Девојки здраво!Денеска цел ден имам некоја тапа болка на левата страна на стомакот странично ,малку погоре не е доле кај пределот на јајниците-се надевам добро објаснив!Некоја да се има соочено со истото,од што би можело да е?Некако ме фаќа паника. Инаку јас сум 21-ва г.н. и во понеделникот бев на ехо ,бебе беше супер ,се си беше во ред.
Леле баш ми е жал и ја сум таква не знам да повраќам па тие жолти киселини ги повраќав во 8ма недела и мене исто така ми беше страшно и мачно. Се надевам побрзо ќе се спасиш од киселините и ќе ти биде подобро
Женски утре сум 34 недела. Од вчера многу ми се стврднува мешко, од лева страна горе под гради ме боли онака убаво кога одам. Ви се случувало ли вака, незнам дали има место за паника. Инаку бебе си е активно ...
А за леукоцитите во урина што ти рекоа? И јас имам матичната не се позамара. Не ти треба ништо терапија ми рече, ако ми се појави бело прање да и се јавам. А уринокултура без бактерија. Незнам ама некако не сум мирна.
Јас до пред некоја недела од што и да ставев во уста исто такво одвратно чувство имав после тоа. Сега ми е така најмногу од салата во која има кромид, ама не ми е до толку лошо да морам бонбона да излижам или јаболко да изедам. И уште не знам да препознаам што е киселина иако еднаш повратив така жолтила и ми гореше цел хранопровод. Само тогаш бев сигурна дека се киселини
Исто и јас за три дена ќе влезам 34 недела и мене ми се стврднува мешко и ме боли некако чудно а бебе е активно...
Како наближува време се ме боли, долу препоните веќе редовно ме болат, а ова малку ме исплаши, па незнам дали така треба. Со првото не се сеќавам како беше пред осум години
И кај мене веќе неколку дена имам такви стврднувања кога се мрда бебче, прееска дури и ми се измести цел стомак на десно. И прв пат до сега да осетам така како не толку слаби менструални болки и одма легнав да одмарам и земав и магнезиумот. И јас со првата бременост пред 7и нешто години, ништо не ми текнува и многу брзо ми прелета времето
Не е прв пат.Постојано ми се појавуваат а брисевите чисти ми се. Претходно Ми даде cysticare витамини за прочистување на мочни патишта, сега рече само да ги продолжам.
Оф мила ни мене тие на природна база, реглан и б6 ништо не ми делуваа. Јас 2 пати и во болница лежев за повраќањево и ми дадоа терапија за луѓе што се лечат со хемо, демек безбедна е за трудници. Јас и со првата бременост ја пиев. Само сега многу долго повраќам од 6 недела како ме фати еве уште трае.
Е мене реглан не ми дадоа, само антиметил и едни капки имбифем мислам беа друго ми рекоа не смеело, матичниот рече ако ептен неможам никаква храна да задржам тогаш нешто појако, се надевам ќе помине на почетокот беше многу полошо
Здравоо женски се враќам од цтг покажува болки ама јас ништо не сетив наредна контрола в недела а по потреба во случај на болки да појдам пак..
Jas od deneska ja pocnav 21va nedela, terminot mi e 11.08. do 11.09. since nosam. ☺️☺️ 6ti mesec li go pocnav? Ne se razbiram mnogu u ovie gestaciskite nedeli.. imam 77kg.
Здраво мамички. Денес зедов резултат од микробиологија, инаку сум 9 недели. Рубела IgG ми беше позитивен. Гинекологот ми препорача антибиотици да пијам по 2 наутро и 2 навечер... Дали има некоја мамичка искуство со ова? Ме исплаши докторот..
И кај мене исто покажуваше ама не ги осеќав нешто особено...Во тој момент ми се чини како да преташе бебе, а не да ме болеше од некаква болка. Дали вагинално те прегледаа (за отвореност или грлото да го проверат)?