Кога јадеш храна со помалки шеќер и неговата активност е намалена, со повеќе шеќер и одма повеќе се размрдува. А стресот многу го качува шеќерот, биди си порелаксирана колку можеш... јас ставам слушалки и пејам и се релаксирам малку... посебно пред спиење
Зошто плачеш? Мајка ти беше докторка така? Страв ти е дека е меѓу ризични луѓе? И да е така, не се плаче секоја вечер за тоа. Мајка ти е возрасна особа, знае да се чува, а ти имаш нешто во себе за што имаш одговорност. Не си го прави ова наместо уживаш ти да се ставаш под стресови. Нели остана уште малку до запознавање? Не го осеќаш помалку заради стресот туку си расте ваљда деновиве. Ќе стане поактивно ама и ти размрдај се ајде.
Ич не сакам и јас да плачам и да се нервирам. Ама самата помисла дека работи со заразени и работи од 7 сабајле до 21. Ги испрати татко ми, брат ми и сестра ми во Охрид за да нема контакт ни со нив. Сама седи дома. Вчера посебно ептен ми падна жал. Знам дека и е тешко ама она не се жали. Посилно е од мене, не знам како да не се нервирам...
Греотичка, Господ да ја чува... Не се нервирај, ќе помине и ова. Мисли на бебушка уште малку и гушкање
@Butterfly1107 не знам дали ти е утеха, ама јас без мм сум моментално (на брод у САД е) и такви перипетии поминав овие два месеци што и херпес имав, дијареа, цела сум нафрлана од нервоза, мислевме дека има ковид, не работи а заглавен е таму два месеци, нешто сега ако дојде и го видам тек у јуни... Се тешам - не сум сама у ова. Знам дека е себично но мора да си дадам кураж... Чувај се за бебето. Ќе помине и ова лудило.
Многу ми е жал што минете низ ова, но се ќе помине. Ќе се среди. @LadyC брат ми живее во САД ако може некако да се помогне на тм за било што, пиши.
Ох мила фала ти, ќе имам у предвид... Во Чарлстон се, утре накај Мајами ќе ги носат на друг брод, им рекле со брод према Европа ќе ги носат, околу 10-12 дена пат... Секој ден им мерат температура, толку ги пазеа, а сега ќе ги собираат сите на еден брод. Се надевам сите им се проверени и сите се здрави. Ми се лоши од самата помисла, ама немам како да му помогнам... МНР ни викаат само нека си стигне во соседниве земји... Памет немам, само се да биде ок.
Дај Боже побрзо да се врати дома. Претпоставувам дека не смеат да излегуваат од бродот? Пријателка живее во Чарлстон, полицајка е сега и пишав рече да не се грижиш ќе стасаат безбедно дома.
Женски со колку полни недели се влага во 8 ми месец ? Само ги мешам ,со 30+0 полни почнува 8 ,со 31 полна си веке една недела од 8 така ли е ? Фала ви
Ако ја има примено вакцината за жолта треска безбеден е и нема шанси да се зарази.Ова се тврдења од светска здраствена организација.
Они примаат таму вакцини ама не знам која е таа... И џабе се радував, еве сега ми пиша ништо од доаѓањето. Тоа е.
Женски, денес скоро цел ден бебуш е преактивен и со самото мрдање ми се ствараат некои болки, стегања, грчеви, како да гмечи силно и ми ствара и менструални болки. Не знам дали се контракции, дали е од неговото движење, издржливо е само што не знам што е...Ако се раздвижам потпоминува, а вистинските знам дека не поминуваат така. Денес сум 38+0. Си се мислам да не почнува нешто,ама немам други знаци. Среда сум на цтг...Некој совет или мислење од искуство? Потсвесно си велам дека не се вистински контракции бидејќи не се на опредлен период...
Како ми е Оли растите меше уште малку машала ќе се гушкате со јуначето Мислите на убави работи кога ќе го видите тие мали очиња на се ќе заборавите само позитивно и убави мисли галете мешиња и со лесно на сите Ние еве ве гушкаме со јуначето мое
Тешко ти е ,ама можеби и подобро за да не се меша со многу луѓе, сестра ми и браручетки сите работат на брод ама се погодиа тука да се одмор им рекоа од јуни се почнува со работа ама конечно сеуште не е.
Најбезбедно е дома. Таму ги пазат пазат и на крај ќе испратат некои божем за дома, не проверуваат и на откажан лет им ги враќаат на брод прошетани до Мајами ги враќаат у карантин на брод. Така да ги изложуваат на ризик. Скроз се неодговорни. А инаку да, некои бродови рекле ќе почнат со работа за 3 месеци, некои рекле нема да работат до крајот на годината.