Тек сум 29 недела и ме фака огромна паника од порагјај незнам зошто така кога не ми е прв пат ете првиот пат супер поминав.ми се случува нокје да се разбудам и само на тоа дс мислам.Уште немам одлучено каде дали со епидурал или не.Фала богу постојат опции денес еден куп ама страв си е страв
Здраво мешиња ете ме мене тотално изнервирана и изреволтирана од докториве,бев предходната недела на контрола и се бесе во ред и со бебенцето и све.Матичната ми рече да дојдам на 05.06.2014 после една недела да проверам крв,мокраќа,да ми земе брис и за микробиологија,и да ми побара термин за скринингот од 18-22 недела за во ск.И денес кога појдов само ме виде на ехо,ништо друго.Ми рече дојди др недела не можам сега ни брис да ти земам,ни термини да ти барам мн сум во гужва И ми вика плодот си е супер си одговара на неделите таман за 13 гн.и јас и викам како тоа нели јас сум 15 +4гн.Само ми ги крена рамениците и ми рече дојди за една недела пак.Ако ме верувате притисокот ми е можеби 200.Сакам да ве прашам за во Систина да закажам читам го фалите др Димчев,прашањето ми е кога треба да се јавам да закажам од понеделник ќе бидам веќе 16 гн.И колку пари е?Би ви била благодарна на секој совет и одговор.
Pregled ksj dimcev e 3500 znaci zboruvam za 4d eho.Obicno se pravi vo 12 22 i 30 nedela,no mozes i sega da si zakazes i da ti kaze kako se razviva koja nedela si i se sto trebs.jas licno mn sum zadovolna od nego i ne se nerviraj smeni ja doktorkata i gotovo.
Цццц не ми се верува до кај е ојдено здравството. Цццц катастрофа. Нема ли некој од министерството да чита??? Па и да чита што... небаре ќе се поправи ситуацијата... ако си во можност приватно си оди и не се нервирај.
Хелоу мешиња. Денес бев во Чаир кај д-р Георгиев и ме прегледа на ехо ме гледаше и ми рече ова е последно ехо, исто така, и на цтг пак ме ставија. Се си е во ред имам плодова вода се' уште, 3 степен на зрелост на плацентата и тоа ми рече дека е супер во ред е. Бебуле си е супер, одличено е мажето само чекаме да излезе дали на 21 јуни последен термин дали пред термин или после не се знае само со Господ напред. Битно ми беше да видиме до каде е мажево скоро 3 400 кг. е машала буцко мајкин, рече дека може плус/минус да терам уште до кај 3 700 кг. Битно ми беше дека е се во ред и да се роди здраво, живо, право и со сите нишани. Нас ни останувам сега да го чекаме денот Д. Па мешиња со лесно на сите јас ќе ве читам и пратам ако има нешто ново одма ќе ви пишам или ако некому треба некој совет тука сум. Имајте убав ден. Ве гушкам.
Здраво мешиња Ќе ве молам за совет. Пред малку имав болка во пределот на левиот јајник, нешто како грчеви, и болката оди до половината, одвај ја мрдав ногата. Пред некој ден истото ми се случи. Дали е тоа грчеви, или од настинатост (бидејќи сум настината)? Наредна недела сум на преглед, па тогаш ќе го прашам и докторот.
Душо сигурно се работи за грчеви позната ми е болката ногата ти се грчи,пиеш магнезиум или калциум??? не се секирај одмарај повеќе и кога ќе одиш на преглед ќе си прашаш пак ама сигурно за тоа се работи мисли си позитивно и немај гајле се си е во ред
Мила не троши време со неискусни доктори оди си кај Димчев,јас сите најбитни прегледи кај него си одам и се супер си е се,тој преглед што го правев на 4D во 15 недела,ме кошташе 2000 ден овој сега пред 3 недели што го правев на 23 недела скрининг за срце ме кошташе 3500 денари исто на 4D ама дополнителен преглед на срцето на бебето му правеше малце посложен бил затоа излезе поскап така ми објаснија таму ич не се замарај закажи си што поскоро да си бидеш мирна поздрав
Немој да се плашиш, нормално е во бременоста да имаш болки во јајници и во половини и стомак, секако во граница на нормала да се болките. Јас ги имав како слаби менструални. За настинка витамини и нозете во топла вода да се стоплат. Нели од нозете се настинува. Позздравчее
Ви благодарам на одговорите Пијам Магнезиум 1 х 350мг дневно. За калциум не пијам, ќе го прашав минатиот преглед, но знаете како е, од дома излезеш со милион прашања а таму се заборавиш Се надевам овој преглед нема да заборавам да го прашам.
