Ама јас стварно не помислив како би се качила на бокс. Од секогаш сум била склона кон дебелеење, цел живот сум на строги диети за да ја оддржувам килажата, не да слабеам. И резистентна сум на инсулин, и скриен шеќер, семејна историја на дијабет.. Се си игра улога. Сега почнав да се сомневам на интолеранција на лактоза, ќе испитам кога ќе се породам. Ич не се секирам за слабеење, ќе се потрудам да ослабнам понатака здравје. Само луѓето од страна не знаат како е цел живот мака да мачиш и еднаш во бременост ќе те фати стрв за сладолед и одма имаш погледи као нели имаш скриен шеќер (кај мене само ме гледаат, не смеат ништо да ми речат зашто знаат колку пазев). Криво ми е зашто не уживав баш во бременоста и не беше филмска А тие коментари што и ги давале на Фолен Енџел, стварно се непотребни и безобразни, уште другарка и ќе се откажела од мајчинство за да не го жртвува телото. Е како она може да одлучи за нејзиното тело, а другите не? Нвм се распишував, сакав само да кажам свесни сме ваљда сите што правиме, ете кој сакал да се здебели толку... и за здравје и за изглед. И не за џабе ги правиме сите испитувања, ако би имало проблем со тежината ќе знае докторот.
Јас забременив со 66кг сега сум34г.с. а сум 78кг. Висока сум 175см, до душа ме ми се познаваат којзнае колку тие 12кг. Но , помачно ми е мене, загоено чувство . Највише се отпуштив март/април седејќи дома ради короната. Се нека биди во ред , ќе си се вратиме ко порано
И јас сум склона, дебела останав бремена, после пораѓај ослабнав па уште толку се здебелив, сега ми е тешко ептен. Ми се јаде, што да ви кажувам. Ама на пораѓај не се засекирав ни за тело ни за изглед, туку дали сум здрава затоа што сум многу дебела. Најдебела трудница бев споредено со сите околу мене.
Да си јадеш,немој да си гладувала... Ајде бе најдебела... ехее така си се гледала дека си најдебела. Јас па кога се породив сите низ ходник што шетавме жива мера под 80ка немаше. Која стапала како на слон тоа бев јас,која гради огромни,која стомак. Сите до една бевме различни. Само ако доктор каже дека мораш да внимаваш тоа е друг муабет. Цимерката моја викаше останав бремена со 100кг пред порајѓај 106кг бев а бебе од 4кг роди. Природно,брзо. Никој не ја приметувал дека била бремена. Жени сме се е можно кај нас. Само немој да гладуваш
Мене па сите трудници кога чекаме заедно за цтг ми се презгодни и многу неубаво се осеќам, а може и они истото го мислат. Овие последни недели се стварно непријатни и тешки. Да ве прашам, дали после лежење/седење околу 1-2 саати ви е тешко кога станувате? Пример сабајле од спиење кога ќе станам лесно се размрдувам ама попладне ако легнам едвај, едвај станувам од кревет. 15 мин ми требаат да направам чекор. Ајде стомакот што ми тежи ок ама како нозете да ми се фатени, не можам да ги кревам кога одам туку првите 5-6 чекори ги влечам
Другарка ти што се грози од промените на женското тело при бременост дефинитивно не е спремна да има деца, е сега и незнам колку е возрасна, но многу младите нормално е тоа да неможат лесно да го прифатат. Секоја што е спремна за дете го прифаќа менувањето како нормална појава. После пораѓај све си доаѓа пак на место но некои промени кои остануваат трајни не се причина за некој да биде депресивен и тажен. Прашај ја другарка ти дали вечно ќе биде млада зашто во староста кожата и цицките ќе и виснат и на нејзе, па ме интересира дали тогаш ќе биде депресивна. Ќе ја сфати суштината.
Дефинитивно си во право. Не дека многу се убави тие промени. Ништо убаво нема во дебелината и стриите, ама не се ни некој голем проблем, барем јас не ги сфаќам толку трагично и сметам дека тоа е се дел од процесот. Неизбежни работи.. Стриите ќе избледат, ќе си ги имам и ќе се навикнам на нив и нема толку да ги забележувам со тек на време. На лицето или телото сите имаме по некоја лузна, останала и сме се навикнале на неа, така ќе биде и со стриите. Ништо страшно. Секако, малку ме загрижуваат килограмите, ама не до таа мера да се грозам или да си правам стресови. Ќе правам што можам, ќе се потрудам и ќе се доведам во ред.
20 недела сум и тежам 62 кг. Пред да забременам бев 63 или 64 што е отповеќе за мојата висина (16 . И искрено, не планирам да се здебелувам повеќе од 68-70 кг. Поради тоа пешачам многу (околу 10.000чекори секој ден) и некои вежби за трудници кога можам и не сум преморена. До тој степен мразам да се здебелам, што и малце целулит што ми излегло ми пречи. Од исхрана гледам да не јадам после 6-7 и да не се прејадувам со големи порции, јадам овошје и зеленчук како луда и крвната слика ми е топ. Бременоста не сакам да ми биде изговор да се здебелам, што со оглед на мојот апетит е доста возможно и после да се гадам од себе, да се јадам што маж ми загледува позгодни од мене, затоа што јас на женско веќе нема да личам. Ни прва ни последна мајка на светот нема да бидам, па да немам време за себе, за да се вратам во нормала дури и да се здебелам. Тоа е изговор кој е тотално неприфатлив, па толку жени родиле деца, па се сега во топ форма, затоа што се потрудиле и одвоиле време за себе. Да станеш мајка не значи дека треба да се откажеш од себе и грижата за своето тело не те прави лош родител. Со среќа на сите (па и на мене) со недебелеењето.
