Се сложувам дека не е ништо страшно, но лекарствата и тоа како влијаат на резултатите на крвната слика и посебно на мокрачата, таа е во контакт со сите отрови кои се исфрлаат од организмот, а присуството на лековите влијае на крајните резултати. Затоа, се препорачува прочистување на организмот пред вакви проверки(извесен период да не се примаат лекарства) или да ги предупредиш какви лекови пиеш и колку време. Сигурна сум дека и докторката ке ти потврди дека не е ништо страшно. Поздрав и се гледаме за некој месец во чаир
Хелоу мешиња. Веќе и тикериве не знам како да ги направам. Но, денес бев кај матичната и баш ја прашав според тоа како таа смета и другиот доктор кај кој што бев (тој што ќе ме пораѓа) ми рече понапредно е бебето за две недели. Е, сега матичната сепак ми рече според последна менстурација ќе си сметаме што значи последен термин на 21 јуни, ете така што значи денес сум 35 недела + 5 дена. Денес бев на последно ехо кај матичната па фала му на Бога мажево мое е добро расте 3 кг. е МАШАЛА. Има плодова вода добро е се. Последните брисеви се супер се е негативно. Крвта ми е поправена од минатиот пат. Почнав мед да јадам со ленено семе, пијам чај од коприва, фероглобин со витамин ц, мамавит и пијам магнезиум секој ден и добро ми е супер. Се спремаме за бебушко искречивме дома средивме се, плакарчето на бебуш стаса наместено е во детската негова. Мама оваа недела пере алишта и пегла. Па здравје наредна недела ќе го наместиме креветчето во спална. Торбицата за во болница веќе е спремна уште нешто да се докупи за мама за во болница и за бебуш, па ќе го чекаме мирно и спокојно денот Д. Времево се разубави сега, па вчера со мм си шеткавме, денес исто така ќе се прошеткаме. Супер се осеќам фала му на Бога сакам да се движам не можам да седам или лежам по цел ден. Таман од понеделникот сум на породилно, така што, имаме време за се. Имајте убав сончев ден мешиња.
Девојки,6месеца поминав со вас, кога бев во можност пишував,давав совети; кога не бев,само ве читав, ме расположувавте, ми дававте совети.. деновиве бев во гужва па заборавив да напишам дека родив син. Радоста е неизмерна и ви посакувам на сите што поскоро да ја доживеете. Сега ќе се префрлам на некоја друга тема за бебенца ама уште одвреме-навреме ќе ја посетувам и оваа,не се откажувам, бидејќи ми е многу ,многу мила И,едно безвезно прашање,дека бев навикната се да си прашувам овде. Ако некој е нешто неарен, некоја инфекција или не дај Боже рак, се познава ли дека нешто не е во ред кога се испитува крвна слика? Има ли промени? Логично е да има,ама сакав да прашам.Фала. Ве гушкам
Rusi Душо во право беше дека не е ништо страшно се слушнав со докторката денес и објаснив за урината што ми пишува вика штом не се два плусови не е ништо,тоа со аскорбинската киселина исто не е страшно се правело од премногу конзумирање на витамин Ц од лимони портокали,кога бев болна само тоа и јадев и она вика најверојатно од настинката си е тоа,фала ти сепак и да секако се гледаме во Чаир за некој месец тука сме си со термините ќе се си муабетиме таму поздравче
Само храбро мила, уште малку ти остана и ке си се гушкате со бебушот движи се колку што можеш повеќе тоа навистина помага, па пиши ни
Здраво мешиња како сте ми? Ние сме добро растеме од ден на ден, освен што мама ја боли грбот многу, но уште малку ќе издржиме. Нешто послабо ми пишувате на темава изгледа се спремате и шеткате на временцево. Па овие два дена и што е за шетање со дожд и грмотевици. Ние уште да купиме душече за бебуш и да го наместиме во креветчето и толку па да го чекаме денот Д. Па здравје со Господ напред уште 3 недели до последен термин. Оваа недела сум на цтг и на ехо во Чаир па ќе ве известам како сум поминала. Туку сакав да ве прашам нешто за оние мамички што се и оние што ќе бидат доколку знаат. Во Чаир давале спавачи, арно ама јас сакам и од дома да си носам моја спавача и пењоар, но немам па сакам да купам и тоа сакав да ве прашам дали знае некоја од вас од каде да купам така некоја посоодветна спавача со пењоар? Имајте убав ден мешиња и бидете поактивни на темава известувањете не како сте со бебуш.
ми помина терминот бев денеска кај докторот што ќе ме порага и ми рече дека немам доволно плодова вода а полки за порагање природно немам значи од болки ни б и ми рече дека че мора на царски а јас мн се плашам од операциии толку си сакав природно и ете сега кажете нешто утешетеме мн сум уплашена незнам што да правам
Нема да ти дозволат спавача да си носиш твоја а пењоарче може да ти донесе некој од после.Јас се породив во јануари во чаир.
Истата приказна и со мене,се убив од плачење кога ми кажа докторот дека ќе одиме на царски ама помина се и се се заборава.
