Затоа и моево е послушно, нејќе да излезе во карантин си седи уште Нека се живи и здрави, може трета среќа ќе ти биде девојче Мене сега првото ми е машко а за второ би сакала девојченце
Во принцип никакви лакови/гелови не се дозволени. Ако треба анестезија по бојата на ноктите се водат дали се е ок или не. За тебе е добро да немаш ништо, не дали ќе ти дозволат или не.
Мене мешето ми се спушти скроз доле, мислам ќе испадне секој момент , не верувам дека ќе терам до крај, така се осеќам, па ќе видиме кога ќе сака прцла да испадне.
29+2 сум со скратен цервикс. Лежам веќе 2 и пол недели. Досега сум немала болки никакви и сега и од најмала болка ми е страв. Денес понекогаш во десниот јајник како со игла да ме боцка, а и кичмата ме поднаболува ама слаби болки се. Се надевам нормални се овие лесни болки во бременост. Понекогаш ми се здрвува стомакот на некое место ама 2-3 секунди трае, некогаш откако ќе се чепнам за стомак тогаш се здрвува, не знам дали е бебушот одвнатре ме поздравува
Ајде немаш уште многу,читај си книги,филмчиња,јас со правата бременост цели 35 недели ги прележав и те разбирам ама барај си некој занимации да не мислиш на едно исто.
Ме интересира ако можеш да ми кажеш колку ти е цервиксот и дали треба строго да мируваш? Примаш некаква терапија? Со лесно...
За жал 10мм, пред една недела беше 16мм, многу брзо ми се скрати. Случајно на редовен преглед примети докторот дека многу ниско беше, инаку претходно 17 недела >5цм ми беше. Лежам, само до вц и на контрола. Утрогестан 3х200, магнезиум 2х300, завчера прв пат и прогестерон депо примив и антибиотик еритромицин.
Здраво јас сум веке со надминат термин 41 ва недела од синојка навака како на ми тече доле лигаво жолтеникаво нешто како мрсули лигав густ..(извинете на вакво објаснување) но нема никаде крв или слично дали е тоа "чепот" ? Или .. Фала многу
Па може да е не мора да има крв.. исто беше и кај мене без крв само така баш како што го опиша густ Ајде со лесно
И после колку време доби болки веќе само тоа се молам болки да ме фатат едвај чекам убаво ми е вака со Мешков ама и Мака ми е веќе
Уште памтам четврток бев на контрола бев 2 прста отворена и вечерта почна да ми паѓа чепот а се породив недела.. ајде блиску си знам дека едвај чекаш ама кај и да е ќе биде