По 12 капки треба да пијам, мн ми идат. Ќе барам некои капсули со пдприлика 2000и.е. секако има сонце немора 3000 да внесувам
Морално ли е да се прави скрининг ако те прати матичниот, или тоа е ти како сакаш? Мене сеуште ми нема спомнато докторката ништо, а на моја пријателка и рекла да оди, а иста недела сме. Моментално сум 11+2, денес бев на преглед ми зема 4 брисеви и рече дека се е како што треба со плодот, се е нормално, одлично напредувало. И што е всушност скринингот, ако може да ми објасни некој?
Ниту приска не ти спомна? Конкретно, овој првиот скрининг е цитирам "Од 11. до 14. гестациска недела се прави првиот ултразвучен скрининг со кој се одредува ризикот на плодот од хромозомски аномалии. При тоа ултразвучно се детектираат одредени делови на плодот кои можат да укажат на овие аномалии, а тие најчесто по 14. недела исчезнуваат. Доколку го пропуштите овој преглед , понатаму нема да може да се детектира маркерот кој укажува за можно постоење на хромозомски болести (Даунов синдром), кои, за жал, се неизлечиви." Можеби измерила докторката нухален набор, но би требало и да те извести и информира.
И јас пијам по 6 капки вигантол, ама планирам на ендокринологот да и се јавам што ми ја препиша дозата да ми каже што да земам како замена.
Го правев првиот скрининг, што се прави во 12та недела, во Систина кај д-р Гордана. Ми кажа дека мерките се добри, нема потреба да се грижам за Даунов и тоа беше се. Ама еве како што читам и кај другите членки било истото искуство. Не можев да го правам кај мојот матичен бидејќи не прима пациенти.
И јас сум со зрела постелка од 3 степен...кај мене од 33 недела веќе беше 2/3 степен така ми пишала матичната во книшкава а сега сум веќе 37+5 и мене ме интересира до кога можи со оваа здрелост да издржи и да се храни бебето...Иначе и ние досега само курето го покажуваме лице никако а сме го чекале и по 15-20 мин на преглед да се заврти да го видиме ама не бре инат на татко му
Јас пијам и калциум и вит.Д. по препорака на доктор. Имам голем дефицит на вит. Д, и пијам по 6 капки Вигантол, а калциумот ми рече докторката дека мора да го пијам затоа што ставам клексани. Пијам Идеос од 400 мг. Секоја жена си е посебен случај, затоа најдобро е да се консултираш со доктор .
Колку ти е вит Д? И јас бев до дефицит, пред инвитрото во јануари првпат ми беше околу 50 витаминот Д. Инаку беше во немерливи вредности. Затоа ми се намалени дозите сега
Ова ми е резултатот од пред два месеца, сега немам проверено, но претпоставувам дека не е многу качен. Пред ин витрото пиев ампули и ми беше на горна граница, за време на ин витрото не пиев ништо, после скринингот во 12 недела кога проверив веке ми беше толку паднат. Не знам зошто толку опагја вредноста доколку не се внесува редовно.
Во Бети аптеките има Д3 на Протего, 2000ие околу 330 ден, 4000ие околу 440 ден, 60 капсули во кутија.
Пијам Д3 од Синерџи од 2000 IU, во кутијата има 30 апчиња. На долна граница ми беше витаминот кога бев околу 5-ти месец. Претходно пиев од 1000 IU, па тогаш ми зголеми ендокринологот на 2000 и ги зедов од Синерџи, имам позитивно искуство со нив од претходно.
Не ниту приска не ми спомна, А со пријателката сме кај истата матична, и затоа ми беше чудно зошто мене не ми рече да одам на скрининг. Само ми кажа се е во најдобар ред, се гледаме за еден месец. Па јас помислив дека на скрининг праќаат во случај ако приметат нешто да не е во ред со плодот, и сега сум во прашалници. Ама после ќе и ѕвонам да ја прашам.
Истиот почнав да го пијам пред 1 недела. Исто и јас заради забите, тресало невидено сум. 32+6 сум денеска, во аптека кажаа дека смеам.
Мешковци добро утро како сте ми? Мене секое утро ми е мачно сеуште повраќам ама фала богу веќе само утрински...и бебушот беше мн активен сабалје тоа барем ме усреќи
Не само притисок, ме болеше дури додека се измочам. Не е ништо за плашење @Fallen.Angel , држи си ја цигарата, ама не ја пали . Шо ќе ти се сега отрови, кога едно животче имаш во тебе
Уште и завлекувам незапалена цигара. а замисли на тераса одам, комшиите сите надвор. Сигурно си викаат што цигара ќе беше оваа 20 минути ја пуши. з
јакооо. Еј јас така ко мала се приправав, тетки-метки ко си игравме. Ако, прај си така, ако те замамува тоа
Јас бев вчера на ЦТГ и ми рекоа царски за следна недела меѓутоа немаше уште распоред за следна недела, така да барај ги деновиве ќе имаат.