Да се надеваме дека нема... И мене ми викаа дека можам да се обесам ако сакам и ако сака да биде ќе биде плодот, обилно крвавев 2 недели у прва бременост... Се роди прав здрав. Не мисли колку можеш негативно, имав и јас менструални болки и тоа појаки, прокиснував и што се не. Има ли нешто на ехото? Од кај е крварењето?
Прво да те искарам, престани така да зборуваш. Мораш да мислиш позитивно, вакви црни мисли не смееш да имаш. Гали меше, зборувај му. Ќе биде се во ред. Мора да мислиш позитивно за да биде позитивно. И престани да се обвинуваш себе си Ќе биде се во ред и ќе престанеш да се караш со вереникот. Бременоста ќе ти е на прво место. И јас крварев, пишував овде. Бев на паталошка, се среди се. Јас сум и малку понервозна личност затоа докторот ми даде диазепам и бедоксин. Си ги пијам редовно. И мене докторот ми рече ние направивме се, сега само останува да чекаме. Си галев меше и му зборував. Смири се и не мисли лошо, без плачење и нервози. Сабајле пиши ни каква е ситуацијата ,мислам ќе ти се намали крварењето до сабајле. Те гушкам
Јас исто имав обилно крварење, исто ми рекоа дека е ризично, примив прогестерон и исто строго мирување значи апсолутно само за до тоалет станував, лежев 2 месеци... Крварењето скрос престана дури по недела ипол до две, не беше обилно после таа вечер ама имаше по малку на мокрење...примав сигурно 10 инекции прогестерон и пиев утрогестани и се среди се ете сега сме при крај... Така да само позитивна мисла, слушај доктор, не се вознемирувај, гледај д се смириш, немора да значи дека секогаш ќе биде најлошото...
Ne smees taka da razmisluvas.Site imame stresovi,kavgi i sl.Mnogu zeni imaat obilni krvarenja no sepak se zavrsilo dobro.Bog da ve cuva.
@Vojdana смири се и не мисли лошо. Многу сме прокрвариле, и таа е терапијата. Се што треба примаш, само мораш да не се нервираш веќе, да не мислиш дека ќе ти се врати депресијата и за кавгите. Поминале и нека останат таму. Ова ќе се среди, дај боже и ќе се пазиш повеќе. Кога крварев знам лежев 3 месеци дома, првиот месец легната и јадев, нонстоп му пишував на докторот, бев многу напорна и на крај ми пресече- ми кажа "се е направено, другото останува на господ" и толку. Така и јас верував и верувам,мораш и ти. Биди силна, храбра и гали меше со позитивни мисли само Непечени бадеми, спрајт сок, ладно млеко, 2-3 зрна ориз, сода бикарбона. Гледај последен оброк да ти е 2-3 часа пред спиење.
Леле колку мрзам такви доктори. И јас првата бременост кога прокрварев во 11-та недела, матичната ме прати кај една др Весна на ГАК,ама имаше гужви,таа не ме ни прими, демек во амбулантата немала стол за таков преглед ама ако сум крварела во таа недела тешко дека ќе успеело. И тогаш многу се изнервирав,мислам дека ме прегледа др Ќаев и се беше во ред. Така и твојава, дури и проценки 50-50 ти дала. Што не ти рекла и пријател да повикаш. Сега смири се, не само ти,мора да најдете заеднички јазик со вереникот,бидејќи со тоа темпо никаде не стигнувате. Не можеш да му судиш за животот кој го имал пред тебе,битно е сега вие двајцата да функционирате како што треба. Може ова ви е некој тест, да се смирите и да решите како ќе продолжите, на тоа дете ќе му требаат татко и мајка а не вечни непријатели и кавгаџии. Мора да се извините еден на друг и да создадете здрава и нормална атмосфера за вашиот заеднички живот.
Се зависи од каде е крварењето, ако е повисоко од матката може да направи проблем...ама немора да значи. Лежи и не мисли... Не мисли на вереникот, остави го не се расправај...биди поладна за расправиии. Сега мисли само на себе и бебето, подигни матка повисоко, прогестерон депо ќе те смири....барај подолго да ги примаш. Јас имам депо примано и секој 2ден, додека се смири матката... да не се контрахира. Смири се, не си крива за ништо ама сега предност имаш ти и бебетото, вереникот нека брка муви
ќе излезе се добро, ќе видиш. Не мисли сега на вереникот, не се обвинувај себеси. Вакви работи им се случуваат и на жени без никаков стрес. Ти пуштаме среќа и чекаме утре убави вести
Сè исправ на 30, користам Ариел течен бебешки, мерам со капачето. Кога купував количка, барав обавезно да се вади сè за перење. Сè извадов и исправ на програма за рачно перење. Убаво си се исушија деловите и ги вратив назад. @Vojdana Размисли и вети си дека нема веќе да се замараш за глупости како бивши девојки на вереникот. Сега ќе си мислиш на бебето и тоа е најважно, ниту нечиј поранешен живот ниту некоја расправија. Пуштам среќа ова да помине како што треба, па да си седнеш со вереникот на муабет, да прекинете да се пцуете и да сфатите дека ќе станете родители, да се смирите и да се договорите како понатаму. Зарем ќе се пцуете и ќе се карате и кога ќе се роди детето? Ајде направете си муабет смирено и со убаво, ставете крај на расправиите. Пишувај ни како си.
Се потите ли ноќе во спиење? Два дена утоп до толку што морам пижама да сменам,жива вода. Нз колку е нормално? од хормоните е ?
И јас имам киселини само запази од што ти се јавуват, мене пример од бело брашно и скоро цела бременос јадам тонус или си месам со р'жано и интегрално.. Но сепак ме фаќа да каснам и нешто сукано, бурек или сознам.. Тогаш пред спиење пијам несквик или чоколадно млеко и ми се смируват... А на почеток и јаболко ми ги смируваше
Ќе пробам со нешто, инаку никогаш не вечерам последен оброк ми околу 18. Многу се измачувам со ова, спијам на рати по неколку часа. Фала ти најмногу на советите
Рупурут и гастрогард е дозволено за киселини. Мене сега почнаа пак да ме фаќаат навечер , рупурут лижам и ми поминува одма. Пробај и вака ако друго не ти успее. @Vojdana пиши ни , сите те мислиме тука...
Феминки, јас и денес ќе бидам тука на патолошка. Рано сабајлево накај 5 почна да прекинува крварењето и болките малку стивнаа. Прееска помина визита, докторката рече строго мирување и ме провери доле дали крварам. На ехо не ме видоа сабајлево... Така да останува и денес да видиме како ќе биде. Ако биде добро до вечер можеби има шанси да се спаси ова мало и кутро суштество што го носам. Жал ми е многу за него, а за себе ич...
Ќе бидете добро, само добра мисла...релаксирај се, што било поминало. Сега мирувај и барај прогестеро депо, поефикасен е од утрогестанот. Смири се ти...и се ќе се смири.