Ее лета навистина. Ти ми даваше поддршка многу и потоа кога се замарав со свадбата ме храбреше. Еве сега ситно бројам, па ќе читам ти како си поминала и уште толку ќе ми биде поопуштено. Стално те шпионирам ее кога ќе се сетам баш на тој период низ сите теми пишувавме и си дававме поддршка, паметам кога @0ли ми предвиде и овулација, и тест кога да правам, ее потоа ме караше кога се глупирав и трескав глупости по форумов. Ајде сега пак истата екипа ќе се дружиме во другите теми, па и во категоријата за бебе ќе пишуваме.
Си ги шпиунирам јас кај бебињата И таму караат Ми фалат тие што беа при крај кога ние бевме на почеток.
Ми текнува и мене, ти ги броев деновите, пресметував, пустев Доцна овулација имаше и всушност уште не ти доцнеше, не беше време за тест. И добро излезе на крај, еве нè!
И вие ќе ни фалите на нас што сме на почеток Ве читам сите, собирам искуства за понатаму Ме разнежнавте со коментарите погоре...Се надевам ќе стигнам и јас до таа фаза..Со лесно да ви е на сите што за брзо ќе си ги гушкате бебињата
699 последно од Еурофарм ги зедов јас, мислам дека сите витамини за трудници се секаде поскапени... @Veki4kaa со видеово што го сподели со нас си позитива на денот сите не' исповозбуди и не' израсплака кај и онака сме преемотивни и со луди хормони, ама прекрасно е... Дај Боже со лесно да ни е на сите, нема поубав момент од оној кога ќе го гушнеме нашето најмило
Девојки до кога најкасно може да се направи фетален ехокардиогравски преглед? Една сестра ми рече до 26та друга до 25та недела ...
Ве читам сите што сте бремени со прво. Се присетив јас кога бев при крај со син ми, колку бев возбудена. Мислам дека тие се најубави моменти што никогаш не се забораваат. Сега со второ во мешето, многу е различно. Прво немам многу време да го мислам а и дека од прилика знам што ме очекува возбудата е помала. Како и да е, и јас одвај чекам да дојде јули и да си го запознаеме.
Јас би побарала и второ мислење за калцификатите. Ако се појават пред 36та недела мислам дека треба повнимателно да се следи состојбата.
Мене нереално ми е уште. Не можам да замислам уште како ќе биде кога нема да е едно џивџанче, туку две. Само пресметувам како ќе бидат со години разлика за да си играат и да се дружат. Многу сакам да си се имаат како другарки цел живот.
Веќе сум 35та недела, а од сам почеток бебето е понапредно за една недела и неколку дена. Искрено не ни знам што се тоа калцификати.
Калцификати колку што сфатив јас се оние белите точки на плацентата кои се гледаат на ехо и означуваат дека веќе плацентата зрее и наводно бебето помалку се храни и помалку напредува (да не те исплашам со ова, кај мене е така ама си напредува). Обично викаат кај пушачи изгледа така ама ако прочепкаш низ форумот ќе видиш дека повеќето мајки не ни пушеле.
Калцификатите се точките, се појавуваат кога почнува да зрее плацентата. Се зависи кој степен е? Доколку не одговара за неделите ќе те пратат да провериш дидимери. Лошо е ако има лакуни, па сега препрашај. Ама и јас имам калцификати а дидимерите ми се 360, па сега и време и е да зрее
Трудници со второ сакам да ве прашам како планирате да се организирате со спиење -креветчиња на децата ,моите ќе бидат точно 3 години разлика ,син ми спие во креветче залепено до спална ,не сум паметна како да се организирам за спиење со двете дајте совет идеа вие што планирате ?
Јас цела бременост ги пијам одма после ручек. Моите се со омега и другото апче е во розова боја. За омегата знам дека е најдобро веднаш после оброк да се зема. Исто низ форумов имам читано дека фемибионот после ручек ги пијаат.
Депозити на калциум, значи дека постелката старее, кога е пред термин бременоста е нормален процес, кога е пред 36та недела јас сум слушнала од докторка дека се препорачува повнимателно следење, најчесто не е ништо, но дека е малку порано од очекуваното треба да се следи, и ако пиеш суплементи со калциум прашај доктор дали да ги намалиш или прекинеш и притисокот следи го
Леле јас пијам калциум додаток веќе 1 месец од страв за забите да не ми се расипат.. ме стави на мисла.. во понеделник треба пак да одам, ќе го прашам обавезно. Фала многу.
Јас од почеток на бременоста Femibionot го пијам наутро на гладно. Сега кога прочитав погоре дека пиете после јадење, ме фати паника.