Феминки, моево закажување на скрининг во Систина стана веќе легендарно. Терам 11-та недела, денес се јавив пак и им викам за следната недела дека треба и ми рекоа дека немало уште термини за следна недела... Истово ми го кажуваат веќе 3 ипол недели и што е најтрагично не се 100% сигурни дали доктор Гордана ќе биде тогаш на работа... Ми рекоа да ми закажеле сега за во четврток, имало термин ама не смеам без дозвола на матичниот да одам така...
Дали некоја прима витамин Д? Примав Вигантол, веќе ми завршуваат, а дефицитарни се по аптеките. Вие кои примате од кои сте задоволни?
Хахаха баш, а и како што сме нетрпеливи и двете интересно ќе биде Види ги другите колку мирно си седат
Не треба да се внесува калциум како суплемент, доволно е преку hranа؛ Vака бар ми каза гинекологот, исто поради окоскување на главчето؛ Не ги пиј подобро
Мислам безвезе си правиш притисок. Апсолутно можеш да одиш и во 11+ на прв скрининг. Не знам какви дозволи ти требаат од матичен, ама сите си закажуваме нас кога ни одговара. Секако, во рамки на периодот кога треба да се прави скрининг.
Јас бев пред една недела на скрининг кај д-р Гордана и истиот проблем го имав со закажување. Кажи им да ти запишат податоци и кога ќе има термини одма да те запишат. Јас сум малку изненадена од скринингот, бидејќи траеше цели 5 минути.
Јас правев прв скрининг во 12та кај матичната? Твојот матичен нели прави скрининзи? имаш време до 13та недела можеш. Пробај во ремедика или кај некој од матичниве вп градов плати си приватен преглед мислам можеше така
2 недели унапред закажав. Се надевам нема гужви оти има да кренам галама таму ако сме повеќе на едно место.
Имам проблеми со забите и ми е страв да не ми испаѓаат ко што им се десило на мајка ми и баба ми, а погоре прочитав пишуваа дека пиеле баш од овие причини. А сега, ти и другарка ми викате ова... Не знам што да правам, можеби подоцна смее да се пие. Ќе се консултирам и со гинекологот, фала ти за советот.
Некој да не е подобро запознаен, дали ова за искористување на одморот од 2020 до 30ти јуни 2020 важи и за нас трудниците, малку ми е двосмислено...?
Јас се слушнав со мојот газда,и ми кажа дека ќе ми го направи решението за 2020 до 30 јуни. Навистина не ми е проблем , добивам плата а цел месец не одам на работа. Породилното ќе го отворам точно на денот на пораѓај или ден пред тоа.
Толку траат скрининзите кај неа, на 15 минути ги закажуваат прегледите и затоа не ни може подолго да трае.
Мене првиот ми траеше сигурно 30мин кај матичната..тој нели е за даунов како успеа за 5мин да ти измери мерки? Т.е. ти кој скрининг го правеше? И што ти кажа за скринингот? Важи мене веќе ми тече 12 дена одмор
Јас работам и од дома, а баш летоска сигурно ќе ми биде потешко да одам на работа па подобро тогаш да го искористев, ама како кажат така ќе правиме.
Јас на почеток на бременост пиев цетиризин 10 дена,незнаев дека сум бремена еве сега сум 28 недела нема никаков проблем сите прегледи се е ок.