И мене ме болеше, најмногу крстот...посебно ако не прошњтав во текот на денот. Ставав гел за ладење, олеснуваше.
Долу никако,таму и немам болки само од средина нагоре до рамениците. Да и јас мислам така. Еве денеска пешачев малку и мислев ке ми паднат рамениците, дојдов легнав и не де помрднав од креветот. А чувствуваш ли тежина на градите кога лежиш или полуисправена кога седиш? Како да те притиска нешто.јас се почесто се осеќам така иако бебуш е долу странично не ми е високо. Може си викам од што се поместени нагоре органите па така се осеќам аама на моменти ме фаќа паника како да ме гуши.
Не. Мене исто ми е доле мешето, ама од под гради одамна ми расте стомакот и кога ќе седнам само се осеќам како градите на шанк да сум ги потпрела. Ич не ме боли мене горе, мене ме боли долниот дел , и на пешачење тој ме фаќа, мада може и од што сум уседена и плус од што сум височка. Се закржлавевме.
Може и од што ти растат градите од тежината да те боли. Јас после породување отидов на невролог,имав вртоглавици и болки во рамена, ми рече имам спондилоза (многу често заболување/деформитет) на вратот ми рече дека може и од бременоста да е предизвикано а после и од доењето,зошто сум свиткана надоле,па од тогаш почнав во лежечка позиција да дојам. Гледај кога седиш грбот да ти е прав и почесто лежи,одмарај доколку имаш можност.
Хахах исто. Кога ке легнам мислам од грло ке ми излезат офф слатки тешки маки,посебно ако е прва бременост како што сум јас се ми е ново,чудно,си барам утеха и совет од вас. Подруго е кога ке си ја споделиш маката одма поминува
Можности имам тоа и правам гледам одмарам повеќе па и мм ме тинтри ни фали движење сега ,ова низ дома не се речуна секојдневни обврски. А се осеќам и јас дека подгрбавена сум ама несвесно од тежината заборавам и после кога ке почне да боли се освестувам ама џабе
I jas go imam istiot problem,ima denovi bolki imam duri na placenje mi ida.Prasav tuka ne dobiv odgovor,pa se javiv kaj genikologot mi kaza ketonal mast da koristam.I podobro mi bese.Koga imam problem ja koristam 3 ili 4 dena 2 pati na den.
Феминки дали ќе правите инфективен скрининг? Мене ми рекоа дека се прави во бременоста тоа било за хив и хпв инфекции и почна паника да ме фаќа.... Си викам да не ме има боцнато некој некогаш во дискотека или во автобус а јас да не сум ни свесна за тоа... Почнав да си враќам некој настани од пред 9,10 години кај сум била, што сум правела... Се сеќавам на средношколска екскурзија бевме во дискотека во странство си викам секакви луѓе има,имаше едни машки стоеја позади мене играа со нас, ме фати како до врат еден... Од друга страна си викам секое боцкање со игла ќе го осети секој неможе така неосетно... Многу паника ме фаќа, само мислам на такви глупости...
Зошто вакви црни мисли? Кој ти го препорача овој скрининг? Прв пат слушам дека постои.. Хпв инфекција се испитува со пап,а пап не се прави во бременост.
@Andra @Vojdana Др.Прамвера е за скрининг, таа мислам ги прегледува резултатите од крв, а иначе скрининг втор мене ми правеше Др.Кировски и има уште еден доктор, не знам како се вика, тие го водат ехото за скрининг и треба да те пуштат за крв да ти земат за скринингот. Исто има и на ГАК, ама нели сега не одат таму. И за Чаир треба да им кажеш дека е време за скрининг, пошто нели нема термини. И не плаќав ништо, а на приватно мислам дека се скапи скрининзите. @NanaMal За хив и уште нешто (не видов, можда хепатити, обично одат тие) еве на последната контрола сам си назначил докторот така да тоа може, ќе им кажеш дека не си правела крв во скоро време и такви тестирања и ќе ти пуштат, да не плаќаш приватно. Еве на крај тоа го правам, така да ќе се направи и тоа.
@Sofi.ja мене пап ми правеа во првата бременост во прв триместар, а во втората немаше потреба оти останав трудна 2-3 месеци после папот. Инаку прават. А за скринингот на @NanaMal и ја прв пат слушам. Ама хив, хепатит, сида и се тоа мене Ложанковски одма ми испитува на прв преглед, евентуално втор во прво тромесечие. Зима брис и пушта да провери. Ваљда зависи од гинеколог до гинеколог, ама мојов е ептен детален.
И јас за таков скрининг не сум слушнала, а гледам на последната крвна слика во Ремедика ми испитале Хив и Хепатити. А зошто членката толку далеку отишла со размислувањето некој да ја боцнал не знам...
Јас колку што знам таков скрининг не постои незнам како е по државните болници ,ама јас кога се пораѓав во систина на приемот во болница ти земаат крв за крвна слика,хемостаза ,хепатити ,хив и плус уште на некој работи кој ги пишува во пакетот за пораѓај ,хепатите и хив ги зимаат за твоја заштита ,а пред се и за заштита на здравствените работници мислам .
Тоа мора секако да се испита. Инструменти користат, они се изложуваат на ризик и сл. Ама нема потреба од страв, мада и мене првиот пат се ми помина низ глава што можеби си е нормално ... Не е дека имаш нешто, ама филм секад си правиш.
Феминки ноќва помина релативно добро, но со темно кафеав исцедок кој се надевам не е опасен. Матичниот ми прати порака, ми напишал строго да мирувам, да земам терапија... Му реков дека во Чаир докторите на визита ми кажаа дека првиот скрининг мора да оди со Приска тест заедно и дека тој тест се правел на ГАК. Мојов доктор вика дека не верува во резултатите од Приска тестовите и ми даде број од некој претставник за Verify тест што кошта цели 600 евра со оглед на тоа што имам наполнето 35 години. Плус поефтина варијанта било амниоцентеза. Ваше мислење за ова? Дали некоја од вас го правела тој тест од 600 евра и дали вреди за парите? За прв скрининг ми истекува времето , пола 13-та недела ја поминав веќе. Не знам што да правам...
И јас не правев приска ама немаше ни потреба за некој додатен тест. Тука многу членки прават има и посебна тема за тоа. Ако си во финансиска можност јас се согласувам со твојот доктор зашто доста се распрашував за приска.
Приска на ГАК не прават јас правев приватно во авицена и мојот гин сметаше нема потрева ама сакав да ми е мирна глава мислам сега до 13та недела се прави најдоцна 3800ден ..за другото не можам да ти помогнам...
Приска ниту јас не правев, ако можеш да закажеш приватно скрининг па со количка да те однесат до ординација, иако сега сметам ти треба строго мирување, а за амниоцинтеза кај што има крварење не се прави. И по мој гинеколог 35 не се ризик години за Verify, освен ако нема историја во семејството. Со лесно мила.
Епа да такво испитување е тој инфективен скрининг и знам дека е за моја и нивна заштита ама незнам зошто почнаа многу негативни и црни мисли да ми идат, особено за хив, прочитав дека можело со години да нема никакви симптоми освен симптом на обична настинка што никој нема да го поврзе со такво нешто... И тоа дека се пренесува и со намерно боцкање уште толку ме испаничи... Од кај знаеме дека сме сигурни