Јас во 39 недела сум се отворила два прста, појма немав. Кај секоја жена е различно, може да се отвора 2 неделк пред пораѓај, на сам пораѓај, и така натаму
Јас во првата бременост болки ме фатија вечерта во 18 часот, и се интезивираа, во 23 станаа неиздржливи, отидив во болница, цтг мирно јас ни прст отворена, ме примија поради надминат термин, имав болки цела вечер и сабајлето во 8 бев 9 прсти отворена. Пред тоа абер немав од болки мислев вечно трудна дека ќе бидам. Се во една вечер завршив
Денеска бев за брис, уште на врата во здраствениот дом мерат температура и има средство за дезинфекција. немаше ич гужва, задоволна бев од мерките, и кај матичната немаше гужва, само јас бев , сега да се добри резултатите се надевам, со маска бев си носев и средство за дезинфекција . морав да прошетам да докупам за бебо влегов во 3 -4 продавници, докупив се. немаше гужва по продавниците - самоо јас хаха и по улици одев кај шо нема гужва. и си дојдов дома одма нафрлав се за перење и ја влегов да се бањам . и со добра мисла само терам, добро ми дојде ова испаѓање од дома, од 27 февруари до денес само 3 пати сум излезена - што убаво било Сакав да прашам за мерките од ехо. што ги прават колку се точни со родилната тежина на бебето? дали се совпаѓаат? во вторникот бев чаир ама не го прашав докторот колку тежи бебето, рече таман си е за неделата. денеска матичната морало да ме гледа на ехо - (Да земе некој денар, и кажав дека ме гледаа чаир) и го мереше 3100 36+1 сум денес. а во 34 полна беше 2408. и се збунив вика она до крај 4 кила ќе биде а ти си ситна ќе мораш царски. Ќе биде буце изгледа ако се точни мерките
Е ај сега додека го добијам др ептен се испаничив , двсјца др ми рекоа да поновам цтг бебето е поспано , шо би можело тоа да значи ? Уф зарем мора вакви стресови на крај сега
Дека е во ред , ама мене ме плаши тоа што бебе до 36 та недела беше во ред , а сега велат дека е 10 дена поназад цела сум прашалници , може не се храни како треба
Па оди тогаш на лекар ако мислиш дека нешто не е во ред. А го осеќаш ли бебето дека викаш поспано било?
Да баш сега го осекам си мрда си претка , сепак сабајле ке отидам во систина за мирна глава ме виде и на ехо др рече дека протоци се во ред , не знам што да кажам , да се смирам само
Јас не би паничела ако го осеќам. Тогаш знам дека се е во ред И да не се храни како што треба ќе ти каже докторот и ќе се преземе нешто. Секако ти си знаеш најдобро.
Да прашам дали некој има сега ова недела закажано во Систина скрининг, јас се јавив она сабота за датум за 21ви Април сеуште немаа термини, ми кажаа ќе ми се јават но уште ништо .
Можда е глупо прашањето ама морам да прашам, вечерва и се истури алкохол на стомакот на папокот, ми беше откриен зашо го мачкав со крем и сакав да дезинфицирам некој ствари и ми се лизна малку алкохол на стомак накај папокот... Дали се впива, пренесува на бебе преку папок? Можда е глупо прашањето ама мнпгу се вознемирив...
Мамички јас се породив дури во 23 часот. Имав ужасни болки но ппмина се, стварно вредело кога ќе го видиш тоа мало ангелче кое растело во тебе.
Според моиве пресметки и она како закажуваат, накај средината на следната недела ќе имаат термини за 21 април. @srce-9 Честитки, големо да расте!
Баш сега утрово кога се вклучив си реков до кај е женскава Честитки, големо да расти и да ве радува а тебе мајка побрзо закрепнување