Мерат со една железна направа... Мене дека првото знаеш голем беше и обавезно ми ја мереа карлицата во родилна сала. Како голем шестар железно нешто беше и од коска до коска. Мене таа ама ме стисна со тоа, ме заболе, дека од што си бев машала не ми доаѓаа до израз коските па стискаше да ги најде
Не ми досадуваш, ако е слаба болка може само се шириш. Ако е силна и трае повеќе од 30секунди тогаш на лекар. Пробај да смениш позиција кога ќе има некоја болка, ако прекинува не се плаши Кај нас имаат проблем со дозирањето на кислород во инкубаторите, и плус проценката кога е навистина способно да го извадат од машина не им е добра. И колабираат белодробните крила, а без белодробно за жал не се може... Има и што преживуваат ама имаат многу починати...сега со коронава објавуваат, инаку не ни спомнуваат.
Ај не туку ми мислете на умирања и на починати бебиња! Знам дека ви е страв и сè, но аман немојте да се измачувате со такви мисли. Не велам дека не треба да сме реални и дека бременоста е лесна работа, но позитивни мисли мора да се има и да се мисли на тие мали очиња, рачиња, ноџиња, усте што ќе си ги видиме кога ќе се родат. Не правете муабети со другарки за црни сценарија, избегнувајте лоши приказни, ништо арно од тоа не добивате. Малку ни е што сме во неизвесност и што не е лесен период, уште такви приказни ни фалат. Ниту во породилни приказни не читам, избегнувам. И овде не ми се допаѓа кога ќе се затераат муабети за балони за отворање, не знам умирачка на родилки или деца. Ај гушкајте си ги децата дома, на кој му е прво мажот да си го гушка, ве чека најубавата средба со бебето, читајте за доење, за капење, нега на новороденче... А не за тешки приказни и породувања. Ќе помине породувањето, какво сака нека е. Та царски, та природно било, ич не е важно тоа бидејќи ќе помине. За ваше добро сменете го мајндсетот, да се истурка бременоста за да дојде она вистинското
Да да, ми текнува на тоа железото, и мене ми мереа првиот пат. Но пак не ми иде во глава како може една таква направа да одреди дали со тесна. Повеќе има логика мерењето дијаметар на глава на бебето како што кажа Фримајнд. Имам една братучетка, ситна и слаба, помали колкови во живот неам видено, пола од мене е, а две деца природно роди и тоа со нормална тежина над 3 кг. И еден куп други жени вакви познавам, ситни а раѓале и деца до скоро 5 кила.
Добро утро мешиња Христос воскресе, нека ни е за многу години празникот! Два дена по ред ме буди јака болка доле ниско. Се вртам на другата страна и поминува. Според вас, ако сменам позиција и помине значи не е страшно. Но, дали ова значи да се спремам? И иначе баш боли Гледам Оли веќе ве искарала за умирачките, ајде да не почнувам и јас. Поддршка имате од мене целосна, не верувам дека нема трудница што не е исплашена ама јас се плашам од пораѓајот. Немојте со црните сценарија, ве молам. Се ќе помине.
Во моментов се чуствувам како мајката на Дамбо , си го чекам бебето и осеќам дека ќе дојде за брзо, само нека почека да помине полицискиов час, немам памперс земено Денес 37+4 Жени не мислете на лошо, бидете позитивни и се ќе биде убаво! Христос воскресе! За многу години убавиов празник! Имајте убав ден!
Добар ден Христос воскресе за многу години да сте живи и здрави ,мислете позитивно немојте со црни мисли сите сме бремени треба да рагаме ,позитивно и со Господ напред се ке биде добро имајте убав ден
Не би ја менувала Радица за ништо, иако се чека, не ми е проблем воопшто..кога одам знам дека ќе чекам и не се бунам.