Скринингот во 22 недела го правев во Систина кај др. Гордана Петровска, е сега не ми е јасно, нели тука читам дека тој е 4Д, ме збуни моментот што она цело врем ме гледаше на обично ехо и на моменти го уклучуваше 4Д, поточно кога сакаше да го слика ликот на бебето, колку да ни даде слика на нас. Но, детално ги гледаше и прегледуваше сите органи, беше подетален преглед за разлика од оние кога одиме на контрола. Кај сите е ваков скринингот или? Јас очекував дека цело време 4Д ќе гледа, па ме збуни. А дали некој бил кај педијатар кардиолог во 24недела? Она ми рече ако сакам да одам, според неа се било ок и со двете бебиња, ама ако сакаш оди....јас закажав па ќе отидам и на тоа, што е сигурно сигурно си е.
здраво мамицки многу сум загризена само сто се вратив од лабораторија ги зедов резултатите и гледам дека нивотоа на албумините ми е намален под границата се малку многу се загризив од сто би мозел да биде тоа и какви последици има? ако некоја има информација или искуство нека написе??? инаку мене во последно време и плодовата вода ми се намалува и изгледа треба порано да де породим царски ау многу се пласим да не се слуци несто на моето бебе. дефинитивно крајот бил потезок од целиот период од бременоста. имајте убав викенд
Трудници, само сто го прочитав ова, за урмите, на интернет и сакам веднас да го соделам со вас: Olakšava porodjaj Eksperiment koji su proveli na Univerzitetu za nauku i tehnologiju u Jordanu pokazali su da konzumiranje hurmi 4 sedmice prije porodjaja, može majkama olakšati porodjajne bolove i umanjiti krvarenje. Žene koje su prije porodjaja jele hurme, porodile su se lakše i brže, za razliku od onih žena koje nisu uzimale ovo voće. Osim toga, hurme su ženama pomogle da prebrode postoporodjajnu depresiju, te da proizvedu dovoljno mlijeka za bebu. Среќно
Здраво мамички Редовно ве читам, но не сум по пишувањето па редно е да споделам малку информации за нас Влеговме во 30та недела и неможам да си поверувам колку брзо лета времето Одиме на контрола на 4 недели и фала богу се е во ред со нашето маженце. Јас примав и Рогам дека сум негативна крвна група. Не правев тест за скриен шеќер, бебушот има нормална тежина. Сакав да ве прашам од 30 тата недела што испитувања се прават во МК освен редовните контроли? Јас сум во странство па ме интересира дали е исто. И кога почниваат контролите почесто - на 2 недели? Ви благодарам и уживајте си со мешињата
Здраво на сите. Јас вцера направив тест ноќеска уствари и е позитивен, најверојатно сум околу 5 и пол недели. Имав спонтан пред година и пол во 11та недела со прва бременост и сега сум во невидена паника. Кажувајте како да се смирам Најверојатно сите поминуваат низ истото...
Маркиза, честитки уште еднаш за бременоста, ти посакувам оваа бременост да ти трае 9 месеци и да си добиеш прекрасно бебенце Знам дека е тешко да се спроведе на дело, но позитивната мисла може највеке да ти помогне, секако и редовните контроли и практикување на советите на гинекологот, јас само би додала, и во најмала дилема или недоумица секогаш да имаш второ мислење, по мене само така можеш да бидеш на чисто. Среќна, убава и лесна бременост!
Lori-30 i Markiza30 добро ни дојдовте во темава ви посакувам најубави и најлесни труднички денови.Само смирено без нервози,повеќе одмор,мазење,пазење и се ќе си биде во ред.Јас како вчера да го видов позитивниот тест а веќе ја тераме 16-та недела....времето лета.Позз до двете се најубаво ви посакувам и мн мн ми е мило за двете посебно за тебе Lori-30 бидејки знам колку го очекуваше ова.
Да се распрашаш за чуварчето, она како кактувче што е, како цвет, не знам како да ти го објаснам, распрашај се за што го употребуваат, како го употребуваат. Или на крпа стави пропржен кромид или праз, што ќе најдеш, праз е подобро, и врз него крпа и легни со тоа на увото кое те боли, ако те болат и двете тогаш напоредно Мене од ова ми поминувало да не пијам лекови