А со железото како стоиш? Тоа е многу важно за енергијата и крвта, пошто кај скоро сите трудници паѓа. После ќе си го средиш ако е до него.
Феминки здраво. Вчера бев со доста кафеав исцедок, дури и кога се туширав како темно кафеаво парче падна во кадата, после ми намали па по капка-две на секојдневната имав...Црвена крв немам. Дали ова кафеавото е стара крв од претходно што имав крварење или индицира на нешто друго? После сум кај матичниот , треба да ми стави Прогестерон инекција. А и болкиве на моменти едвај се трпат. На страна едвај се вртев ноќеска, мислам сите црева ми се превртуваа... Више не знам од денес за утре што ќе дочекам. Откако завршив во болница викендот ништо веќе не е исто.....
Каде да се жалам, 16 недела уште повраќам по цел ден, ќе пукнам. Не можам да ги оставам апчињата, а веќе страв ми е долго ги пијам. Абее кога прекинува ова
Женски, бев на контрола. Сега разбудено беше ама дома јадев тост+чоколадо+кока кола една чаша. Болки се покажаа на 2 места негде, ама не регуларни а јас ги осетив како мрдање на бебе. Пак вагинално ме виде, не сум отворена. Сега контрола петок...Ама искрено одвај спиев сношти, мислејќи глупости. Фала на Бога ок е засега....
Денес 39 полна, уште една недела не дели до запознавање со најдобрата другарка утре сум на контрола, се надевам ќе поминам супер, и ќе биде се во ред и нормално. Знаци за пораѓај нема, си чекам....
Јас имав цели 2 недели можда и повеќе темно кафеав исцедик по престанување на крварењето. Докторот ми рече дека е стара крв што мора да истече, така да не се секирај, а за болките стварно незнам зошто така, пази се многу, многу, значи само лежи и ништо да не правиш, станувај апсолутно само за во тоалет... Знам дека е тешко, јас 2 мржесеци лежев ама верувај се исплаќа
Бев на преглед вчера, бебето супер 2750 грама. Во крв и во мокрача пак си имав леукоцити. Постелката била во ред, спомена дека имало и појавени калцификати, прашав што е тоа, ми рече дека не било ништо страшно. Ми зеде брис докторот и ми кажа во понеделник да испитам скриен шеќер. Ми се чини доцна тоа дека е 36 недела ќе бидам, ама вели подобро подоцна отколку никогаш.Во вторник треба да одам пак со резултати од брисот и од шеќерот. За породување не сакаше докторот муабет да правиме, рече на следниот преглед.
Завчера и јас прокрварев. 11 недела сум. Не беше свежа крв како што ми се случи во 5та недела, туку темно кафеав исцедок и веднаш штом приметив бев на дежурен. Таму ме гледаа само абдоминално, бебе е супер, докторот ми вика не гледам ништо што би предизвикало крварење. Ме боцнаа прогестерон, терапијата со дабростон ми ја појача на 4х1. Вчера се слушнав со мојот доктор ми рече следната недела кога ќе правам брисеви да се види да не се има случајно направено некој цервикален полип па од него да крварам. Ми рече да не се грижам, не било опасно, ако било тоа бебето не било засегнато. Баш ме интересира тебе што ти кажаа, од што крвариш? Пиши што ќе ти рече сега твојот доктор. Верувам дека не е нешто страшно
Здраво мамички...термин денеска бебка абер нема болки никакви почнувам да се нервирам ајде доста е веќе нека излегува
Мене ме фати некоја позитивна возбуда и едвај чекам, не можам да поверувам дека за некој ден ќе ја видам конечно после толку време, ќе ја гушнам, ќе ја гледам со восхит, ќерка моја, пишувам и солзи ми навираат од среќа ако ми верувате, за некој ден во домот ќе имаме нов член, мало човече кое е дел од мене и сопругот, наше најмило за кое вреди и животот да го дадеме, наше се... лелеее кои емоции се... лелее луѓе едвај чекам, нестрплива сум многууууу.... Евее едно преубаво видео кое секогаш кога го гледам ме разнежнува.
Јас како сум упрпана од пораѓајот, ама тебе вака кога те читам ме облева позитивна енергија. - Инаку, денес почесто сеќавам свтрднувања во стомаков, дали се претања од бебчо или контракции, не сум сигурна, не се на одредени интервали. Ама и многу ме сечи долу вагината, во некоја вертикална линија на среде, абе на некои стврднувања во стомаков паралелно долу сецнува и дури се држам да не ме боли Дали дека вчера 2 и денес 1 вагинален преглед, не знам. И кажав на др, рече од самата тежина се прави притисок. Ама кога ќе ме заврти внатре , многу незгодно е. Така, ќе си чекаме сега
Леле @Veki4kaa ме израсплака со видеово, што ми требаше да го гледам. Емоциите ми се до небо овие денови и си приплакувам од убавини.
Нели е преубавооо? Јас секогаш си го гледам и уживам, посебно делот кај што плаче бебчето после раѓање, е тоа е тој најубав момент кој не се опишува со зборови.... @lavinija28 само храбро и без страв одиме на пораѓај, само така ќе поминеме најлесно,стравот и паниката не биле убави за матката и пораѓајот, мисли позитивно и се ќе биде убавооо!
@Veki4kaa фала за видеото, ме разнежни. Бременоста цела ми е со измешани емоции. Се сетив сега на првиот ден кога го правев тестот колку се тресев и се радував. Потоа со тек на време ми се јавуваше и страв од непознатото... Еве сега кога сум при крај не можам да објаснам како се чувствувам. Толку сум нетрпелива, едвај чекам да се породам и да го видам и запознаам малото.. Веќе и страв изгубив, се плашев од процесот на породување и се што ќе ми се случува, еве веќе воопшто не се плашам. Ама ич не се плашам, само сакам се да биде во ред и да се гушнеме..
Леле што ве читам сите што сте во очекување на бебчињата толку позитивна возбуда ме фаќа и мене ко и јас да треба уште малце да се пораѓам, иако ми е премногу рано мене. Ви посакувам лесен пораѓај на сите.
Ееее кога беше кога доби позитивен тест, па си пишувавме како ќе му кажеш на татко ти Колку беше потресена. Па за цигарите како да ги оставиме... Боже, како лета времето.
Мило ми е жени шо ве расположив, И расплакав ама со солзи радосници... Мора да сме позитивни и храбри!!! Ви пуштам позитивни вибрациии Одам јас да пуштам машина за бебка, мајка ми само купува , прва внука мерак голем, туку ќе се јави ја ти купив ова, ја ти купив она нз што би правела без нејзе, една е мајка!!! Имајте убав ден