Така еее !!! Намерно не отварам такви теми и прескокнувам постови.. ама еве има луѓе што сакаат да си раскажат и тоа по неколку пати..ги разбирам скроз, ама и они треба да ги разберат останатите што ги читаат и нема смисла од споредба на недели, килограми, грамови, умирања на бебиња, родилки во оваа тема и незнам таму уште што!! стрес е за читање на оние кои допрва треба да ги поминат тие недели! Среќен празник, на сите кои го слават.. мислете позитивно, ако нешто сака да се случи ќе се случи колку и да мислиме лошо или убаво, така да подобро да сме позитивни и полабави во гледиштата и да се препуштиме на спонтаноста, а не да бидеме опкружени со црни мисли и разни приказни кои за жал имале тежок исход.
Веќе 11 месеци не сум во темава ама редовно ја читам затоа што многу ја сакам. Како мајка на предвремено родено бебе не можев да се воздржам и мора да ти кажам дека муабетиве не ти се на место. Пред да пишете нешто вакво размислете дека во темава има трудници со високоризична бременост, трудници кои се на строго мирување со скратен цервикс кои што се молат да издржат што подолго и му се радуваат на секој нов ден. Знам, јас бев една од нив. Често и ми пишуваат такви во пп и бараат совет и утеха. Размислувате ли каков стрес им предизвикувате? Како член на неколку групи и здруженија за прематурчиња можам со сигурност да кажам дека има многу дечиња родени многу предвреме, со екстремно ниска родилна тежина, кои што се пораснати во здрави и прави деца. Вработените на ОИНТ си ја знаат работата, тоа го видов со свои очи. Уживајте во бременоста и не се плашете од пораѓајот, возбудата за првата средба што следи и среќата кога конечно ќе ги видите тие две очиња се поголеми од секоја болка.
Ех, како си помина... Како вчера да беше кога те познав и кога те прашав дали си ти Ситно броиш, уште малку и гушкања еден куп ќе има
Навистина воскресе! За болкиве, и јас ги имам по еднаш до два пати на ден , долу кај јајниците, баш она менструална болка. Инаку мене ми се јавуваат зависи, или наутро или навечер или некогаш преку ден. Денес баш од кога станав подолго ми траеја, и додека готвев ме сечеше долу па морав да седнам. Кога ќе седнам ми поминува. Мислам дека не се овие тие болки што треба да бидат...
Христос Воскресе. Вистина Воскресе. За многу години. На сите ви посакувам убав ден . На сите што ни се брои ситно лесен пороѓај и да се гушкаме со бебињата, а на останатите лесна бременост.
Честит велигден трудници најубави ,година поздрави ,посреќни и побројни Ви посакувам убави празнични денови ,седете дома со вашите сакани ,чувајте се и галете мешиња
Јас таму изгубив бебе, така што не ми кажувај што да коментирам...и јас видов многу работи. И секој се надева на убав исход и воопшто нр кревам паника. Туку кажувам дека има многу предвреме родени бебиња и да не паничат за короната. Дај боже секое предвреме родено да преживее со помалку последици.
Жал ми е за твојата загуба, и јас имам изгубено бебе од други причини во одмината бременост, ти ја знам болката. Само сметам дека не ти беше во ред навлегувањето во детали околу способноста на вработените на ОИНТ. Заради тоа и ти пишав. Темава не е место за такви муабети, си има други тема за тоа. Предвремени породувања има многу, за жал и секогаш ќе има, но за среќа поголемиот број од нив имаат среќен крај. Како и да е, не мисли на негативните работи, ти посакувам лесна бременост и полни раце среќа кога ќе дојде време
Јас денес прв пат забележав дека стапалава ми се малку отечени. Досега немав проблем. Освен течности, кревање нозе на повисоко и мокрење, сте практикувале ли нешто друго??
Дали има денови кога послабо ги чувствувате бебињата? Јас денес сум 31+2 и многу млитаво го осеќам. Може и јас сум крива зошто веќе неколку вечери заспивам со плачење. И сум под стрес, малце да се сетам што ме мачи одма ми иде да рикам. Многу се плашам за мајка ми и многу ми е тешко, а знам дека на неа и е уште повеќе и еве само што пишувам за ова солзи ми течат.....