Маж ми беше присутен за време на пораѓајот, он не сликаше со бебето, па додека ме шиеја од епизиотомијата му рекоа да излезе, потоа пак влезе додека лежев на бокс тие 2 часа и тогаш и се јавувавме телефонски. Кај мене беше присутен и педијатар и ми кажуваше од врата како да напнам и буткам и мислев дел од процедура е, случајно ли се погодило?
Еве јас на Гак пред 4 год немав никакви врски па го викнаа сопругот до врата надвор пред сала и да не речам во рок од петнаесет мин го виде и му кажаа,значи зависи и како ке налеташ ,немав врски имав тел у сала не сликав ама беше до мене додека ме шиеше ,и додека седев таму ми рекоа ај чепкај си тел значи немав никој сум имала срека
Јас на гак не одам поради други трауматични периоди од мојот живот. Едноставно не можам да го погледнам. Инаку дека секаде има идиоти или супер доктори - секаде има. Ја да би бирала државно би го одбрала Чаир баш ради горенаведените причини. И на крајот од денот и ние што сакаме приватно може да завршиме на државно не дај боже во оваа ситуација. И онака тестираат приватните и бркаат ако си позитивен, така да не треба да се провоцира судбината оти може шамар да ни зададе па да не знаеме кај сме.
Овде кај што сум, незамисливо е таткото да не биде присутен во сала за време на пораѓај! Поради тоа има голем револт кај родилките, но тоа го налага ситуацијава. Не дозволуваат ни посета од страна на таткото за време на престојот во болница, без разлика дали се 2, 3, 5 дена, сама си таму. Само на излегување може да дојде да те пречека. Ова е моменталната ситуација, се надевам дека ќе се потсмири за скоро, но како е, така, не е во наш домен за жал
Веројатно си во странство некаде. Од тоа што имам читано во напредните земји не само да имаш желба туку и препорачливо е да имаш некој близок до тебе на пораѓај за поддршка (ако немаш затоа постои дула). Кај нас во државните (нормално со исклучоци) е казна да идеш барем од искуствата на другите така испаѓа. Какви приказни сум слушала, какви навреди, тортури... Извини што сум имала секс и што сум посакала дете испаѓа работата. И нечовечки е да те задржат подолго во родилна и никој да не ја извести фамилијата без разлика кај си ама па што остана човечно во државата. За посети конкретно во ситуацијата верувам сите се согласуваме дека не треба да има. И од докторите и сестрите ми е страв. Немам ништо против ниедна болница ама за Систина доста се пишуваше дека и на прегледи пуштаат придружба, од друга страна во Ремедика сега поголема гужва не памтам да имало. Така да, не е дека некаде е подобро само здравје и со лесно нека ни е на сите.
Да, секако дека е пожелно да имаш подршка во тие моменти, велат полесно се поминува така. Не сум во Мк точно. Друга работа, таткото исто добива насоки за време на пораѓајот, нема улога само да виси таму и да посматра туку и тој активно учествува. Во нормални услови, ќе имавме подготвителен курс двајцата не само јас. За жал, се тоа се откажа ради коронава. Имам слушано за различни нечовечни понашања од сестри/доктори спрема мајката. Тоа е недозволиво! Посебно во тие момемти кога треба да добиваш сила и потпора, тие да те вреѓаат Затоа кај нас е уште попотребно мажот да е таму, не верувам дека би се осмелиле така во негово присуство
Истото го зборев со маж ми зашто првенствено сакав да раѓам во Чаир. Баш тоа му го кажував од искуства од мајка ми и другарки, не сакам да ме истрауматизираат да не посакам второ дете. Ми вика ако некој нешто ти каже, ќе ми кажеш така? И мажите се исплашени иако не покажуваат, нивни жени сме и тие како нас го чекаат детето. И ова со короната како се случи ми вика бирај друга болница да не одиш во гужви. А баш сакав во Чаир многу ги фалат. Има една тема тука нешто у стил 'Што кажувавте на пораѓај' така нешто, абе како сум се смеела додека ја читав, се надевам нема да имам потреба да пишувам таму. Омилена ми е членката што им се дерела дека полиција ќе им викне
Од сабајлево почна кога одам во тоалет осеќам печење. Многу ми е далеку вторник да правам уринокултура а плус и таа се чека два три дена. Што да се напијам освен брусница чај ? Да помине празников ќе си направам уринокултура.
5 филтер кесички од камилица во шоља за чај, убаво прецеден. Млак. После 2 саати уште 5. Еднаш вака се имам спасено (трудна) и многу вода флаширана по можност, во меѓувреме колку можеш повеќе и чај од брусница. По препорака на докторот 3 дена пиев и спазмекс форте по едно во ден ( ги опушта каналите ). Бев одприлика 12та недела.
Мене увин ча макар ј 1 шолја многу ми помага, консултирав и гинеколог не штетен така да можеш да пробаш
Поентата не беше што не го виде , јас не сум на тоа лута , туку лута сум што никој не известил на телефон , ако се така ригорозни нека бидат комплетно , а за неонатологија немам коментар , сестрите се како духови ретко ги гледаш , но темава замина во погрешна насока , да не ми препишувате дека ми е до хормоните ке ви посакам лесна бременост , а мене ова ми е школа за друг пат фала многу пријатно
Si go kazuvas tvoeto iskistvo so ima tuka.Na kogo mu cita neka cita,na kogo ne mu se cita neka preskokne.Ic ne mu ja zamaraj.
Zeni ne znam dali e dobro tuka da pisam ama ne znaev kade bidejki sum nova vo forumov mi izlegoja mozolki niz celo telo i ce cesam neprestanato mi rekoja deka e alergija i pijam loratadin 10 mg ama ne mi pomaga nesto protiv cesanje barem malku da me smiri ili da imala nekoja so vakvo iskustvo ve molam helppp bremena sum 15 ta nedela
Да пробаш со онаа белата пудра за сипаници што се мачка? Не знам дали е безбедна во бременост ама мене од јак стрес ми излегуваат вакви на одредено место и од пудрата ми поминува.
Ајде поискусни мами, споделете што е подобро откако ќе пукне водењак. Лежење или шетање? Читам по нет има различни теории