А кој месец отприлика купи памтиш? Мене ми е ако купам сега да не треба пак другиот месец...не купуваш 1 секако 2 3 пара ќе си требаат
Јас си купив два обични од тие што вообичаено ги носам, само еден број поголем за да ми се покомотни. И еден за доење зедов од Пенти, само не го носам сега бидејќи ми е голем, после породување ако воопшто го облечам, но нека има за секој случај. Ако се разносам, ќе приземам уште.
Imam zemeno od struzanka 450 den pred nekoe vreme i sum mn zadovolna i vaka i za doenje sluzi ,mek e nema zici
Јас земав 2-3 месец поголем зашто градите ми беа огромни и за кратко ми се вратија во нормала. Така да, за мене немаше некоја потреба. Ама можеш еден да си купиш да си го имаш, сигурно и натака ќе ти се најде.
Извинете женски, а за што е тој тест? Кога се прави и дали сите трудници го прават? Ми нема спомнато матичната ништо вакво.. Можеби глупа звучам со прашањево
Женски, на колку степени прв пат ги перете алиштенцата? На 30 само со прашок доволно е? И дали да ја вадам подлогата од релаксаторот, транспортер и количката да ја перам или само со пегла на пареа да направам дезинфекција?
Деновиве цело време икам ама постојано. Се зачитав на нет и значи дека коса им расне на бебињава мои. Со големата имав многу киселини и стварно се роди со многууууу коса,со бебциве па ич немав ама затоа икам,ваљда ќе имаат и они косиче
Па да ти кажам мене до толку секој месец не ми растат градите нити ми растеа у прва бременост ни сега. Да, ми се поголеми, ама кога ќе доиш стануваат уште поголеми, така да немам искуство. У принцип имам мали гради и не сум баш компетентна да ти дадам конкретен одговор на ова.
Феминки јас сум во викендица со вереникот. Пред малку на гаќите видов кафеаво како вода, локва ми беа гаќите и на мочање ми протече кафеаво... Дали да одам во болница? Преплашена сум... Сабајле бев на депилација и на стомакот ме депилираа со топол восок ...Изгледа од тоа ми е ... Дали го губам детето? Утре влегувам во 13-та недела... Ве молам помогнете ми
Najdobro na lekar da odis.I drug pat depilacii na stomak so topol vosok ne.Znaci voopsto ne na stomak. Sekako ne znaci deka nesto nedaj boze se slucilo,no najdobro na doktor.
И јас мислам дека е од депилацијата. Штом е кафеава крв значи е застарена и веројатно ако си се стегала сега од тоа ти тече. Ама јас би идела на гинеколог искрено.
Kафеаво не би требало да е страшно, но оди на доктор за да не се мислиш. Имаш ли некакви болки? Пиши што ќе направиш
Нема врска депилацијата на стомак со тоа што си прокрварела. Не знам ни јас колку трудници ми поминале низ раце со влакна на стомак од што примаат било какви хормони... Чим е кафено не е за плашење, но убаво е да одиш на доктор да ти даде поддршка и да види за што се работи. Ќе биде се во ред. Пиши како си да не те мислиме.
Кога ви се свртеа бебушките надолу? Со првото уште од почеток на 7ми месец се сврте надолу и така си остана до пораѓај,а овој пат не е свртено бебе сеуште,знам дека е рано 30та недела влагам,знам и дека може и некој ден пред пораѓај да се сврти,ама чисто информативно како е кај вас?
Јас си купував поголеми од тие што ги носам,во 8 месец купив од тие за доење и испадна да немам млеко а за сега ќе видиме. На 30 ,а имам перено навлаки од релаксатор,хранилки,седиште за во кола и тоа на 60 немало проблем.Иначе користам мерикс бебешки прашок за бели,а за шарени виолета течен детергент.Омекнувач никогаш зашто во сушара ги сушам и ми се меки.