Девојки од сон ме разбудија болки како менструални ама јакички онака, траат по неколку секунди. Во 1и30, 1и50, па околу 2и6. Водењакот не ми е пукнат, само кога станав ми потече малку водичка со бел исцедок. Сега незнам дали да реагирам пак да одам во болница. Сега е 2и13 и пак добив јака болка
Жении, во првите месеци каква крвна слика и проверка на мокрача правевте? дали некои посебни параметри ? Сакам да проверам и така сум за 8 дена на преглед за срцева акција. Урино култура каде се прави, кај матичен кај што проверуваме мокрача или пак се носи со упат на микробиологија ? Немам правено до сега никогаш
Липиди и ензими на црн дроб не се испитуваат. Крвна слика, гликемија, железо се испитува. Урина кога носам, секогаш правам и обична и уринокултура, да не се точкам пак да носам ако покаже некоја бактерија. До пред коронава кај матичната носев, а доаѓаа од Авицена и ги земаа тие. Сега последниов пат урина однесов во Авицена директно. Јави се и прашај го матичниот дали да носиш таму или треба на друго место.
А да прашам нешто, можеби е глупаво, како испитувате уринокултура (нешто знам ама не целосно, како е постапката, дали е тоа кога се собира урината од цел ден, или...)? Досега ниту еднаш не сум правела, никогаш ми нема речено матичнава а на обично испитување од мокрача (секогаш првата ја носев) имав или некои (ретко) плосни епители, или калциум оскалати, нешто така....
Истата утринска урина што е за обичното испитување, нема собирање урина. Мочаш во чашата и им кажуваш дека сакаш и уринокултура, од истата урина ќе направат. Истиот ден имаш резултат за обичната проверка, а за уринокултура после два дена резултат.
Идни мамички, ве молам за совет од искуство, дали би ми ја препорачале др. Радица Бојчева -кај 7ца во Центар или др. Агнеса - Капиштец за матичен гинеколог за водење бременост? Ми треба стручна и смирена докторка, која ќе ми објасни се и ќе ми даде упат за сите испитувања кои што треба да се направат. До сега одев во Ре Медика, но ни еднаш не ми рекоа да испитам крвна слика и мокрача, а сум 13+1. Благодарам.
Јас сум кај Д-р Радица Бојчева и сум премногу задоволна, стручна е, опуштена и пред се не го паничи пациентот... Цела бременост водам кај неа, прва бременост, се што имам прашано од најмала глупост до нешо посериозно ми има објаснето што како зошто. Е сега кај неа се чека, некогаш и до 40мин за да влезеш, ама тоа е ради тоа што на секој пациент посветува и повеќе од доволно внимание... Моја препорака
Многу ме интересира како измерија, има ли начин или е од око проценка дека си тесна? Чисто онака ме интересира.
Ај да си ја кажам мојата мака... последните неколку дена ме фати некоја паника, некој страв од породувањето, што ќе биде, како ќе биде дали ќе биде се во ред и со мене и со бебе... Секакви работи се случуваат, многу често слушаме негативни и неубави искуства... Особено сега мислам минатата недела имаше објавено некој од порталите на гак починале и родилки и бебиња и уште толку тоа влијае на мене... Неможам да не мислам, ќе се проаѓам со царски и страв ми е да не се случи нешто, сепак е операција...
Zenski da prasam nesto,mozebi e glupavo prasanjevo.Cel den slusam krkorenje,ne sum gladna mislam deka e bebeto. Isto osekam blaga menstrualna bolka.Dali e normalno?