Не знам дали само јас едвај чекам да се породам. Денес сум 33+0 и за 2 недели ми е следниот преглед. Некако неспособна се осеќам и ме боли цело тело, имам забрзано дишење и пребрзо се заморувам. Порано цела куќа чистев за 1 ден, сега една соба ако исчистам клапнувам.. Пред две недели кога бев матичниот ништо не сакаше да ми зборува за породување, ми рече да си седам на газот имало време, сакав само да ми препорача каде да се пораѓам, бидејќи тука не пораѓаат баш, плашливи се и веднаш родилките ги праќаат во Струмица. Едино ако е се нормално и природен пораѓај може да се нафати некој доктор. Сакам во Штип да се пораѓам бидејќи познавам 2 докторки и знам дека се спремни со се. Условите во болницата не се којзнае какви, ама ќе се издржи неколку дена. Кога му го кажав ова на матичниот ме погледна остро и ми рече да не мислам сега и дека тој не би ме праќал во Штип поради големиот број случаи на корона вирус..
Што се однесува на заморот и клапнувањето, не си сама Баш тој период (па и сега) и јас осеќав како срцево во одреден момент брзо ми зачукува, успевам на пример да изметам само една соба и одма морам да одморам. После поручек се осеќав како да сум трчала....Дома немам апарат за притисок , не мерам, па си се тешам дека е нормално оти имам читано кај многу членки е така во однос на заморот. Плус мешко тежи скрос долу, јас наутро имам повеќе сила да работам низ дома. После ручек веќе нема шанси, толку се подувам , ми затежнува стомаков, мислам ќе пукнам. Ама, пак ќе речам, се' е тоа нормално колку што имам читано и прашувано. И ова, кога ќе начекам некоја трудница на болница, сите дишиме како да сме трчале по скали
Јас имам апарат ама не знам да си мерам, не е дигитален,ја терам свекрвата одвреме навреме. Притисокот стандард ми е низок, а пулсот слаб. Свекрвата вели испрекинато чукање на срце слушала.
Не се плаши, сите одиме некаде, само заштити се убаво и кога ќе доаѓаш дома се за перење а ти истуширај се. Договорена си за пораѓај со докторот или ќе се договараш сега?
Девојки ми излезе малку како мрсул. Можно ли е да е чепот? Што следува после како да препознаам дали е сто посто тоа?
Јас сакам да прашам дали е некаков знак за пораѓај болки во кичмата на пола саат ми се јавуваат еве трет пат, и ептен слаби менструални?
Димери, хемостаза, крвна слика - овие се во пакетот и чини 2200. Добиваш и мислење од трансфузиологот. Им однесов и резултати што сум испитала на Трансфузиологија и на Имунологија за да има претстава докторот, а таму ме прашаа детали за бременоста, каква терапија примам и кои витамини ги пијам. Доплатив уште 300 за железо и шеќер и така си добив комплетна проверка. Нема гужви, на пола саат ги закаживаат пациентите.
Ве читам за Димчев, со првото бев кај него и буквално влеговме излеговме ни рече само се е ок. Сега сум кај Гордана Петреска, дури и лежев во Систина, докторкава преглед и трае 2 минути, и пишував на вибер дека сум хоспитализирана на игнор бев. Ремедика златна каде каде боље третман со пациенти.
Да се пријавам и јас. Денес бев на преглед, бебушка е сеуште со главата горе, газето долу и нозете од десна страна. Се надевам нема да биде инат и ќе се сврти на време Му кажав дека имам болки во кичмата и стомакот, кои се како менструални,од време на време. Ми препиша пак прогестерон депо, да се боцнам денес и наредна недела. Рече ќе се видиме следно во 34та недела
Не си прва што се жали од Петреска. Очигледно ја акнала слава у глава. Мене вака ми викаат за Кацарска, ама со тие што ги води е ЗЛАТО.
Не сакам да чујам за Петровска. Ме пораѓаше со првото, сега со второ почеток на бременост толку мк се испонаша, исто вибер не одговара, дури кога се јавив у централа дека нр можам да ја добијам да ме поврзат со неа, се јави. Не била должна госпожата да ми одговара, а она ми рече да ја барам. Барам сега друг доктор за пораѓај у Систина, па предложете
Јас лежев таму сите ги запознав. Абе по арогантни доктори не сум видела. Ем приватно, ем брдо пари плаќаш ем не те ферма. Др. Матеска беше баш стручна и по народна од другиве. Со лесно мила.