Јас немам никакви симтоми дека ќе биде брзо, или ќе изненади одеднаш . Се мислам дека чувствува дека на мама и е страв од пораѓај па си седи внатре . Утре сме пак на цтг па да видиме може ќе појави некоја болка што јас не ја чувствувам. Како и да е ситно броиме, со лесно нека ни е на сите
@lovely12 дојди тука ептен сме оф топик таму ќе не караат. Кажи ми што ти се првите две дечиња? @lemon8ejt ела и ти тука. Мене со Константин ми фрлаа на глава сол и се за нос се фаќав. За брада као девојче, за нос е машко. Сеа со второво со мајка ми за брада, кај татко ми коа бев за нос.
Првото девојче, второто беше девојче ама се породив во 26недела и за жал почина... а сега носам машко
Така требало да биде, а мене ме пробаа со игла...криеја игла и која рака ќе ја погодам ако е од страната со дупче за конец е девојче, а ако е шилестото е машко...
@LadyC обично девојчињата се кријат... првото до 7ми месец ми викаа машко...кога отидов 30недела матичниот вика леле девојче е...а јас купив зелени работи
Жити сеее. Значи може и да е грешка а? Мада некако сега психички си се спремив за маже и дури и сакав некое парталче да купам. Ништо, ќе си почекам.
Хихи еден ден му зборам на мешко со синче, следниот ден со ќере. Секој ден, различно си го нарекувам. Од бои одбирам минт за да одговара и на двете и само такви идеи гледам
Да со првото беше така, потскокна од столот оти беше сигурен машко... ама цело време папочната меѓу нозе... а ова нема промашај прво пискулот го покажува а ликот помалку
За 1кај матичниот...уште пред 12г, а сега кај Димчев 12недела...ама ова и кај матичниот се гледа а првото се криеше...и други пишуваа девојчињата дека се кријат
Здраво мешковци, јас сум 26+6 и овие денови премногу почна да ме боли грбот од средина па нагоре до рамената, не можам никако положба да најдам. Некој совет како си олеснувате,дали смее нешто да се намачка за опуштање барем малку. Поздрав
Ти си една недела пред мене ,така да ја бар за себе ќе искоментирам. Од многу лежење, седење ме боли. Ме боли и кога малце ќе попешачам зашто сум нонстоп у грч дома затворена со малиот... Само парацетамол... Не знам што би ни помогнало додатно...
Иста сум мила позиција никако и ме фаќа нервоза... После туш малку ми олеснува ама не за долго... Мислев рано е уште за такви болки но тоа е... Сега за сега само магнезиум пијам ако ептен боли ке пробам и со парацетамол...мм помалку ме масира и опушта. Дали смее некаква маст-крема да не знаеш,или кога ќе одам наконтрола да го прашам докторот
Масажи не те молам на лумбален дел (долен дел) . Таму има бубрези па и ние што масираме не чепкаме луѓе во нормално стање, а не па бремени. Горе плешки ако сакаш може и раменици и тоа да е меко скроз без стисок ( рбет чепкање никако) . Ни треба движење. Тоа ни е главен проблем. :/