И мене ми е прва бременост, цело време кога ќе спијам ставам рака на стомак да видам дали нешто ќе осетам ама ништо значи јас да не се надевам до таму после 20та Браво ти веќе имаш пракса а мене прва бременост затоа немам поим и јас таму после први мај здравје на контрола последен пат бев на 2ри април, со среќа и лесно нека ти е да го дочекаш живо и здраво
Pa sega se konsultirav so maticnava i ja prasav dali kw mi baraat upat u cair mi rece ne. I sega so da praaam ?
Дали кумбс тест прават во син лаб или авицена знае ли некој? Не верувам дека прават, но да прашам На трансфузиологија сеуште ли не примаат ? Во 8ми септември не би одела.
Кај секого е различно. Јас 23недела ептен малку го осетив не бев ни сигурна дека тоа е бебето.Е после 24 почнав почесто да го осеќам. Без гајле кај и да е ќе го осетиш најпрекрасното нешто,најслаткиот ,,ќотек,,
Па оди тогаш, кажи која недела си, ќе ти кажат да си чекаш за цтг, нека ти направат, па ќе си чекаш ред кај доктор и ко ќе влезиш можи тој и сам да си искреира преглед, ќе си кажиш дека матичната не ти дала, а веќе си таа недела и мора еднаш да те прегледаат. Кога влегов кај докторот, ме бараше на компјутер, излегуваа сите упати такви, ама ќе си објасниш. И оди рано. Бев во 7.30 таму, а веќе имаше неколку што чекаа и во 8 не викнаа за цтг, па си чекавме доктор да дојди. Било кој можи да се погоди, се менуваат, ама важно е да те видат. На крај извештајот го земав на шалтер, тогаш бараа упатот да им го дадам, ама ќе кажиш дека докторот сам направил преглед. Се надевам нема докторите да направат проблем, сепак се свесни. Некогаш знаат да подвикнат, ама не им обрнувај внимание, секако овој период мора да те видат. А и не си ти крива, матичната така ти кажала. Па кажи како ќе поминиш.
Нема ни да го осетиш на раката. Првите мрдања ќе ги осетиш како галење со пердув, пеперутки во стомак или крчење на црева. Од прилика така е. Најчесто е при лежење, во движење нема шанси да се осети. После кога ќе добие на тежина ќе добие и сила и ќе почне да клоца и тогаш се осеќа еднаш на 2-3 дена. Јас прв пат го осетив 18-19 недела.
Исто е и кај мене 23+3 сум некои денови е многу активно а потоа следуваат ден два три кога многу малку го осекам, послабо и поретко. И таман ке почнам да се загрижувам пак си продолжува како претходно
Облеката и сè ми Во 19+3 бев сигурна дека е бебето, тогаш првото клоцање беше. Во лежење не, само во седечка положба на почетокот го осеќав.
Зашто? Со какво објаснување те вратиле. Се сеќаваш ли која цена е во Систина. Ремедика околу 3000 беше чинам. Која недела си? Мене ми рекоа најкасно полна 28 заради рогамот.
Јави се во чаир и прашај,може и да е сменето нешто,за да те вратат не верувам ако треба нареден пат ќе им однесеш.
Дека не сум била нивен пациент , почнале ради вирусот само со нивни пациенти да работат , а претходно по телефон не ми кажаа така за џабе се измачив натака навака .. Инаку за кумбс во Систина 950 ден ми наплатија
Не мора да значи кај мене постелката е на преден зид(тоа не го знаев се со 36 недела прв пат докторкава ми пишала на контролниот извештај претходно ни сум прашала ни ми кажала) па можи затоа и покасно го осетив ама како и да е сега си расри брзо па за брзо и ќе го осетиш најчесто кога лежиш во движење јас никпгаш не го осетив и еве сега во 39+4 пак намали со движење па пијам кока кола или јадам благо за да го размрдам оти баш е спанко а јас со паники
Jас од 17- 18 недела како црвчиња да имав во стомакот, нежни движења ,од 19 недела веќе поубаво ги осеќав , знаев дека е бебче
Здраво ако има веќе тема за градници ве молам пишете и избришете го коментаров не успеав да најдам... Дали имате купувано градници за трудници и од каде? Дали вреди да се купуваат ја сум 4ти мес веројатно уште ќе ми растат.а мојот веќе ме стега не можам да дишам. Што мислите дали е најдобро да се земе градник за доење дали би ми служел понатаму имате ли искуство од што сте задоволни? Или што препорачувате да купам?
Јас си имам поголеми од претходната бременост и тие си ги користам, најобични се, длабоки и сите се без жица. Жица не трпам. А ги купувам со жица, мразам меки па им ја вадам. Инаку не сакам такви за доење, многу ми се грдички.