+ @Vojdana Има шанси, и јас го користев цела бременост и гаќите ми де валкаа некогаш црвенко некогаш кафеавко, пошто малце ја надразнуваат слузокожата, ама па подобар ефект имаат така и не го паѓаат притисокот. Плус јас користев по една, а не па со три. И веројатно после ќе намалат количина. Се користат и превентивно ама тогаш по помалце, а ако имало крварење по повеќе до некое време. И превентивно можи кога имаш повеќе напор или ако одиш на работа, или ете, ако нешто еднаш се случило. Иначе да, и јас крварев еднаш пообилно, втор пат малце, примав и апчиња и инекции, па еве го 9ти месец влегов. И на работа одев, само2-3 дена пауза направив тогаш, ќе се среди❤️
22 недела сум и секоја вечер пред спиење мн ми трпнат нозете дури ме болат и ми станува неподносливо. Совет што да правам??
Имаа кажувано дека при вагинално користење од утрогестанот може да предизвика сукрвица. Неможе. И да се повреди некој капилар при апликација на вагиналетата крвтта ке е свежа,не застарена. Тоа што си имала сукрвица додека си го користела било од други причини,може дозата била послаба,а може едноставно и требело да се доисчистиш од старата крв. Јас првата бременост бев со крварење 8 недели и тоа со прогестерон депо плус дабростон и не престануваше се додека не се крена плацентата. Кога почнав од 16та недела со утрогестан до 2 37 додека се породив не ми се повтори такво нешто. Ама различно крварење различно го третираат.
Dali nekoj se poragal vo brzo vreme vo Sante plus prirodno i kako pominal. Jas sum 37 nedela, plnairav vo Cair ama nekako pocnuvam da se predomisluvam, mnogu guzva ima vo Cair na ctg koga idam gledam zeni bez maski si sedat nikoj ne gi kara, ne znam... Ve molam za mislenje
Мене слаб ми беше откако почнав од 400 мг немав ништо до сега.8 месец сум и почнаа отоци на раце и нозе и грчеви.
Мислам дека цената воопшто не игра улога јас од ДМ зедов крем алверде мама така некако не беше поскап од 300 ден па еве до сега ни стрии немам освен на градите а и нр се мачкам редовно имам предиспозиции за стрии мајками нема кај ги нема од колк стомак гради раце...можеби е и до тоа што не се поправив многу и нагло досега сум 10 кг.ама постепено качував па можеби и до тоа е
Јас одам во чаир ама имам уште месец и нешто до пораѓај и докторт кај што одам самиот ми рече хаос сме ама очекува од средина на мај да си почнат сите родилишта со работа и да се намали гужвата.Чаир сега за сега најдобро е доктор да си одбереш да контактираш кога да одиш за помалку гужви ако си нормален пораѓај и се е ок за 24 часа те пуштаат.
Зголеми ја дозата едно сабајле, едно навечер, пиј многу вода и исфрли солено и благо. Исто, мери си и притисок.
Ги пиев сабајле и вечер меѓутоа докторот ми ги намали само вечер да ги пијам. Благо ич не јадам ми се гади од него, а солено да инаку притисокот ми е од секогаш 100 со 60, 90 со 55
Тогаш кажи му на докторот за ова, може ќе ти ја покачи дозата. Освен многу течности друго не знам што би ти помогнало. Или може не пешачиш доволно.
Феминки, јас сум уште на патолошка во Чаир ама сега чекам отпусна листа и ќе си одам. Крварењето уште вчера сабајлето запре, имам на моменти само кафеаво малку. Пред малку на ехо ме гледаа, бебето е живо и здраво внатре. Ме загрижи докторката што рече за миомот дека ми е доста пораснат околу 9 см и вика ова може и понатака да прави проблем... Морам строго мирување дома и терапијата да си ја земам...Денес требаше да биде долгоочекуваниот скрининг во Систина, но го откажавме сабајле рано. Сега ќе му јавам на матичниот да видиме што понатаму со скрининзите затоа што влегов во 13 недела веќе...
Баш ми е мило што се заврши добро Ќе бидете добри, верувам. И од што ти кажаа дека било крварењето? Од миомот ли?
Информативно за тие што ви беа откажани прегледите кај др. Петрова, да знаете дека се враќа на работа од 05.05.