Да тоа значи ... во 12та недела нели се микробиолошките брисеви и испитуваме TORCH i вируси хепатитис B,C,HIV.. i Кога ги испитав јас беа негативни само рубела позитивно , ама тоа дека имам прележано ... да не е за друго антибиотикот
Јас немав брис за рубеола..и да во 12та недела се прават затоа што претходно било рано за антибиотик и да имаш нешто се чека барем мене матичната така ми кажа... чудно ми р во 9та антибиотик мора да е за нешто друго најдобро да се консултираш пак
Чим ти проверувале рубеола, тоа значи дека ти правеле Торч, тој се проверува преку крв, не преку брисеви. Рубеола IGG позитивно значи дека имаш имунитет (најверојатно стекнат од вакцина). Епидемија на рубеола во Мк немало можеби 30 години наназад. Ниту пак има некој што бил позитивен, последниве 30 години. Антибитоците се за нешто друго дадени. И за некој друг ако чита, рубеола ако е позитивна жената се препорачува абортус секогаш.
А не ми е јасно зашто толку рано. Јас мислам Торч немам правено преку крв дали сите имате правено? И по тоа што кажуваш нели би требало сите да ни прават тестирање за рубеола?
Фала ти мн. И јас се изначитав иако IgG стои дека имаш стекнат имунитет. Преку крв беа испитувањата .
Читајќи овде сфатив дека брисеви се прават во одредени недели низ бременоста. Имам веќе пишано дека овде не прават воопшто брисеви во текот на цела бременост, арно ама вчера докторката се смилува (дека се пожалив на секојдневна болка во стомакот) и ми рече да одам наредна недела да ми земат брис, тогаш ќе бидам 20та недела, не е проблем? Инаку ми мереше повторно цервикс (овој пат вагинално) ваков болен преглед не сум имала во животот, демек поубаво да измери, за на крај повторно да биде 25 мм. За нив тоа не претставува проблем, кога ја прашав дали треба да одмар ми одговори само да не се форсирам многу а обврските околу детето и домот слободно да си ги обавувам Плацентата ми е на преден ѕид и ниско, имало време за да се среди Болките можно било да ми биле од што сум слаба (немам покачено кг.) Тоа е накратко од мојот преглед
Баш ја прашав гинекологот. ТОРЧ праеле само ако видат некое благо пореметување на ЕХО и некои јазли ли лимфни околу плодот (не ја разбрав убаво, труп сум медицина) и рече немало потреба да праам јас. Штом не ви рекле, не треба да праите.
Јас правев, без разлика што никој не ми спомна дали треба или не. Не е само рубеола во тестот, има и други работи.
Рубела, на латински пишувам јас Па така мислев ама не бев сигурна, и @Mantub дека ми ги пиша кои се сипаниците ептен се збунив. Ќе гуглам сега
Торч е најубаво да си го направите заради себе. На пример пред две години мене ми открија Токсоплазмоза. Додека не се излечив не смеев да останам трудна. Јас Торч не правев во бременост, ама пред тоа на секои три месеци го проверував така да немаше потреба.
Мене не ми го спомнале до сега и се ставив во мисла. Има ли период до кога се прави во бременост? Ќе се консултирам секако и со матичната верувам имала причина штом не ми посочила ама сакам се да правам што треба