Нема запишано на сликите од претходните прегледи, гледав немаше. Да не има некоја посебна кратенка? Инаку и јас ги имам тие болки, ставам уште прогестерон и од денес почнав со магнезиум.
Јас денес закажав контролен преглед на 30 април,а на 3 мај влегувам во 9 месец. Синко и ќерка нека седат мирни до тогаш После што ќе каже докторката тоа ќе правиме Битно ми е само да не ме напушти ова позитивно расположение ,не сакам да паничам за ништооооо
Женски, касно е да ѕвонам по доктори. Ми се појави алергија, ненормално ме чеша.. смеам ли лоратадин да пијам?
Можеш, лековите за алергија се генрално безбедни во бременост. Мислам дека само за прво тромесечие има некое ограничување
Женски искуство некоја со низок хормон pappa a на Prisca и зголемен ризик за аномалија? Направив Nifty ама додека чекам резултати некоја да сподели искуство?
Па осеќам и јас по некоја болка ама ништо конкретно и болно. Единствено веќе ме фаќа нервоза од кожата на стомак што ми е оптегната и како расипан да ми е стомакот, по цел ден само грчеви и гасови што и да јадам.
Со лесно да е женска. Се радувам дека уште некој има во темава со близнаци, освен мене. Требаше порано да се активираш, чисто за поддршка Кај ќе се пораѓаш?
Фала ти многу. Испив сега и легнав. Се надевам ќе помине, иако не знам од што ми се појави. До сега како што знам само на пеницилин сум алергична и ленор синиот омекнувач.
Не смееш, рестартирав пасворд за да ти пишам, не е касно за ало докторе. Немој да пиеш ако не можеш да издржиш јави се, има дежурни др тоа им е работа
Смее. Медицинско лице сум, да не бев сигурна во одговорот немаше воопшто да пишам. Во Б категорија според безбедност спаѓаат антихистаминиците (лековите за алергија), што значи генерално безбедни и нема докази дека прават штета врз феталниот развој. Во истата категорија за безбедност на лекови и парацетамолот спаѓа, па се пие во бременост.
Лоратадинот не е опасен, ама не се повикувај одма на алергија. Ако те чеша и утре, провери си ензими на јетра да не се покачени. Тоа често предизвикува чешање.
Немам искуство со хормониве, бидејќи не правев Prissca, но штом си направила NIPT почекај си резултати, ова веќе не го ни мисли. Само вредностите на хормонот ли беа надвор од нормативите, останатите параметри од ехо добри беа?
Фала ви на сите. Се напив лоратадин синоќа. Мирно спиев, не се чешав, ама утрово гледам пак ми е црвено и нема ништо се повлечено. Ќе пробам облеката да ја преперам, може да е до омекнувачот..
Јас имав алергиска реакција пред некој ден, 7ми месец, се јавив на доктор ми рече да издржам, ако не можам на доктор. Имав повеќе различни апчиња за алергија дома, ми рече да не пијам, затоа споделив
Пак јас , 6+0 сум, немам ама баш никакви симтоми, ме болеше стомак минатата недела, сега ништооо освен градите малку што ме болат на моменти дури заборавам дека сум бремена. На 27 сум на преглед за срцева акција, неможам да презакажам порано, читав дека гестациска кеса може да се исфрли сама од организам , 300 мисли ми поминуваат низ глава, дали срценцето почнало да чука :/ Што мислите што да правам? А се спремам здраво за преглед и крвна слика да правам и мокрача , однесов и уринокултура на испитување :/
Немора да значи дека ќе имаш некакви симптоми. Исфрли си ги тие црни мисли, така не си правиш ама ич добро.
QUOTE="Molly.dolly, post: 4921721, member: 136275"]Пак јас , 6+0 сум, немам ама баш никакви симтоми, ме болеше стомак минатата недела, сега ништооо освен градите малку што ме болат на моменти дури заборавам дека сум бремена. На 27 сум на преглед за срцева акција, неможам да презакажам порано, читав дека гестациска кеса може да се исфрли сама од организам , 300 мисли ми поминуваат низ глава, дали срценцето почнало да чука :/ Што мислите што да правам? А се спремам здраво за преглед и крвна слика да правам и мокрача , однесов и уринокултура на испитување :/[/QUOTE] Рано ти е за симптоми не се секирај а и кај сите е различно. Јас имам менструални болки а другарка цела бременост ништо. Кај секого различно Таман си закажана за преглед по мене и јас отприлика 7ма бев за срцева ќе видиш се ќе биде ок