Нека пие некој имуностимулатор појак и за вирусот е мислам повеќе паника отколку што е опасен за здрав човек.
Здраво, 36 недела сум, му се јавив на матичниот да прашам кога да одам за брисеви ми кажа дека поради ситуацијата со вирусот сега не земаат брисеви имам читано дека ако имаш некоја инфекција не може природно да раѓаш, збунета сум не знам што да правам.. Има некој во иста ситуација да ми каже?
Брисевите се за стрептокока и ако евентуално ја имаш треба да знаат за да ти дадат антибиотик бидејќи постои можност при природен пораѓај да ја пренесеш на бебето. Ако си во можност оди во приватна болница таму ги прават, 1400 ден е.
Што ти кажаа? Јас паметам сабајлето додека ме припремаа за во сала,бев уклучена на цтг и од време на време ке свиреше силно. Затоа ме пораѓаа во 37ма недела. А стврднување на стомак имав од 35та недела. И само 2 цтг имав правено тек тук планини до 75ката имаше. Но паметам како свиреше силно апаратот
Свиреше и ова многу често, сестрата го викна докторот и кога сфатив дека е за мене се превозбудив и како што можеш да видиш пулсот на бебето му го качив над 180...Па едвај се смирив. Ништо посебно не ми кажа само ми рече петок пак да одам на цтг, да не чекам до понеделник. Те пораѓаа во 37ма заради болки ти беше време или заради контракциите?
Немој да се возбудуваш,да пулсот на бебето е 180,може си се спрема да излези. Опушти се. Болки немаш?
Ајде само позитивно,може со син ми на ист ден ке се родат во среда на 22 ке славиме прв роденден. Тука ке се почастиме
Јас сум 36та, минатиот понеделник матичната ми зема брисеви сама ги однесов на микробиологија и за 2 дена резултати. Нема врска ситуацијата мојата матична прима пациенти
Јас сум од Струмица и матичниот ми е катастрофа. До сега се по приватно одам, еднаш ми нема измерено тежина, притисок.. На ехо ке ме погледне 1 мин и толку. Според него крв немало потреба да се испитува ако се осеќам добро.
I mene pred nedela dve maticnata mi rece ne zima ne rabotele ,ama deka skrateno grlo imam i se javiv i kazav pred praznikov moze e infekcija mi zakaza odma za utre inaku ako si od skopje i mirko raboti sigurni izvori
Сега видов,во 37ма ме породија затоа што од 35та кога ми започна стврднувањето почна набрзина да зрее и плацентата,отворена 2 прсти бев и бидејќи сум со малце скратена матка после хистеро, не растеше бебе вејќе,а само викавме да влезам во 36та. Сепак терминско бебе родено во 40та недела и бебе 37ма како моето имаше разлика.ние вака си викаме ајде 9ти месец од 36та недела нека излегува,но видов дека кај бебињата има многу голема разлика. Секако не е ризично и во 37ма да се роди,но што повејќе е во стомак тоа подобро. Јас се плашам за сега како ке биде,до кога ке издржиме...
Мене ми е плацентата зрела 3ти степен, движењата се намалија ама ваљда ќе си каже кога ќе му се искача Досега седев дома ама од утре дефинитивно ќе почнам да одам на прошетки. Збеснав дома и само мислам на глупости. На мм му реков осеќам до вторник најкасно ќе се роди. Ене го сирот му се спие цел ден, ноќе не може око да склопи ради мене
Еве моето се роди 3000кг солидна килажа за неделата,9оценка,но беше некако успан,од цимерката се роди во 40та недела и бебе беше со отворени очи,баш бебе пораснато. И само прашував зошто моето е вака како мајмунче,ама навистина имаше таков изглед,кожата му висеше бидејќи нормално губат на килажа и добивав одговори дека терминско бебе и бебе пред термин не е исто. Подоцна исто се развиваат,на година и се изедначуваат,но ете нека седат кај мама до крај подобро е
Ме насмеа со мајмунчето А јас мислев сите така изгледаат кога ќе се родат, спремна бев. Кај ти текна, баш такви се
Да се знае од каде потекнуваме. Не се сите да знаеш,какви имаше бомбони од 4кг да земеш да го гмечиш Пешачи,ке биде во теков на неделава,знам дека си нестрплива Ајјјј каков убав период те чека Јас дека царски бев и за да се раздвижам одев на прозор да ги гледам бебињата,наредени сите , си спиеа како ангели Па кога прв пат ке ти го донесат,ке си речеш па дали е нормално ваква убавина да родив. Период нааајубав.
ајде бебо испаѓај доста ти е, да се запознаеме конечно после долго време. едвај чекам да те видам, да те гушнам, ќе ме направиш најсреќната личност на овој свет. не ми се чека до 06 мај, биди побрзо сонце мое Денес 37+5 едвај чекам....
И јас едвај чекам како тебе јас еве 38+5 и абер нема..веќе не е толку активен дури и благо и сок да се напијам не се раздвижува многу ќе се преврти ќе се истегни и толку се си велм да не не добива храна доволно оти плацентата ми е 3 степен веќе од 33 недела почна да здрее ама ќе бидиме во среда сум на цтг ќе кажи докторката...На секоја болка или пресекување на стомак си велам ајде нека почнат болки да се олеснам доста е..