Покрај силните претања и здрвувања и јас имав болки и стегања ниско, како штипење силно. Ама штом поминуваат сигурно се лажни. Се думав дали да пијам магнезиум ама го прекинав нели дека околу 36 недела се прекинува. Ти пиеш магнезиум или б6?
Остар мирис може да е вагинитис и жолт ама најдобро е брис само понеделник јави се барем брис да ри земат да не чекаш до среда.
Лелеее женскии бебе рипа два дена цел стомак ми се мрда  нормално ли е во 24недела толку да се движи?
Јас сакам да се породам веќе... Не можам.. Не сакам да звучам негативно, не мислам ништо такво. Баш сум расположена, ама не можам да се измачувам веќе психички, синоќа ме напнаа “стручњаци” ми делеа памет каде и кај кој доктор да се пораѓам, пробуваат да ми менуваат планови.. Друга личност ме предупреди дека сум многу дебела и дека тешко мене после пораѓај, да сум се навикнала ваква да се гледам, немало назад веќе.. џабе ќе сум ослабела кога кожата ќе ми била олабавена, ќе сум имала вишок кожа, страшно сум изгледала со толку сало на себе, како ли сум се гледала и зошто ништо не сум презела... Ќе сум видела јас маки кога ќе почнам со доење. Свекрвата упорно ми раскажува колку и било тешко и болно породувањето. А таман бев ги тргнала сите тие работи од главата, се имав помирено со се, и страв веќе изгубив и се ми беше океј. Пробувам и сега да не западнам во негативни мисли, барем да можев да се тргнам некаде на некое време и да не слушам вакви работи. Планирав да си заминам во Штип негде после 10 мај и таму да си чекам болки да ме фатат, ама сега слушајќи ги глупостиве сакам веднаш да заминам и да си бидам сама.
Како, како, како? Како ли некој си дозволува толку многу? Колку треба да си безобразен и без осет на трудница во 9ти месец ова да и го кажеш? Те молам да заборавиш се што ти кажале. Нема да пишувам сега како не е проблем дебелината или дека не се плашам од пораѓај. Проблем е. Жените што не се поправиле нема да се замараат со диети и вежбање можда, ние здебелените ќе си бидеме на режим и да, може и кожата ќе ми биде обесена ама ич не ми е гајле. Знам дека вреди. И цел живот нека бидам на диета, ЈАС ќе бидам на диета. Боже, како се засекирале сите. За пораѓајот и мене ми збореа сите до детали, како биле шиени, како биле најизмачени... Мајка ми првпат после толку време вака ми рече: Боли, ќе те лажам ако речам дека не боли. Ама има моменти во животот што болат многу повеќе. За убаво е. Додека траат болките само диши и концентрирај се на сликата во глава дека доаѓа и за кратко ќе го земеш во раце и се ќе заврши како да не се случило. - Ама мамо ако ме шијат, ако испукам... Ништо не се осеќа, буквално ништо нема да осетиш од тоа, само диши и слушај и не ми се јавувај хаха. И еве ме смирена. Ако ти е полесно да си одиш во Штип, ако маж ти не оди на работа земи си го и него. За другото само кажи јас си одлучив и за доктор и болница, тоа е тоа.
Тука сум мила, умрев од болка од забов, се сум по клиники и дежурни, ќе мора да правам операција... Тоа е... Да не го снајде човек, ама кога ќе го снајде да е само со помин...
Се нервирам стварно вака. За дебелината веќе знам и сама колку голем проблем е, знам и дека можеби се во право кога така ми кажуваат. Ама немам потреба тоа да го слушам, не сакам некој да ми го кажува тоа. За болките и јас знам дека боли, ете кај секоја е различно, кај некои повеќе кај некои помалку, има жени без да се измачат си раѓаат многу брзо. Тоа е индивидуално. Сите ги болело. Нека ме боли и мене, ќе издржам. Болките ќе поминат и готово. Ама ете не сакам да слушам за тоа, сакам да ми помине времето и да си видам сама како ќе ми биде. Маж ми работи, не може да земе толку денови и да дојде. Планира да земе денови потоа кога навистина ќе ми биде многу повеќе потребен. Во вторник морам на преглед кај матичниот за да се разрешат уште некои работи и потоа ќе почнам да размислувам за одење во Штип.
@LadyC А бе девојче ептен мака виде Те гушкам и што побрзо да помине. Многу ми е жал кога те читам низ што поминуваш Сега операција ќе ти прават или после породување? @Fallen.Angel Многу си фина ти изгледа и затоа на глава ти се качуваат прости луѓе без осет
Сега, да отворат накај 18ти мај ќе закажеме. Без адреналин само анестезија ќе ми стават. И поарно. Ова не се трпи...
Не сум фина @0ли ,само имам високо ниво на толеранција периодов, не сакам да се расправам со никој. И затоа изгледа вака си го добивам.
Мајка, многу ми е криво што си се изнаслушала секакви глупости. Си требала да ги пресечеш сите, и да им кажеш дека бебето сега е најважно, а не ти колку килограми имаш. Се се средува со тек на време, само вие да сте живи и здрави. Многу боли породувањето, ама поминува, не трае вечно болката Мора да бидеме силни за нашите мали души Пишувај ни тука ако така ти е полесно. Те гушкам силно
Фала ти многу. Се воздржувам во последно време, гледам да не се карам со никој. Пробувам да мислам позитивно и досега добро ми оди. Реално килограмите ми се нешто што најмногу ме боли кога некој таму ќе ме чепне бидејќи многу се имам измачувано за да ги симнувам. И јас не знам како успеав да премолчам на тие коментари. Најчесто избувнувам кога некој ме чепка таму, ама тоа е... Фала ти .. Те гушкам и јас
А дотогаш како ќе ја контролираш ситуацијата? Не е блиску 18 мај. Има ли начин да се ублажат болките или да се намали проблемов? Штом веќе се дрзнуваат да ти коментираат што и да е, тоа значи дека им е дадено простор да го прават тоа. Не си го знаат местото, не е ова сега поврзано со твојата толеранција. И нема што да се расправаш и да се вознемируваш ти. Каде е мажот ти да ги затне малку, што е ова замарање трудница со вакви глупости. Мора да им реагира и тој, ќе ти се мешаат и ќе ти го тапат и кога ќе се породиш. И пак ти ќе се нервираш. Бре луѓе без осет, јазици пуштиле. Па и килограмите се твоја работа, што им е ним гајле како ќе се справуваш со нив.
Како стоите со расположението? Ви се менува ли често и како се справувате? Мислев дека сум го поминала овој период на почетокот ама не, еве неколку дена сум неподнослива. Не дозволувам мм да ме погледне а камоли да ми прозбори, плачам на филмови, песни а богами и на реклами
@0ли во право си. Јас малку сум затворена, не седам многу со нив, и ми префрлаат за тоа. И маж ми знае да ми каже некогаш да им правам повеќе чест, стари луѓе биле, ќе ми требало помош од нив понатаму. Јас навистина ги избегнувам за да не ме полнат негативна енергија, и ете некогаш за кејф на мажот се симнувам на саат два со нив пијам кафе или онака на муабет, и тогаш ми почнуваат нервозите. Мразам мешање вакво, и не ми се зборува колку се мешаат моментално и за името на бебето, а јас само игнорирам и се тргам на страна. Немам полза ако се скарам и затоа гледам да избегнувам контакт кога се може.