^јас се возбудувам за сите вас кои следувате и мн сте ми интересни да ве читам. Со лесно на сите да ви е
За повторно цтг ми закажа поради контракцииве, да ме видел пак(третата слика е последната). Исто, ќе видиме и колку ќе е активно. Инаку, провокации ми спомна преѓе во случај после системот, ако уште е успано, тогаш требало дополнителни прегледи и можни провокации ако не покажува движења...Инаку сега од кога се најадов осеќам дека се расклоца, а и за време нс системот и цтг-то си преткаше, ама не кој знај како (секогаш после ручек е најактивно). Сестрата ме праша што поручав, кажав млеко со житарки кај 7.15 и таа рече еее тоа е малку за бебеЈас скоро секогаш тоа поручувам....Ќе ве известам после Инаку и не сум убаво спиена ,околу 5 и нешто се разбудив за ве-це и не презаспав. Сега мислам нема шанси да дремнам ха ха....
Денес бев на преглед до кај матичната ,добро е се фала богу ,бебе расте 1500 гр . е ,плодова вода има доволно ,е сега рече дека ми се јавиле неколку ситни калцификати на постелката ама сега за сега не е нешто страшно посекако за две недели сум на преглед во систина ќе видиме и таму .
Хив и хепатити се прават секаде, за било каква интервенција на приватно/државно мора да имаш хив и хепатит направено. И истото се проверува преку крв (не преку брисеви!). Јас ги правев уште на почеток на бременоста на државно ама верувам дека секако пак ќе ми земат во Систина. Инаку такви филмови со шприцови само во приказните. Хив заразените кај нас а и во светот се заразени исклучиво преку незаштитен сексуален однос.
Ако може да споделите искуства или кој доктор сте го одбрале за породување ме интересира за Ремедика..терминот ми е јуни па како се ближи времето размислувам и за тоа кај кој доктор да се одлучам...одев кај Афродита за скрининзите по еден преглед кај Јегени и Хаџи Лега тие ги знам отприлика ама еве некој да сподели кој е подобар за породување.
Младен Ристевски да така сме договорени бев во 22 па во 28 сега ми закажа за во 32 недела следен преглед.
Јане Стојкоски е врв, смирен прецизен, за мене најдобар. Инаку сите ти се супер кај кој и да одлучиш нема утка.
Јас денес бев на ЦТГ, мирно е. Бебе е многу високо, докторката вика абер нема да излезе, 39+4 сум. Ме загрижи што рече дека плодовата вода е намалена за два дена на контрола. Ми се погоди една фина докторка во Чаир ме посоветува ако имам некој да најдам за царски да ми направат. Има ли некој искуство со намалена плодова вода? Сега ептен ме фати страв што ми спомна царски
Нормално е да е намалена, три дена пред термин си. Незнам зашто царски ти рекла, постои и опција провокација ако сѐ друго е во ред.
А штом таа била докторка да не сакала индиректно да ти каже неа 'да ја најдеш' за царски? Да не ме сфатиш погрешно ама знам дека си имаат тарифа за царски.
Мене ќе ме пораѓа Афродита цело време бев кај нејзе на прегледи, за две недели сум на прво цтг и преглед
Јас одам кај др. Ефремовски него го избрав за пораѓај, досега ми е супер, па здравје да се породам ќе кажам како сум поминала.
Како прави гинеколог така. Мене сигурно Кацарска ќе ми направи како и првиот пат. Крв знам зимаат пред пород.
Да ви се приклучам со возбудиве 3 пати се туширам и се препотувам на секоја болка иако знам дека не е контракција ама сама сум дома и некако сум цела испаничена...
Да не редактирам... Имате болки како пецкање или некое прободување ниско во стомакот и дундето мислам дека ми се расцепува во одење...тоа значи дека се подготвува за отварање или нешто друго можи да е...најчесто кога движам така ме пресекува и мора да застанам да ми помини па продолжувам..
Jas se dogovaram so Prof Dimitrov.I operacii i se sto imam dosega kaj nego praveno sum zadovolna.Pa sega zdravje boze i poragajot
Здраво на сите, како сте? јас денес бев на преглед ехо ме гледаше, инаку сум 16 недели и 4 дена, вадев крв денес по прв пат како останав бремена.. а ми рече за скрининг после 21 недела, брисеви ништо не ми правеше, само ехо.. а за скрининг ме праша каде сакам да одам , дали чаир или некоја клиника, сега незнам искуства каде најдобро да одам и кај сте биле вие и има некоја искуство во чаир или некаде да ми препорачате