Здраво на сите, имам прашање за тие што примате клексани. Дали во тековнава ситуација одите секој ден да ве боцкаат за да добиете потврда за примена ампуларна терапија за да после може да се поднесат документи за рефундација или има некоја друга процедура тековно?
И јас постојано сонувам посебно пред преглед и страшно се вознемирувам... Среќа што брзо го заборавам сонот
Девојки во бременоста ми се појавија дамки на лицето како пегички и многу ме нервираат. Да не знаете некоја крема што ги избелува за да ми се изгубат ?
Втора бременост ми е, првата заврши со киретажа пред 1 година, а веднаш потоа примив Рогам. Муабетот беше за оваа бременост сега, дека сум крварела на почетокот па можело антитела да се создале...што знам јас, и на мене не ми е баш јасно, кога еве бебе си расте. Утре ќе правам Кумбс па ќе видиме што ќе излезе и секако ќе го консултирам и другиот гинеколог каде што инаку одам.
Ух! Целосно те разбирам Зошто дозволуваат да се создава толку гужва? Мене надвор ме фаќа паника некој да помине блиску до мене, не па во чекална да седам со луѓе... Не пореметија со вирусов веќе
Буцко на мајка е супер. Само чудна реакција за полот од Димчев, као женско е, па машко е... Којзнае. Нека ми е здраво и живо само се е ок.
Хахаххахахаха леле колку ќе се смеам ако искочи женско на крај Сонце, нека си напредува и расте во меше, што и да е најмило ќе е! Ајде другарке ти олесна, заврши сега уживај
Сигурно измерила, јави и се да си бидеш мирна. Приска во државна не испитуваат мислам сега со состојбава, може затоа не спомнала...
Мамички што мислите за резултатот од д димерите дали се добри за 32 недела? И проверував крвна група не ми е јасно дали сум 0 позитив или негатив.На едното пишува позитив на другото негатив ме збуни навистина. П.с Сепак во Четврток ќе одам на контрола ќе направам консултација со Др
Vе читам за првиот скрининг и ме чуди како некои доктори истиот го прават за 5 или 15мин؛ Јас го правев кај матичниот траеше сигурно саат ипол затоа што мочниот меур беше празен и чекавме да се наполни؛ Не само носна коска, орган по орган гледаше, крвнин садови и што не؛ Искрено презадоволна и смирена си отидов затоа што беше мн посветена и се ми објануваше؛ Сега пак сум на контрола во 16н утре, и скрининг втор во 20؛
Денес добро поминав се е по принцип на врата ти мерат температура гужвата е разредена обично сите доаѓаат на терминот, само се ствара пред благајна гужва. Кај докторката бев околу 40 минути се убаво го гледаше бебето, се е океј добро напредува, за пораѓај ми рече за 1 месец да се јавам да закажам цтг па ќе почнат подготовките ако во случај се деси нешто да јавам во било кое време(пошто сум со скриен шеќер) , а претходно да ги направам брисевите кај матичниот и од самиот влез на 9ти ќе ме превземе Афродита. За мене ми рече царски дека ќе биде...
Фала ти на споделеното, само ако не е проблем да ми пишеш колку ти го наплатија третиот скрининг..чисто да се спремам ☺