Тука сме и ние, растеме, активни сме цело време, де лево де десно, почнавме да забележуваме рачиња, стапалца како тропкаат . Утре и малку да се видиме во живо, колку сме пораснале до сега и како напредуваме. Здравје јас од другата недела стартувам со шопинг. Читам во Скопје даваат ова она, кај нас даваат ама само список на работи што родилката треба да ги носи со себе на пораѓај(вклучувајќи спавача и пењоар). Ние сме супер, до сега одлични, мама нема никаков проблем, освен малку поголемо меше и некое килце плус, на што сме горди . Мешковци, уживајте во овие најубави периоди од животот, незаборавни, неописливи и неповторливи. Имајте убав ден...
Ме немаше долг период,но сме супер и имаме уште неполни два месеци до терминот.Убавата на мама ептен си е активна само си мрда де лево де десно,ама тоа е нешто убаво што не се опишува уште некако не ме фатило голема паника околу пораѓање (зашто сум голем коркач,за една крв кога давам цела ноќ не спијам) така да мислам дека треба да почнам психички да се спремам
И јас ова сакав да прашам....Каде да се купи некој поевтин пењоар со претпоставка дека нема баш да го користам после тоа, но ме интересира и дали има потреба од него во Чаир со оглед на тоа што не пуштаат посета?
Мамички и ние да се пријавиме супер сме си растеме како расте се повеќе мрда не застанува,мајкин убавец ние почнавме со свадби матури затоа не нема по 2 свадби во месец имаме се до октомври така,плус и дома реновираме уште некои работи па завршуваме и почнуваме со кречење па шопинг за бебушко тоа здравје нареден месец крај на јуни мора со време да се спремаме само здравје ќе биде се, и на сите Господ да ни дава леснина поздрав лепоти
Здраво мешиња и од нас Ние сме двете ок, ставив јас некое килце (2) плус но гледам да не се поправам премногу зошто глуждовите ме болат од тежината. Инаку да се пофалам количката и транспортерот се веќе купени а креветчето е дадено на фарбање, бидејки ке го користиме моето бебешко креветче Утре треба да одам на проверка за скриен шекер а во петок сме на контрола кај матичниот гинеколог. Во однос на отоците, ми се појавуваат ако се префорсирам со стоење на нога инаку немам проблем, а официјално си почнаа и киселините, ама што е тука е. Поздрав мешиња и се читаме
Мешковци може ли некоја од понапредните мешиња да ми каже од која до која недела се оди на 4Д скрининг. Одам денеска кај гин. за упат за крвна слика и коа он ми вика имаш ли 4Д направено?! Викам не и се чудам на муабетот зашто појма немам ни кога треба да се прави. Доста се напнав зашто прва бременост ми е и стварно појма немам што се треба да се прави а и он на претходниот преглед ништо не ми спомна а тогаш бев 18 недела. И уште сестрава ми вика чекај да видам кога има слободно на клиника и испага таму на крај на јуни а јас ко што разбрав (а може и не разбрав) 4Д то се правело до 24 недела. Јас во петок влагам во 23та и ме напна моментот дека не ми кажале ништо
здраво феминки, ме немасе некое време не сум написала нисто ама секој де. ве следам, и многу се . радувам за сите нови мамицки сто векје се олесниле. и јас векје не знам дали сум влезена во деветиот месец или кога кје го заврсам 36 недела кје влезам?инаку матицниот ми реце дека отсега секоја недела да одам на контрола и на цтг?инаку едвај цекам да се олеснам многу ми е теско со киселините не мозам никако да спијам само со три сати секој ден. и ево векје повекје од еден месец имам секој ден пролив со нисто не престанува вајлда нормално е тоа.синко многу мрда и немирен е клоца многу едвај цека да излезе и то. и јас едвај цекам да го запознам. инаку да ви казам искрено вас поцнав да с. пласам од породувањето поздрав
Драга и јас правев кај него на 23 и исто накај 30 31 ми кажа пак да одам не ми беше јасно зошто,кога се си е во ред тој вика пред да идеш да се пораѓаш да те видам,па терај и јас се загрижив ама незнам зошто така ни кажал што викаш ти ???може дека не ја водиме таму бременоста туку само најбитните прегледи одиме кај него поздрав
Neznam tigarce on mi rece deka se e dobro.jas vo sistina ke se poragjam i go prasav dali treba site naredni kontroli kaj niv da idam i togas mi rece nema potreba do 30 nedela da ides.Togas ke dojdes na uste eden skrining i ke se dogovorime za se ponatamu.Kako i da e ke odam za dve nedeli pak za da ne me jade sovesta zs ne sum bila
Одлично помината и оваа контрола, бебуш (неофицијално според мене) е 2040гр. одлично напредува и мрда ли мрда, не сакаше да го чепкаме, со мама е се ок, резултати одлични. Туку, ние 6 и повеќе месеци гледавме дека е девојче, денес ни кажаа дека ќе биде машко ( да не напоменувам претходниот месец кога бев на 4д и некултурниот и безобразен доктор не ми кажа какво е бебето само затоа што бев со упат, не му платив приватен преглед, за кој тој наплаќа 2500 ден), но сепак наредна контрола пак ќе се види, денес папочната врвца цело време му беше меѓу ножињата, ама докторката рече дека е машко. Мене ми е најважно да е здраво и право, со сите нишани што викаат стари, а полот нека биде изненадување, така решивме . Среќа што од наредната недела мислев да почнам со купување, на овие изненадувања знам дека има нема крај. Имајте убав ден мешковци, и уживајте!