Колку си висока? Јас прва бременост со 70 почнав, на пораѓај отидов со последно мерена 2 нед уназад 103кг 30 плус качив, природно се породив и 3 дена по пораѓај минус 11кг бев на вага (бебе, вода, крв, отоци и доста изгубив). До 1ви род на синчето бев 76кг. По 20м останав бремена со второто исто со 70,71 и се породив со 86,87. Сега имам 67-69, последно волку имав во 8мо одд Манекенка како да не сум родила 2 деца Така да НАДЕЖ има и не слушај ги другите, упорност и ке си симнеш. Јас не јадев којзнае колку ама си качив со првото 30+...
Треба да зимаш често магнезиум, па по потреба и повеќе, консултирај се со гин. Повеќето ја имале таа болка, како сецнување, бодежи во колк... се шири кашлица, како бебе расте може да стане и поинтензивно да знаеш. Сум прочитала дека и поради недостаток на калциум се случува дека бебето веќе почнува доста да влече од тебе... Јас и со двете ја имав таа болка... Со првото 3м после пораѓај ми се смири, а со второто одма после раѓање.
Сите што ги познавам, што си ветиле си ослабнале, па дури и тие што не си ветиле. Бебе со цицање влече доста калории, прошетки, плус нема да го имаш и истиот апетит како сега. Јас за 6кг само држев диета еден месец, се друго со правилна исхрана, не вечерав, благо не јадев, тесто намалив, и неделно летаа килограмите
Леле не пишувајте за болки во колк... како да ме гризи куче ме боли. ке земам имаше кукла пишано таблети може ке помогнат. За килограми ич да не му ја мислите. Секако дека сите сакаме да имаме само меше а нозе гризини. Ама не е така. Тука има милиони измешани хормони,течности,отоци,целулит,стрии... јас ни визока не сум а цел живот со 50кг мах бев. Првата бременост со 73 легнав да ме пораѓаат,сега со 57 стартовав. Не му ја мислам затоа што после ке слабеам и диети и чуда. Не си земајте при срце. А и не сум се дрзнала пред трудница никогаш да и речам леле ама си дебела леле , леле... на што личи тоа. Него има некој како мене на 19 месеци разлика да пише втор царски како поминала? Што е за право и за првиот не пројдов лошо,но да ми каже некоја дали имала потешкотии...
QUOTE="Natt *, post: 4937818, member: 138771"]Јас правев ТОРЧ околу 17 та недела ама само затоа што на главчето на бебето имаше мали цистички и матичната ми предложи да направам ТОРЧ , а ако не си правела значи се си е во ред и немаш потреба[/QUOTE] Тенкс ме утеши
Нема Кукле доктор у Систина не крева. Ми дадоа од некој Теодор и џабе. Пијам Панцеф, Кацарска го дозволи тој, во одобрение со орален хирург го почнав вчера. Немам оток. Ништо немам само ми иде окото да си го откорнам од болка. Мора да се испие антибиотик, да се смири процесот и да се оперира. Не ми е прв пат, всушност од нестручни стоматолози 4 та апикотомија ќе ми е на исто место... Истоштена сум ако веруваш... Врати се наназад ако не те мрзи ќе видиш. Оваа бременост ја почнав со 71 сега сум 83. Сум висока 180 и реално не ми се познава уште, освен целулит едно кило на задник и бут ( тоа ќе средам отпосле) , ама искрено буквално од премор со бебе се слабее и те како. Се ти се мења. Цел биоритам. Откако ќе се породиш стануваш бебе биоритам.
@Fallen.Angel јас минатата недела расчистив со блиска личност без карање, кажав и пренесија и не сакам до крај на бременост и после бременост да ја видам. Мораш да бидеш полоша, и да им одвратиш. Во врска со килограмите останав бремена со 76, поправена само 2 кг до сега, но многу ми смета килажата. Метро и жилет сум висока и стварно ми е тешко. Гледам да внимавам, но секој не се чувствува така лошо со килограмите. Јас да немам тежини при движење и 100кг да имам, не ми е битно. Само да не ме боли ништо и да се движам без проблем. Со 78 чувствувам замор, затворена во соба бев 3 месеци и мн тешко сега ми е движењето. Така да, не им се замарај воопшто, не им прави ќеиф дека стварно те налутиле. Да ја гушнам @LadyC издржи машки женче, јака си ти, жал ми е што вака се мачиш, ќе се среде се
И јас толку разлика за царски ама кај мене еден дел од раната не се затвараше па одев еден месец на дренажа и сега незнам како ќе биде.
Жени не се зезајте, вишок килограми не се добри ни за срцето ни за зглобовите. Ако нормална килажа ви е 70, замислете под каков притисок ви е срцето со 20 или 30 повеќе. Зглобовите на нозете се најоптеретени од килажата и за 10 20 години ке ги чувствувате последиците. Јас ви гарантирам дека нема ништо да му се деси на бебето ако не јадете нешто што ви текнало во моментот. Ама и те како може да се деси ако бутате се што ви се пријаде. Не е проблемот како изгледате, проблемот е како килажата влијае на здравјето. Тудна жена не е болна жена, и килажата не е естетика туку здравје.
Ај да не се замараш со тие сезнајковци и ич да бе ги слушаш... Нормално е бе на сите да ни се смени телото, човек создаваме, носиме на свет, нормално е дека никогаш нема да бидеме исти ама до тој степен правење филмови те молам... И секој организам си е различен, знам жени што после породувањето многу поубаво изгледаат и подобра форма имаат од пред... Кулира и ич не слушај никој
Јас одговорно тврдам дека не јадев толку за да качам 23кг. Не јадев благо и пиев кока кола само ако почувствував дека ми пајѓа притисокот. Работава е во бременост што хормониве многу поинаку работат во бременост па секако таложиме и имаме задршки. Така е никој не рече дека е здраво да се почакат 20кг,но еве кај мене 23 беа многу неосетно качено. Не беа од јадење . Да не бев бремена може со тоа јадење 4 кг ке качев.
Точно е, отоци се јавуваат од 7ми па натаму, бебе и плодова вода тежат ама тоа не е оправдување за толку големи бројки. Забележав дека сите се секираат како ке изгледаат после пораѓај а никоја не се засекира за тоа како ке се качи на бокс или коллу срцето ке биде оптеретено.
Додека читав повеќе за бременоста, не памтам каде беше ама прочитав дека телото складира повеќе масти бидејќи така се подготвува за доење. Претпоставувам дека треба енергија за тоа, па затоа така функционира.
Жени што се замарате со килограми и со тоа што ќе речат тетки и стрини. Гледајте сѐ да биде во ред со вас и бебето па килограмите се намалуваат. Што ако не ставив многу кг. во првата бременост кога едвај жива глава спасив. Подобро да се поправев +20 кг одколку што довив преекламсиа, нерастење на плодот, протеини во урина... 40 дена во болница, родив предвреме (царски) на 35 недели, синко тежеше едвај 1700кг. Сега сум 19та недела и немам ставено ниту 1кг. сакам да почнам да се поправам со надеж дека оваа бременост ќе биде поразлична од првата и ќе ја истерам до крај како што треба
И јас се здебелив многу, затоа сега пишувам, да не правите и вие грешка како мене. За жал, факт е дека килажата не е добра, се секирале ние или не. Да ми е овој памет, никогаш не би јадела толку колку што јадев.