Девојки искуство со ЗИТРОН во 11та недела? Денес бев во ремедика да примам инфузија зошто ужасно повраќам и немам сила дехидрирана сум, на гочтка вода трчам во вц на повраќање. Докторката ми препиша Зитрон по потреба но читам дека се малце опасни, а некаде па читам дека ги препорачуваат во исклучителни моменти како мојов. Ве молам за искуство ако некоја од вас користела?
Феминки денес имав стварно убав ден. Отидовме во Систина и им објаснив зошто не дојдов понеделникот на закажаниот скрининг и испаднаа фер, ме сфатија и докторката Гордана ме прими иако чекавме малку. Скринингот беше во најдобар ред, сите маркери и параметри на бебчето беа добри. Докторката рече дека постелката ми е ниско поставена ама за еден месец ќе се крене погоре. Носам машко бебенце и сум многу среќна...
@Butterfly1107 Igg е веќе поминато, стекнат имунитет или некогаш си имал контакт. A IgM е моментално или активно доколку има нешто?
Да, Igg e стекнат имунитет или преку вакцина или преку прележување. Igm ако е позитвно тоа значи дека активна е болеста моментално.
И сега само насмевка на лице...наместо посерко ќе кажеш бисерко... и да уживаш, повеќе одмор и нозете во вис
Ме прегледа вагинално да ја прашав ќе биди за брзо или си се насмеа само и ми кажа бебето е во каналот спремно за излегување да движам повеќе да не лежам...и сега гледам на извештајов пишува отворена еден прст...ако немам болки контрола во недела
Жени не сум сигурна, ама мислам дека вчера ми падна мукозниот чеп. Бев до вц по мала и кога станав во школката на сувиот дел имаше лигав жолтеникав густ исцедок, што мислите дали беше чепот? Еве слика од нет прочепкав, вака беше нешто,
Векичкаааа Значи баш како што го опишуваа изгледа Види таму во темата за Мукозен чеп може има слики. Ајде полека и ти се ближиш кон крајот.
Ај ќе чекаме, трпение спасение А бев инаку денес на контрола цтг и ехо само ми направија, нема никакви знаци , се е таман , цура 3550 ми останува да чекам а не ми се чека веќе
И јас вчера на цтг бев, поучена од случајот со @lavinija28 се напив пола чаша кока кола пред да одам за да не биде успиено. Мхм успиено. Едвај му го фатија пулсот, прво го најдоа доле во препон (така се смеевме ама стварно ептен ниско беше), само што ме врзаа се измести. Сестрата се препоти вика абе кај има простор да мрда Цела линија ми е испрекината ама секако контракции немаше и го исклучија. Сега следно во недела, па во вторник ми рекоа и на ехо да ме видат и вагинален преглед (веројатно тој со рака). Како и да е, ми рекоа нема да форсираме, ќе сме чекале и после термин. Баш никаков знак немам.
Јас веќе не планирам да одам, ќе чекам знак за пораѓај, ми рече следно на термин на 06, дај боже да се породам до тогаш, многу ми е малтретирање од Велес, и овие цетегињава за мене се глупост најискрено, ја прашувам бабами незнае што е, 6 деца има родено. Ни ехо ни цтг ништо не правеле и па здрави деца раѓале.
Ма какво цтг ајде ќе речиме бабати постара е мајками и свеки појма немаат што е ни како изгледа ни им направиле некохаш...дури одев на овие редовниве испитувања па скрининг па брисеви кај имше вели за нас така одиш еднаш два пати и наредно на пораѓај..мене ми се чудеа и ми паничеа што секој месец одев за крв да проверам...ама ајде ќе си речиш ексик па и времињава се далеку отидени со секакви болести...бог да не чува сите и со лесно да поминиме
Јас со првото на цтг бев 40недела полна и само еднаш... тоа пред 12г... сега оделе секој ден и некои по 3пати на ден така кажуваа... леле кај ми е крајот.
Јас со кола за 5 мин сум во болница, повеќе ме нервира маската и што се гушам пола саат легната на грб ама тоа е. Идев на една недела, сега на 4 дена, па после ми доаѓа на 2 да одам. Страв ми е мене да не одам
Да зависи од докторот некој и една контракција да регистрира ќе ти речи дојди после или дојди утре пак...а ако е како мојава докторка ладен еве терминот еден ден ми е надминат покажува болки на цтг додуша јас не ги чувствувам и ми вели наредно в цтг в недела а ако имаш болки крварење или ти пукни водењакот тогаш ќе дојдиш
Мене исто со првата бременост докторот што ме водеше (сега веќе во пензија е) си ме гледаше на ехо нормално еднаш месечно. Последно кога ми даде упат за во Државна ми рече ако не те фатат болки или нешто сл до термин, тогаш ќе отидеш Државна. Сега со вторава бременост се ми е поразлично, плус и дека читам на форумов
Не зборот ми беше дека тогаш не се одеше често на цтг, а сега одат. А да и докторот си прави проценка
Јас вчера а и денес имам стврднувања кои траат долго, вчера после вечера а денес после ручек. Сега излегов да попешачам, ама тешко оди. Толку ми е стегнат цел стомак, бебе прета, дури дишењево ми е стегнато. Малку и половината ме затрга, кога одам по пат напред ми е скрос стомаков и половинава како нанапред да ме турка. Утре сум пак на цтг, па ќе видиме. Имате ли вака стврднувања на цел стомак кој трае подолго? Значи од под гради па до долу, цел ....
Мене 3 вечери по ред ми е таков стврднат, оптегнат и баш ме боли кожата. И од страв одма легнувам да спијам