И јас мислам дека цервиксот ти е краток и да си отидеш на второ мислење посебно кога имаш историја со абортуси.
Да. Затоа цел живот ќе ја фалам Котларова. Буквално ми го спаси син ми. Ако си сигурна дека тоа е должина на цервикс обавезно барај второ мислење. Мене и на @monka_bonbonka со 33mm во 23 недела, превентивно ни дадоа Утрогестан.
Мене во 20та недела со 25мм цервикс ме ставија на терапија и итно мирување. Се мислеа дали дс стават серклаж ама заради ризикот не ставивме. Тоа траеше до кај 29-30та а потоа постепено се опуштив и се рашетав. Мој совет доколку си сигурна дека тоа што си го прочитала е должина на цервикс да си фатиш позиција во кревет додека не отидеш на контрола. Кога ќе отидеш да си бараш вагинално да ти го измерат,така е најточно,а од терапија примав утрогестан,магнезиум,прогестерон депо инекции и индометацин суппзитории. Носев и појас за трудници. Со оглед на твојата историја треба да бидеш внимателна. Велиш и предвреме родено дете, дали во таа бременост ти беше скратен цервиксот?
Zdravo devojki, sakam da prasam koja nedela se ispituva skrien seker ili toa odlucuva doktorot koga da se ispita ?
Некако сомнително е дека не изреагирале никако на таа должина, во таа недела. Мене во 18та недела со 26-27 дожина ми направија серклаж. Покасно е поризично. Сега сум на строго мирување. Убаво викаат погоре девојките, обавезно второ мислење, ако тоа е стварно должина на цервикс.
Еве слика На италијански е, заокруженото доле значи должина на цервикс. Ако има некој постручен нека објасни. Барав слики од првата бременост, нема никаде наведено.
Na 05.12. mi bese posledna menstruacuja ne znam koja nedela sum, na 25.03. sum bila 15ta, sega koja sum??
Да, тоа е, така пишува. Ама абдоменално мереа? Вагинално треба, со сондата за најпрецизно. Лежи, одмарај до наредна недела и барај вагинално да утврдат должина. Ако е кратко вака, разговарај за чаре - терапија, бед рест и по можност серклаж.
Мислам дека е најдобро да појдеш и кај друг доктор на второ мислење .Ем ти ќе си бидеш помирна ем ако има нешто да треба да се превземе ќе ти кажат сигурно.
Да, абдоменално мереа. Јас секако ќе барам да го мерат и вагинално и да обрнат внимание на тоа. Може да има голема разлика во мерките од вагинално и абдоменално ехо? Овде нема приватни болници да те следат како кај нас, има центар за трудници со нормална бременост и во државната болница репарт каде водат само високо ризични бремености како мојата, до сега обрнуваа внимание, не знам како оваа им избега. Со првата бременост одев на приватен гинеколог, кога ситуацијата се влоши тој самиот ми рече да одам во болница, така да за второ мислење на приватно не знам што да мислам.
И јас денес бев за брисеви, 16 сум недела, не ми измерија цервикс. За 2 недели ќе одам секако на приватно. Денес немало потреба. А имам ниско долу болка, но таму било детето и затоа буткало со ноџињата. Побарај второ мислење, јас читајќи од тука барав денес, но ми кажаа дека немало потреба. Во 10+6 ми беше 45мм, ама сакав да знам. А колку ти беше претходно тебе должината на цервиксот? 8ца (умник) ми расте луѓе, имам болки веќе цела недела. Никако да избие забот, само белее
Имам читано дека може да има огромна разлика во мерки на абдоменално и вагинално. Обавезно барај вагинално, да знаеш прецизна мерка, за да се преземат мерки соодветни, ако треба. Се надевам добра должина ќе излезе така, бидејќи бар тука со ваква должина и те како обрнуваат посебно внимание. Секое добро
На play store имаш апликација мој календар инсталирај си и спрема последна менструација ќе ти израчуна која недела си
Леле девојки три дена ме боли главата. Некоја тапа болка на задниот дел. Мерам притисок нормален е 120/80, 110/70, 110/60 најниско. Течности пијам. Од што ми е вака?
И мене исто, јас го поврзувам со промена на температурата, бевме 3 дена на сонце со 27-28 степени, денес 11-12. Доволно течности пиј, можеш Б6 и парацетамол и тоа е. Јас така правам, па малку намалува болката