Утрогестан по 3 пати на ден ставам вагинално. Така нареди доктор... Понеделник сум на скрининг, се мислам дали ќе го дочекам скринингот... Може и расправиите со вереникот неделава ме доведоа до ова... Дојдовме денес во викендица сами јас и он и после долго време ми се виде дека ќе ги решиме недоразбирањата и кога пред малку ова се деси...До сега скоро полни 12 недели сум , немав ни точка, а камоли вака...
Сите имаат караници и расправии не се секирај не е туку така. Може утрогестанот да предизвикал лично немав такво искуство со него. За да спиеш мирно оди на дежурно доколку не можеш следи ситуација во текот на ноќта
Јас ги перев на 40 со течен ариел за бебе и после ги испеглав омекнувач не користам сега на почеток сметам дека нема потреба од хемикалии
Девојки се боцкам со клексани и незз како толку примив немав проблем но денес кога се боцнав по неколку минути ми потече раката и ме подболнува. Што да ставам за отокот или само по себе ќе си помине ?
Може ациди борици како облога а може и ништо да не се стави. Го користи 3 пати дневно значи има потреба ,не е ист ефектот и кога се пие му треба многу подолго време да делува и се разградува и нема максимален ефект.Јас имав алергиска реакција од утрогестан и ми сменија за кринон.
Не е ист ефектот. Мене ми напомена докторот исклучиво вагинално да го ставам, можда и на Војдана така.
Јас мислам сепак да одиш да те видат на ехо. Од утрогестанот нема шанса да ти се појави кафен исцедок. Се надевам не е ништо страшно,но нека ти биде мирна главата оди на дежурен. И не се нервирај. Може и од стрес да биде.
Како и да е оди да те зирнат. Не се стресувај и не носи заклучоци милион причини може да се, не значи дека е најлошото, скраја да е! Кога ставав кринон имав црвенкав исцедок и како конци црвени, тогаш ми рекоа дека е нормално капиларчиња пукаат. Сега ставам утрогестан, но немам приметено нешто слично. Можда кај тебе од утрогестанот е. Оди да те видат чисто ти да се смириш, и повеќе одмор.
Мој совет итно на лекар! Во вакви ситуации е многу битно брзо да се реагира... Јас исто искрварив во 13та недела, цела ноќ шетав по болници, да не отидев веднаш незнам што би се случило... И смири се, пробај да немаш стресови о повеќе да се опуштиш... Чудно е со утрогестани а ти пак да прокрвариш ради тоа мој совет итно на лекар
Не се плаши одма и немој со негативни мисли. Јас првата бременост два пати крварев, во 11-та и 13-та недела и тоа обилно со парчиња засирена крв, а бидејќи прв пат и јас си правев филмови да не го исфрлив плодот, дури ги чував парчињата во случај да ги побараат да видат. Вторава бременост пак прокрварев во 11-та недела, ми беше страв пак ама имав оптимизам од претходното искуство. Отидов во Ремедика, ме видоа, крварењето не беше од матка, ми ја исчистија засирената крв и ми ставија инекција прогестерон. Првата бременост ставав утрогестан а втората не. Се надевам дека си отишла на преглед, а ако не си направи го тоа што побргу.
@Vojdana пиши кога ќе можеш, те мислиме. И јас крварев на 2 пати, првиот пат обилно со коагулуми во 5+6, вториот пат околу 11+6 мислам беше, само кафено, но бев на лекар. Се надевам не ви е далеку викендицата и си се јавила на ехо.
Женски кажувајте некое чаре за киселини, нема вечер без да ме мачат. Полудев од што не можаж позиција да си фатам и постојано ме гуши.
Вие сте сите многу добри и од срце Ви се заблагодарувам на поддршката и несебичноста. Јас добив обилно крварење после кафеавиот исцедок. Ме донесе вереникот во Чаир , сега сум во болница. На патолошка ме задржаа. На ехо бебето беше живо ама докторката рече ако до сабајле не престане крварењето - нема да е добро, шансите биле 50-50. Еве сега лежам на патолошка, примив Прогестерон инекција, еден Утрогестан пиев и еден магнезиум. Имам и болки. Жал ми е што не ја сфаќав бременоста како треба , се карав ужасно со вереникот, се вреѓавме се пцуевме, а јас бремена...Изговорив и многу монструозни работи за неговото минато и неговата бивша девојка со која живеел во Данска и за све...Ова можеби е казна сега што морам да ја сносам... Ако се деси најлошото јас себе си ќе се обвинувам. Знам дека и депресијата ќе се врати и пак ќе се лечам со антидепресиви... Јас сум слаба личност.