Ох мила, баш ми е жал што го читам ова , за жал некои работи ни идат одненадеж, кај тебе ептен во лош период... Те гушкам, пуштаме среќа сето ова брзо и со полесно да помине, да заврши, силна жена си ти, ќе го пребродиш и ова Смееш нешто барем за болка да пиеш да ти ублажи додека почнат да работат ординациите?
Па не е ни малку. Докторот ме има карано и ми кажа дека имам среќа што немам здравствени проблеми од килажата. Кај него сите трудници се манекенки, по 5 кг качуваат, јас имам 15 + и ми посочува стално да внимавам. А не е и дека многу се опуштам. Јадам исто како и претходно, немам направено некои промени, многу пати де воздржувам кога ми се јадат тестенини,пица или некој тост. Вчера одбив и сладолед, и благо не јадам некое време имам чоколади без шеќер за во кризни моменти... Ете приметувам малку имам намалено движење периодов и изгледа се таложат килограмите.. @Buca24 не сакам да ти кажувам лоши работи. Килограмите ми се болна тема.. Ама знам дека може ако се сака воопшто да не се покачи. Моја роднина остана бремена со 102 кг. До крај имаше 105-106 и роди здраво и големо бебе. Ама многу внимаваше, многу.
Да те утешам, кога ја почнав бременоста бев 90, сега сум 4ти месец и не знам колку сум, но сега засега мислам дека немам многу покачено, но до крај ке бидам и над 100 сигурно. На почеток ми беше многу страв и сеуште ми е на моменти, и разговарав со докторката бидејќи сите ми вика тешко тебе, крупните тешка бременост имаат, тежок пораѓај, компликации и слично. Докторката ми рече килажата дека не игра многу голема улога, и дека имала пациентки со многу поголема килажа што цела бременост ја износиле лесно, без компликации и потешкотии, тоа многу ме утеши во тој момент. Понекогаш знам и сама да си размислувам како ќе изгледам до крајот на бременоста, си викам сигурно ќе бидам како буре, нема на човек да личам, но на крај тоа и не ми е толку голем проблем, бидејќи сето тоа може да се промени доколку се сака, најбитно ми е да е се во ред со бебето.
Женски дали ви се случило да имате боки во колк и со што сте ги лечиле, 28+3 недела сум досега беше се во најдобар ред, последниве 3 дена можам да кажам дека блокирам неможам да се мрднам сред одење
со помин да биде што поскоро Ако имате можност и желба изгледајте го видеово, се однесува токму на психолошкиот момент за време и после породување, можеби ќе може на некоја да помогне или да даде одговор на некое од милионите прашања кои ни минуваат низ глава посебно последниве месеци
Во право си, најбитно е бебето. И јас веќе еден месец престанав да кукам околу килажата и се помирив. Ама коментарите од страна ме нервираат и не ми се воопшто потребни. Која жена не сака да изгледа убаво? Која не сака да биде послаба и позгодна? Сите сакаат.. После породување ќе се фокусираме на тоа и ќе правиме што ќе правиме за да успееме. Кога го кажувам ова негде ми велат дека многу опуштено сум си терала, бременоста секако не е за слабеење, ама внимавање на исхраната не е на одмет. Не се лутам, знам дека не е во ред моево, ама толку можев. Ако јадев секогаш што ќе посакав не можам ни да замислам колкава ќе бев..
Немој да му ја мислиш,јас со близнаците од 64 на 85 и стомак имав огромен и во 35 недела се родиа по 2500 и 2100.Исхраната ми беше строго протеинска,без вечера течности ама ја прележав цела.После 1 година дознав дека пак сум бремена а од килажа успеав да симнам 10кг значи 75 еве 8 месец сум 88 кила сум.Стомакот после 5 месеци нагло ми падна нит ми висеше ни ништо,а стриите ми се појави после пораѓај имам по една од двете страни на стомакот.
Сваќе, оди бе дренче нека ти стаи некој Е добро бе,ја очекував да ми кажеш дека си над 100кила, плус и не си качила толку, ја со првата бременост качив 17, и шо дека ? После пораѓај ќе симнеш околу 7 -8 кила. Извини шо ќе бидам безобразна ама се понашаат како да они ќе те ду*ат у газот. Бог да чува, мислрв дека веќе на денешницава нема препирки околу дебелината. Никогаш не ми сметале таквите луѓе, и ниту па намерно сум правела подбивни шеѓи ради тоа..за срамота..
Девојки, како се справувавте со премногу плунка, и до кога ви траеше? Јас незнам што со неа, мислам дека гадењата највише ми ги прави плунката. Навечер си ставам канче до кревет зошто неможам цело време да станувам.
