не збрлаве , секој ден се молам да помине шо побрзо, со помалку заболени, како во затвор сме. Ама стегам заби, тоа е . Одмарај ти кулирај, пак ќе ве посетам тука
Богами летна времево, отиде, уште малку остана, не ми се верува. Одмарам, дома сум, нема мрдање освен за контроли. Ќе истуркаме. Седете, чувајте се, ќе помине и ова. Пак да ни дојдеш! Фала што помисли на нас
Ете кај секој различно , јас зс жал пиев до 37+2 па ке видиме како ке биде никој не ми кажа да прекинам, може и грешка моја бидејки во мојот град нема трансфузиолози а од гинеколозиве никој не ми рече дс го прекинам, а ивф др квалитетно ме искара зашто не сум прашала кај него но не можам да вратам назад ништо остснува да се молам само , моментално сум 38+1 белки добро е што има поминато недела дена , веројатно поради породувањето што следи , сега боцкам само клексан и бидејки сакам царски ке видиме кога ке треба да се прекине , обично викаат 48 часа пред царски , леле Оли и ти си веке при крај а како вчера да ја соопшти убавата вест со лесно дс ни биде до крај, се трудам да бидам позитивна бидејки мн се исплашив да не искрварам или слично , што се не поминав додека дојдов до овде се надевам дедо Боже ке не награди на крајов , ке си гушкаме бебчиња ***