Добро утро мешиња Пиле си го видов, 2507 гр Плодова вода доволно, не е како минатиот пат поголема количината, плацента супер, е малку протоците беа намалени, па треба да следам движења, а вчера не ми беше премногу активен како што си знае да е. Според мерките си се развива како што треба, со месеци си тера исто темпо со тоа што е една недела понапредно. Со оглед на мојата ограничена исхрана, добро е што си се развива како што треба. Страв ми беше да се качам на вага, но вчера се мерев и пак сум 1 кг во минус. Од почеток на бременост досега сум во плус само 1 кг. Убаво кажав дека додека се породам, ќе стигнам на килажата со којашто ја започнав бременоста. Се осеќам убаво, само брзо се уморувам, но со паузи и со одмарање правам сè. Секој ден си пеглам по малку и се спремам, си ги мирисам неговите работи Си помина времето, се ближи нашата средба, едвај чекам да се сретнеме и да се гушкаме Денес 34+3.
Јас одам кај Корнелија во Систина.. На почеток др. Топ трпелива замерка никаква немав... Ми рече и мене на вибер ти сум достапна кога сакаш.. Па еве три пати и пишувам гледа, а не ми враќа резултати и сликам и праќам ни да кажи ок се или сознам таја не ми враќа .. Вчера брв кај Димчев за втор скрининг топ поминав се со душо како си како се осеќаш мн океј поминав... И сега и јас мислам да сменам др ама незнам кој да биди Димчев или Матевска.. Искуство
Јас немам многу искуство со систина ама очекував дека за тие пари третман на ниво би имала. Баш се разочарувам од докториве вака кога читам
Добро утро мешиња и за многу години да ни е празников, Велики Четврток! Бог да е со сите нас, со лесно да си поминеме на пораѓај и на свет да си донесиме здрави, прави и среќни бебушки Денес сум 37+4, бев на трето цтг. Не покажува некое којзнај какви контракции, гледам на две места до кај 30 се крева. Плацента 2 степен, плодова доволно. Денес си добив и вагинален преглед Др рече дека сега само со прсти проверува, грлото уште имало должина. Прегледот ми беше малку незгоден, така малку болен ама не беше страшно.Не бев баш опуштена, а и пак 9 месеци сум без односи После тоа имав малку бледо кафенко ама др рече дека од самиот преглед може да се јави. Бев решена да си идам пешки, да си попешачам барем, ама кога го видов тоа кафенкото а реков не, ќе си одам со такси Јас одма да испаничам, да не искрварам ццц Дома на бришење немав ништо, па ќе видиме. Така, па сега да се занимавам, ќе си вапцувам јајциња Поздрав
Каде одите за цтг? Во Чаир? Ми рекоа дека не требало упат, ама како закажувате тогаш? Јас сум крај на 37 недела, не знам што да правам, ако не отидам утре ќе треба да чекам до вторник.
Аман бе, што им е на докториве во Систина?! Јас не сум имала до сега проблем со Митко. Секогаш ми пишува, па дури и во недела ме прими кога му пишав дека имам позитивен тест. Инаку на визита кога идеа, кога се породив, никој не ми остави впечаток. Некако сите латентно заинтересирани. Арно Митко идеше секој ден, па тој ме следеше. Ирена Шуплиновска мислам беше, ми остави фин впечаток. Пријатна помлада докторка. Бојаџиев исто така-така, ама мислам си ги гледа своите пациентки. И не им се срамете, ако не ви одговорат пишете 100 пати, нив да им е незгодно што не пишуваат, а не вас што прашувате. Во ситуацијава мора малку повеќе разбирање да покажат, сепак не можеме баш за се на лекар да одиме.
И јас сум кај Гордана. Некогаш сум ептен задоволна, некогаш воопшто не сум задоволна. Искрено пет години сум по болници, и се навикнав веке на таквиот однос од страна на докторите. Многу доктори имам сменето, и можам да кажам ниту еден не е совршен. Нека видат дали е со во ред и нека дадат соодветна терапија, па со друго многу не се оптеретувам. Јас Гордана три пати ја имам барано на вибер. Двата пати веднаш ми одговори, ми даде совет што да правам, едниот пат ми одговори после извесно време, но бев баш упорна . Сега да сме искрени, и ние сакаме во моментот да добиеме одговор. Сепак и тие имат обврски и приватен живот. А, и не им сме единствен пациент. Од Систина др.Дракулески секогаш ми одговарал на пораки, за што и да го прашам и др.Јован Костадинов. Но, кај нив одев за други работи, не за водење бременост.
И јас се чудам кога читам. Барем периодов треба да се достапни. Затоа мојата докторка не ја менувам за ништо на свет. Се надевам нема да се смени.
Јас бев на преглед и сите што чекаа за цтг доаѓале после 13 часот помалку гужва . Амбулантите се до 13 часот а после има дежурен лекар и цтг.