Не можат да разберат изгледа. Ми пречат коментарите бидејќи не се тоа што сакам или ми треба да го слушнам. Вчера кога пиев кафе со другарка буквално грозење и гадење изрази кога виде колку стрии имам и постојано ме потпрашуваше каква работа е бременоста. На крај на муабетот заклучи дека никогаш не сакала да остане бремена и да се жртвува вака. Ми вели дека ми се восхитува како се носам со сето ова без да бидам тажна и напната. Не можев а и мислам не може никој со зборови да објасне вакви нешто. Чувството е премноогу силно за да може со зборови да се објасни. Јас бременоста не ја гледам како товар. Иако ми пречат килограмите и ме плашат, ниту во еден момент не зажалив за ништо. И кога ги видов првите стрии, и еве и сега кога сум цела географска карта јас не чувствувам гадење од тоа, ниту пак го гледам како да е нешто грдо и неубаво. Едноставно го сфатив како да е нормално, нешто ќе биде поразлично кај мене, ќе бидам сменета физички, но затоа ќе бидам исполнета кога ќе си го гушнам своето бебе. И да бидам најгрдата и најдебелата жена ќе вреди бидејќи ќе бидам најсреќната. Ќе го имам тоа што сум го сакала, а околу другото ќе се потрудам да го вратам во нормала, но без да се јадосувам.
После пораѓај ќе се фанеш прво за детето, тоа да ти биде здраво право и исполнето со љубов, а потоа полека ќе почнеш од себе, ќе имаш правилен и здрав начин на исхрана, со тоа ќе му го приуштиш на бебето најквалитетното мајчино млеко, а воедно и ќе ги намалиш килограмите. Кога ќе се осеќаш спремна за вежбање, можеш и тоа да го правиш,и покрај стриите може да имаш убаво и затегнато тело. Стриите се доказ дека си носела нешто најубавово меше, спремај се како да им дадеш "двојче" коа ќе се породиш, и кога ќе почнат да те замараат со глупости.Првото викање воа дај му ! Ти ќе речеш докторот ми рече да не давам
@Dikinzi не е за дрен работава мила... Внатре е канал на заб . Мора оперативен зафат. Ќе мине јака сум. Фолен ејнџел јас првата бременост од 65 бев на крај 95 и се вратив одма у форма. Нека не те лажат дека нема да ослабеш оти бебе не спиело, грчеви имало, а у... Ќе видиш и те како ќе ослабеш да не те припремам пред време.
Ти си стигнала до 95? Ако ти од 95 си стигнала до изгледот како на сликите што ги ставаш во онаа темата со слики од трудници, па јас гајле немам Јас сум +15 (може веќе и +20 зашто доста се опуштив) и доста дебело се осеќам.
И јас порано така мислев сите во една соба и ќе се навикнеме ама сега немам услови и да сакам. Во собата има место само за спална и 1 креветче, Е сега еден мора да спие во дневната или син ми (шо нема шанси да спие сам а мм да спие со нас и да се буди ако плаче бебе или јас со двете деца па на детево ќе му се нарушува сонот И затоа му реков мора да се поделиме па ќе видиме како ќе биде Редактирав за да ти кажам дека кога со породив со првото толку многу се будеше и вриштеше во сонот 2 години, никој не беше наспан, многу беше плачлив и сега ако е така барем они двајцата нека се наспијат а јас секако станувам за млеко
Src da ti kazam primer zolva mi se po rodi so 117 kilograma i go rodi po priroden pat ne carski ne shiena ni nisto za Edna godina so dieta malku vezbi Sega e 87 kilograma i super izgleda. Ne dozvoluvaj da ti nametnuvat dilemi u glava vo najubaviod period. Inaku i ona vo stip se porodi. Pozdrav i uzivaj ne sme site isti.
Јас правев ТОРЧ околу 17 та недела ама само затоа што на главчето на бебето имаше мали цистички и матичната ми предложи да направам ТОРЧ , а ако не си правела значи се си е во ред и немаш потреба
Ох ох, заб коа те боли како да имаш трн во ногата. Се надевам најбрзо ќе ти помине , гушки и бацкии Те сфаќам, ние моравме кога бев 6 ти месец да ја прошируваме собата накај терасата за да имаме место за уште едно креветче. Затоа сеа сме сите таму.
Зошто не земеш антибиотик? Има безбедни антибиотици. Јас амоксиклав пиев во 12та недела. Ќе ти го смири отокот и ќе ти олесни. Многу лошо ова со стоматолозиве што не работат иако разбирам зошто е тоа така. Во Систина со итни работат, џа се чуеш со доктор. Ќе ти го отвори и лекче ќе ти стави. Сепак, мора отокот да спадне инаку џабе анестезија, нема да фати. Ако сакаш ќе ѕи дадам контакт од едниот доктор на стоматологија.