Со лесно и тебе душо Клоца ли малиот Ние арни,секој ден истото го правам, само времето е различно Се прилагодувам според децата Да помага баш не, мала е не разбира баш, акои речам донеси влажни, или пелени носи На почетокот имаше повеќе љубомора, сеа не ја регистрира. Воа цица, ја и пеам нејзе песнички, или животни сака, па ѓи учиме кое шо прави Иначе збрлавевме дома какои сите верувам Гушки назад
@Milicka* Немој да си правиш сега стрес за апчињата, важно една недела помина откако прекина да ги пиеш. Нема да искрвавиш, будалче, не се оптеретувај со тоа. И за Клексанот ќе ти кажат, а и да не се поминати 48 часа, си знаат како треба. Опушти се, диши. Дојдовме дотука, уште малку остана и ќе си ги запознаеме јуначињата наши, па кога ќе удриме само на гушкање... Мераци
Многу е помирно ова за разлика од Константин, ама шутка, те десно доле кај јајник, па шета горе десно кај папокот. Ама си има кога. Пр кога е гладно, кога е среќно оти најадено, така без причина поретко. Ова ќе биде умно на мајка.
Кога ве читам, си велам "колку сте ми далеку"а како само брзо минува времето. Оли како некња да беше кога пишуваше за првиот скрининг Лејди мирно, мирно ама не се знае Со лесно да ви е, со мерак ве читам
Како се справувате со грчеви во мускулите? Почнаа од вчера во спиење да ми се прават. Можно е од магнезиумот да е, баш од вчера го почнав
Од магнезиумот сигурно не е, баш за таа намена се користи тој, да се ублажат грчеви и болки. Попиј го малку па ќе видиш, сигурно ќе имаш резултати. Туку, да ве прашам, откога ми почна 7ми месец, апетит 0 а апликацијава ми вели да вметнам уште една нутритивна закуска, дека бебе сега интензивно добива на маса. Ама како, ова нормалново со сила го јадам. Ајде може период е ќе помине. Има некоја вака?
Баш и спомнав на Кацарска кога бев тука како тебе дека имам грчеви, ми рече не магнезиум, туку калциум дека ми фали. Земав и еве ни сега во 6ти месец немам...
Со првото исто вака имав, ама не пиев ништо тогаш. Ќе зеам и јас тоа. Гадно е, се будиш од сон од шо многу боли
Јас, кревам два прста \/ Во последно време која и да праша нешто, се пријавувам дека и јас го имам истото Од почеток на бременост ми е апетитот 0, сосила јадам цела бременост. Додај јаткасти на пример, грицкај непечени бадеми, лешници, микс некој направи си.
Фала ти Оли. Хаха мене на почеток така ме маваше на психа дека од лошење не се хранев убаво, сега пак од немање апетит. А демек си оставив место за последниве месеци да качам килажа, ама некако тешко ми оди
И јас мислев дека ќе качам килажа последниве месеци, но скриениот шеќер дополнително ме спречи. Од почеток на бременост само 2 кг имам качено. Прво се секирав, но на секој преглед бебето го мерат и си се развива како што треба, качува по 200 гр неделно, па не се замарам што не качувам јас. Мислев да не ми ослабне крвта, нели си влече повеќе, но секој месец и крвната слика ми е топ и се опуштив.
Пиете ли магнезиум во 9ти месец? Како да прочитав дека не треба, веќе 2 недели се немам напиено (снемав и заборавам да му нарачам на мм да ми купи), а почнувам да осеќам некоја слабост во телото најмногу во рацете. Не знам дали е до тоа ама ич немам енергија. Уморна станувам од кревет.
Пиј си го, нема никаков контраефект. До последен ден го поев во двете бремености, неможев да издржам од грчеви.
Баш сега на последниов преглед ја прашав матичната, рече нема гајле да го пијам. А овде имав читано дека некои девојки го прекинуваа во одредена недела...Јас си викам да го пијам (кесички директ земам што се на алкалоид Магнезиум 400, само едно навечер пред спиење).
Чиста вистина. И лик и карактер, дури и мм си кажува дека "ептен мирен бил". А оне тој што се арно вика на тато, се неарно на мама, нели така беше.
Тие поискусните, од кога почнете да се отварате, еден прст отворено, за колку време од прилика почнат вистинските болки? Знам дека е индивидуално ама ме интересираат ваши искуства Бев на контрола денес и ми кажаа се што како ама дека прв пат, неискусна и страв уште повеќе ме фати