Даа Олии летна времево - наскоро ќе се гушкаме со бебушите долго чекани, памтам во поддршка ти ми беше најголемата, не само мене туку на многу жени, многу се радувам за тебе да знаеш! ќе бидеш прекрасна мајка! те гушкам!
Јас сум 34+2 со близначиња,почна да ме фаќа некоја блага нервоза. Болки во кичма и стомак имам да не речам цел ден и цела ноќ,тесно им е на синко и ќерка во гарсоњерава моја Само да издржиме да влеземе во 9 месец после тоа се ќе биде поинаку
Здраво. Јас сум 35 недела и имам последен преглед кај матичната приватно за околу 2 недели да ми се земат брисеви и да се префрлам веќе таму кај што ќе се пораѓам ( чаир или државна ако биде се во ред). Сакав да ве прашам од која недела почнавте да идете на цтг? Немам болки освен на моменти во долниот дел на стомакот.
Со среќа и не се секирај веќе си во безбедна зона од 34 до 37 е термин за близнаци ,колку можеш мирувај за да издржиш подолго.Јас примав зреење за белите дробови и се породив во 35.Малку напорно е ама има многу убави и интересни случки и никогаш не им е досадно .
Ве читам за бебиња порано родени. И мојот е 37+2 на итен царски, ама се роди 3480 кг и си беше бебе нормално со оценка 10. Мојот покрупен од на цимерката у 40та. Тоа нема везе. Најбитно е здрави и живи, се друго се заборава. ( Само неспиењето ми е останато како траума)
Пошо не ми дава да се редактирам,ај од ново. Брат ми е роден 2700 у термин, а сеа е скоро 16 години, висок е 185 и ме шие мене на 180. Ич тоа врска нема.
Пишав во темата Гинеколози него ај и тука да пишам поактивни сте ми Дали некоја се пораѓала кај Јегени? Сакам кај него но би сакала и ваши мислења фала
Каде е Јегени сега? На мм братучетка му раѓаше две кај него, едно у Чаир додека беше, едно у Санте и ја у Санте отидов по нејзин памет и избегав од болницата (не од докторот Јегени) . За него само убаво сум слушала, ама ако е уште у Санте... Ич за Санте неам убаво искуство и мислење.
Сега е он во Ремедика мислам после скандалот со Санте отиде таму ама не сум сигурна. Одам кај него на преглед во Ремедика и добар впечаток ми остави знам дека бил директор во чаир претходно... Само дека гледам ретко се споменува по форумот па викам да си прашам
Ццц, тебе ни брисеви несака да ти земе. Јави му се и речи му вака "ако имам стрептокока и ако прифати бебето од мене, кој ке биде одговорен за тоа?" Веднаш ке те прими. Ја претераа веке секаде, не само твојот.
Мешиња што од документи се носи за породување на државно? Знам дека треба крвна група и rh фактор,лична карта, резултати од брисеви. Дали треба за ХИВ и хепатит Ц?
И мојата сакаше да ми откажи за на некој начин, демек да сме се заштителе да не одиме по болници, па као демек ај ко ќе дојдиш во 36 недела , па да потстивни ситуацијава...Ама јас упорна бев, и реков на сестрата ситуацијава нема да стивни, а времето си тече ми е страв да не имам некоја бактерија. Таа ми викаше ами ако во 13 недела биле чисти, ако немаш чешања/пецкања можеш и да не ги правиш...А, не, и реков ми е страв да не имам стрептокока па после да е проблем.. И фино лепо ми закажаа, немаше кај нив воопшто гужви, болницата штама, на микро -никој и плус резултатите кај матичнава ги пуштија за да не се оди пак во микро...Ова за Прилеп кажувам, јас мислам да им се запниш оти некако не си се замараат докториве, а ти барем ќе си бидеш мирна после резултатите (јас бев во 35+3)
Ејј бре како пробале да те откачат... Ако во 13та биле ок можеш да не ги правиш. Како да се истите брисеви ццц. Се согласувам, бидете си упорни.
@Inna.v и јас сум од струмица )) Кој ти е тебе матичен? мешиња како сте ми, гледам напредувате и си растете, акоо така и си е редот ) ми недостига темата искрено, сакам пак да се вратам со трето Ама здравје и живи да си порасне воторото @LadyC @Jana06 шо си праите
Јас денеска лабаво. Станав со помисла дека ќе шетам денеска ама времето катастрофа, па земав да си чистам. Не испаднав во право дека до денеска породена ќе бидам и кренав раце Вие како сте? Колку направивте? Што направи со раната?