Не треба вака да размислуваш, мисли убаво позитивно, се ќе биде супер ќе видиш, оти ти кога си позитивна, ведра насмеана и расположена и тоа е, треба ти да се ставиш на прво место и да си го гледаш здравјето и физички и психички па бебето на второ место, затоа што ти треба да го носиш во меше и кога ќе се роди да го гледаш тоа дете и да го растеш, за да биде тоа здраво и среќно треба ти да си здрава и среќна, вие сте поврзани! Ти си веќе мајка и мораш да бидеш силна заради него! Инаку девојки денес 38+5 Бебка абер нема за испаѓање, ќе биде мајско бебенце Не ми се верува дека имам уште скоро недела дена до термин возбудата расте се повеќе и повеќе, наскоро ќе се запознаеме со девојчето мое како лета време , како вчера да беше 28.08, златна Богородичка ми подари нешто најубаво, денот кога го направив тестот, збунета, исплашена дали ќе биде овој пат, не се ни израдував на тестот, плачев од страв, ама ете бидна , веќе имам бебче буце во меше кое е спремно да дојде на свет за некој ден
Да си видиш и второ мислење за миомот. Многу пати се препорачува да се остане бремена за да се исфрли со пород самиот. Битно сте добри и ќе бидете.
Мислам дека се зависи и од местоположбата на миомот ,на моја другарка и пораснаа два миома за време на бременост ,нејзе болки и предизвикуваа ама уредно си ја истера цела бременост до крај во 37 недела и ја породија царски за да можат да и ги отстранат и нив во исто време со една интервенција.
Истите емоции и кај мене јас сум 2 дена до термин бебулево активно си се мести си се врти ама абер нема за да излезе а јас едвај чекам да се
Епа затоа и викам да си побара и второ мислење. И да е царски голема работа. Јас и да можам со второво природно не сакам. Баш царски си поминав првиот пат.
Сега строго мирување и без нервози и стресови, те молам! Никој и ништо нетреба и несмее да биде побитен од бебето, тоа е твое човече, ти најдобро можеш да се грижиш за него...
@Veki4kaa и мене термин ми беше на 7. мај (тебе ти е на 6ти ако не се лажам) Најголем страв ми беше да не ме фатат болки на 1ви мај и да ги фатам гужвите, и така и се случи ама за чудо ич немаше гужви. Ако бидне и кај тебе во полициски час, таман без гужви Со лесно и тебе и на сите кои очекувате бебчиња периодов
Добро е не сум единствена, јас имам уште 3 дена до термин а бебушка гајле нема, си мрдка си се тегне, цтг мирно, а ние со нетрпение ја чекаме. Другаркиве ме зезаат, ти ќе бидеш трудна цели 10 месеци
Ти си како мене точно до ден. Моево е поголемко бајаги и порано ќе излегува. Се надевам дека ќе се слушнеме утре со убави вести. Имам трема.Ни име неаме смислено.
кај мене не е толку активно, дали се спрема за испаѓање ,незнам, викаат мирни биле пред породување, па ќе видиме. незнам кога ќе биде, ама веќе април еве го мине, па нека биде во нов месец, нов почеток, и мај е убав месец, а и терминот ми е на убава дата - ѓурѓовден. кога сака нека испаѓа, јас сум спремна таман може и коронава ќе се стиши до мај, нека си оди веќе доста е. Чаир Јана , ме фаќа страв само со гужвите и короната, од самиот пораѓај и болките не ми е страв. Само да минеме со лесно, и еден ден да се смееме на оваа ситуација со нашите деца Моето ако се точни мерките од ехо сега е околу 3500 кила може и више. прасенце ќе биде и само едно знам дека ќе личи на татко и татина ќерка била она За име уште се тегавиме со сопругот па ќе видиме
И кај нас е така денес малку излеговме да се раздвижам неможев да одам ме болеше стомак се вративме и еве сега некоја така тапа болка имам и грб ме наболува и стомак па си велам нема да се лажни болки пак и конечно малиов ќе реши да не запознае и да признаам иако едвај чекам сепак ми е страв и се препотувам од помислата
@Veki4kaa и ние еве сега сме мирни нема активност ама и некои тапи болки така имам па можи се кандиса да излегува
Devojki prasanje za tie sto odite Re Medika.Dali baraat test za korana za skrining ili za poragaj? Imam prijatelka tamu ama bila na odmor ne znaese ubavo da mi objasni da ne me vratat.