Уште од ноќеска со силна главоболка сконцентрирана од едната страна на главата. Дали смее таблета за ова некоја ? 12-та недела сум. Вие имате ли проблем со главоболки?
Не мора да имаш никакви симптоми, немав ни јас се до 7-8 недела и постојано заборавав дека сум бремена и не ни се осеќав така се додека не слушнав срцева акција. Се е во ред не се грижи.
Zdravo devojki. Dali mozebi nekoja od vas koristi bremenacka pernica i link da mi isprati ako moze da naracam. Blagodaram
И јас до 8ма недела немав ништо ни болки ни повраќање само градите малку што ми беа како отечени ,за после 8-9 недела да повраќам секој ден ,болки во стомакот или грбот уште немам. Сега сум 21 ва недела...лета времетоо. Само немој многу со црни мисли и стрес не е убаво за малото И не читај многу глупости,барај позитивни работи за читање
Имам ужасна главоболка во фронталнот предел, дури и како пулсации чувствувам последно време и гадење, а претходно освен осетливи гради немав други симптоми 10-та недела сум, што да се напијам?
21+6 сум и до сега имам качено само 2,5 кг, односно си се вратив на килажата со која ја имав започнато бременоста. Со оглед на тоа дека сите кои ги знам се имаат поправено многу повеќе ме интересира дали е нормално? Какви се вашите искуства? Како варираше вашата килажа?
Jaс до 25 недела имав качено само 2 кг , сега сум 33 недела и сум 5 кг плус. Обично 8 и 9 месец се накачува повеќе на килажа, и бебе побрзо и повеќе расте , што не значи дека кај секоја трудница е така
Мачкајте ги градите со нешто мрсно. И мене така од старт многу ми пораснаа, потечени ми беа не можев да ги пипнам. Прслук 2 броја поголем купив уште од старт. И како ги снема мачнините ми се обесија буквално А баш ми беа големи и убави. Од тогаш цели со стрии ми се. Побелени се скоро ама ми сметаат.
Јас бебидолчиња носам прслучињата мислам ќе пукнат а имам мали гради ,сега не ми се отечени само чешаат многу. А дали на некоја и биле како пукнати брадавиците и да ве пецкале при допир со маичка или прслук ,мачкавте нешто за тоа ? Инаку и стомакот и градите ги мачкам еднаш со кокосово масло измешано со гел од алое вера ,еднаш со вазелин мм се чуди вика земи најди нормална крема како сите жени ,ама другите креми некако не ми ги прима кожата.
Таблетки не смееш,има во аптека стик како лабело е и се мачкаш на местото кај што те боли.ова е за главоболка.
Тоа пецкањето што викаш е уствари осетливоста што ја збориме како прв симптом за бременост. Испукани не ми биле ама можеш да си купиш од аптека крема за гради, секако здравје и после пораѓај ќе ја користиш. Јас ја купив оваа на сликата, еднаш само ги намачкав и многу ми се меки сега. Многу е добра само скапичка е, следен пат би побарала поевтина варијанта. За кокосовото да знаеш дека кожата не го прима. Јас првите 3 месеци се мачкав дека органско, а може и затоа ми се појавија стриите. После си купив павловичева и додадов АД капки, можеш и уље од чичково дрво ама многу е мрсно така. Стомакот ми е мазен, немам ништо.
@Jana06 Повеќе сум на вазелин од самиот почеток. Кокосово почнав да ставам откако гледав видео дека измешано со алое вера гел ги намалува веќе постоечките стрии можеби треба да пробаш сега за градите. Јас кога ставам крем или млеко за тело размачкувам по 5 минути и уште не е впиено а кога ставам вазелин или кокосово одма впива се приметува ваљда мене кожата ми е забегана
Може ли некоја од вас доколку е тазе породена во Систина да ми каже каде се пријавуваат сега бебињата.Звонам на тел во Управа за водење мат.евиденција никој не се јавува-има известување дека од 20.2 им се реновираат просториите па незнам каде да се обратиме
Да ве прашам болка во стомак ниско дали сте имале и колку е опасно? Незнам што да мислам, како да стои нешто таму, и затега. 4-5 дена веќе е, не е нонстоп но ме загрижува. Вчера бев на гинеколог, се е во ред, бебето карлично било долу ниско и тоа буткало, незнам стварно. Секое утро се будам со таа болка наутро, како грч некој, незнам. Искуства ваши? 16та недела сум Од терапија освен магнезиум и Б6, и редовните фемибион2 и витамин Д, ништо друго не примам.