Приската може дополнително да те исплаши, или не дај Боже да е ок а да испадне проблем. Јас си пишувам за мене. Со син ми не правев од другите тестови ама до крај на бременоста си правев филмови не дај Боже да не има Даунов Синдром. Не знам зошто ама и од кога се породив додека не го видов ќе пукнев. Овој пат си реков ќе прежалам пари за мој мир. И правев Хармони тест. Имам 33 години ама ете, психата е лоша работа. Имам пријателки многу постари не правеа никакви испитувања освен ехо. Така да на крај ти и сопругот треба да си одлучите. И мило ми е што се е во ред, ти посакувам лесна бременост до крај.
Е како не прават, јас правев на ГАК. Сеа ради вирусот можда не прават, ама во ЧАИР сигурно прават. Ме изнасмеа Тие финти со боцкањето и сидата ни ги кажуваа коа почнувавме да искачаме, за да не де бутаме по гужви. Слободното време искористи го за паметни работи, можеш.
Тоа сакав да кажам не прават сега ГАК ради вирусот и сите одат кај најдат..за Чаир матичната не ме информираше
Женски, бев на цтг, на почеток ок, после заспа демек. Вагинално не сум отворена. Рече ајде уште 10 мин цтг. Демек сме го фатиле успано. Ми даваат сегА декстроза систем, јас осеќам дека си претка. Наутро секогаш е попасивно...Искуство вакво? ПРЕплашена сум
Ако сте во можност направете го полесно ќе ти е помирна ќе си, а дали правеше прв скрининг дали виде причина за дополнителни испитувања докторот ? или само заради години ти кажа да го направиш ?
Зошто преплашена? Па мое бебе ме уби од претање, на цтг секогаш спиеше инаетот мајкин. Еве и сеа се по негово е.. Едит: сакаат да е будно мислам за да видат тоновите на срцето дали се ок. Мене ми викаа зошто не си доручкувала пред цтг, а секогаш бев јадена. Благо носи и каснувај, мада моево благо не го размрдуваше посебно
Не ти истекува времето за скрининг а впрочем тој ти е најбитен во моментов. Договори скрининг по брза постапка било каде. Многу поважен е од приската. Ако е сѐ во ред на скринингот ќе немаш потреба ниту од приска ниту од пари давање за скапите тестови. Јас второто го родив на 35, никој не ми рече да правам од овие вториве. Ако немате во фамилијарна историја болести, тогаш не се оптеретувај, биди позитивна.
Ако си во можност направи го. Мирна глава ке си имаш. Но сепак не е сума за потценување доколку успееш неделава да се јавиш во систина или ремедика и ги замолиш и им ја кажеш твојата состојба може ке ти излезат во пресрет да ти закажат скрнинг па полека ке одиш. Немора да правиш приска не оди тој комплет заедно. Прашуваат само ако сакаш да ја направиш да ти земат крв истиот ден затоа што докторот што ке ти ги зема мерките од скринингот треба да ги наведе. А тие варираат. Јас правев во ремедика не прават само на гак Ајде лошото е зад тебе. Не се обвинувај и да знаеш не си единствена што поминуваш низ ова
Не се секирај минатото цтг го повторив 3 пати оти немаше активност па ајде касни благо прошетај па вратисе пак мирно пак благо и сок пак просетав и почна да мрда не којзнае колку ама битно имаше малку активност
Препорачуваат таков тест поради годините, да се види аномалии да не има плодот, самата возраст си носи ризик, добро е да се направи. Има повеќе тестови, не мора Верифај да е, истражи малку околу тестовите кој што испитува. Има и тема на форумов за тоа, отвори ја и почни да ја читаш, доста информации има таму и разни искуства. Да, околу 600 евра се тие пренатални тестови и се неинвазивни. Амниоцинтеза е другата опција и на држано мислам дека е бесплатно, но таа е инвазивен начин на проверка. Јас правев Нифти комплетен пакет, за една недела имав резултати.
6 месеци важат анализите и се прават пред пораѓај или интервенција задолжителни се хив и хепатит а од сега и за корона вирус.Затоа во 8 или 9 месец правете си ги анализите.И носете и извештај од крвна група тие што имате.
Имам 36 год. и поради тоа го направив пренаталниот тест. И кај мене и кај мм во фамилијата нема историја на такви болести, но што е сигурно, сигурно е. За точноста на резултатите гарантираат 99,9%. Првиот и вториот скрининг ги правев приватно. Навистина сето тоа кошта, но па мирот што го имаш не се купува со пари. Ние со мм не сме богаташи. Живееме моментално само со неговата плата. Јас дадов отказ штом дознав за бременоста. Навистина е тешко, но ќе се издржи, само бебето да се роди здраво и живо. Доколку си во можност направи го тестот и скрининг на приватно. Ти посакувам мир и со бебето се да е во ред. Се друго е неважно.
Со близнаците правев нифти,а сега се одлучив за амниоцентеза и не е страшна воопшто се мирува 2 дена во ману носев да се направи со упат од матичен.Сега сум 36 год.
Денеска 39 полни. Остана уште една недела Бев од сабајле на прошетка до најблискиот парк, дали дека рано ама немаше никој. Многу убаво ми дојде. Па си облеков фустанче за првпат оваа година, си ја излуфтирав убаво Свеж воздух, зелено и расцветано, мириса на пролет, врапчиња цивкаат, мајки со колички... Мераци. Али како сум улежана мајко мила, едвај 1км го поминав. Па и хемороиди ми се појавија од пред некој ден и ме болат. Пред две ноќи ме фатија болки во стомак и кичма ама поминаа. Синоќа ми се смени формата на стомакот, се исплашив прво дека се сврте хоризонтално. Ми се стегна стомакот, до толку ми се оптегна кожата што премногу ме болеше. Се истуширав и од страв си легнав да спијам, си реков ако тргнало ќе се разбудам од болки. Станував 2 пати за во вц и се си беше во ред. Значи пак некои лажни И така денеска се мислам да ги исперам тие навлаките на транспортерот и некој убав ручек да правам ама ме мрзи. Секој ден се повеќе ми се лежи, може и денеска ќе го прележам.
Јас се вратив сега пред малку. Во 6 др. Ми закажа пак да појдам нс цтг поради контракциите од третото цтг (јас ништо особено не забележав некои болки, дури и како да огладнев , ко да ми кркореа цревата) . После декстрозата рече дека е во ред цтг. Пред да ми истече системот, др дојде да ме види и ми кажа дека вака давале систем доколку бебе е успано. Рече ако после системот пак е успано ќе требало да ме задржат и да ми дадат провокации.Фала му на Бога, не дојде до тоа , но ќе видиме после во 6. Инаку, наутро секогаш е попасивно бебчево, а после ручек и навечер ела смири го...Малку ме испаничија...Исто имаше и едно друго девојче на кое му рекоја да се врати по еден сат. А тоа апаратот за цтг да не зборувам-дури да не наместат ....Ги прикачувам трите цтг-ина за некој ако има мислење слободно да ми сподели. Вагинално ме виде, не сум отворена (овој пат доста болно ми беше). На ехо исто гледаше, ок беше....И така, сега малку имам трема ама тоа е, ќе видам одручек, се надевам нема да требаат провокации денес
Јас кога имав контракции баш барав на интернет како изгледаат вистинските и беа како твоите на третата слика, само со иста јачина. А зашто провокации? Зашто да не се почека? Заради тоа што било успано? Да ни пишеш после во 6 што ќе ти кажат и немој да се секираш. Само опуштено
Хаха така? И јас сега со @lavinija28 Да се јави @Abeja до кај е. Другарките околу мене полека ги бришат од Термини. It's happening