Kako da ne kacuvame kilaza me interesira ?i jas ne sakam da se popravam pa se popraviv ,lezam celi 7meseci vo krevet do wc mi e stanuvanje rizicna bremenost ,ne jadam mnogu ,jadam cesto po malku ,na bezglutenska ishrana sum ,so salatj i ovosja pretezno ,pijam voda mnogu a kaciv +16 ,neznam kako da ne kacuvam
Така е. Низ животот постојано се менуваме. Која пак гаранција ја има другарката дека нема никогаш да се здебели и да има стрии? Ајде батали ја.
Ја ко цимерката твоја, само уште малку плус. Доктор кажа не повеќе од 10, јас 16 качив. Нема кај ме немаше. Сега полека се трудам да симнам, синко ке прооди јас уште сум дебела. Зборам за бремености во кои се е во ред. Каде можеш да пешачиш, да одиш на работа, секс да имаш, не патолошка бременост.
Кои се последиците од надминувањето на килограмите во бременоста освен дебело женче? Дали има проблем при породување или некои други проблеми? И дали пешачењето влијае на полесен/потежок пораѓај ?
Абе шо си ставаш се на душа? ОСтај ги нека си збораат ако немаат друга работа...Сите сме ко топки еве и јас имам 94 сега, а ниска сум, па баш ми е гајле, така се носеше и раѓаше дете, како ќе сакаат тие... Уживај си
Јас првата бременост не бев поправена многу слаба бев само меше имав,ниско го носев што сите велеа штом е ниско лесно ќе поминеш напротив јас се изнамачив многу.Кај сите е различно немора да значи
Може да има проблем на породување. Често, трудници со прекумерна тежина имаат подолги породувања. Статистички, во поголем ризик се за царски тие жени. Зголемен ризик од висок притисок. Пешачење во која смисла дали помага? Знам дека го препорачуваат кога е пораѓајот во прва фаза, во смисла шетај, движи се, за да се 'убрза' работата (секако не кај сите, доктор одлучува кај кого). Ако прашуваш за тоа
Велат крвен притисок може да покачиме нагло во 9 месец. Отоци плус и отежнато дишење. Тоа имам слушнато.
Иначе, додека пишуваме тука за дебелеење моментално вечерам во ова време, а маж ми на 2 метри од мене вежба. Иронија. На глас се смеам
Извинете што ќе се вмешам, ама читајќи ја @Fallen.Angel се изнервирав. И јас качив едно 17-18 кг во бременост(во 2те бремености), а ниска сум 160см. Излегов од болница со 2те деца рамна во стомак ко да не сум била трудна. Но, после се здебелив. Еве и сега сум здебелена. Ама свесно се здебелив. Дома сум, не се движам и јадам многу. Да, ич не е убаво да си подебелка ни за здравје ни за изглед, ама освен ако не ти сметат на здравје, за изгледот сега да не се секираш. И да си покрупна цел жувот?! И што, тоа те прави лош човек?! Не. Кога ќе ти го дадат во раце тоа мало бебе, кога ќе те погледне со очињата како исплашена срничка, целиот свет застанува. Кога ќе си одиш дома, кога ќе го успиваш кога со рачето ќе те фати за блуза држејќи се како да се плаши да се оддели од тебе, кога ќе направи 3-4 месеци па кога ќе ти се насмевне со некој бебешки крик - ќе сфатиш дека за тоа мало бебе вредело се и дека само тоа е најбитно. Срцето ќе ти биде полно, ќе ти трепери од среќа. И да, многу жени ослабнале после пораѓај. Што од немање време за јадење, плус доењето плус режим на исхрана. Битно, ќе имаш причина плус да живееш, да се бориш за тоа невино душиче за кое си му цел свет. А за мешањето на старите и сите од околу, еве еден совет од жена што дозволи сите да и се мешаат. Не дозволувај!!! Верувј, кога ќе се роди бебето ќе си земаат за право сите уште повеќе да ти се мешаат. Тогаш сите ќе знаат се. Јас на сите дозволив, и затоа најубавиот период од мајчинството ми се уништи. Така да, совет од мене. Најкултурно пробувај да им дадеш до знаење, твое тело, твое бебе, твој живот. Ти посакувам и тебе и сите трудници да си имате лесна бременост и лесен пораѓај. И да, боли. Ама боли и кога ќе се исечеш на прст нели?! И ќе помине и може нема да се заборави болката, ама ќе избледее,па за некоја година ќе посакаш уште еднаш да го осетиш тој благослов. И се поминува, и контракциите, пораѓајот, сечењето, шиењето, болки од раната.... Ама се вреди за едни мили очиња кои во тебе го гледаат целиот свет. Извинете на упад, и на мојот "поетичен пост,ама верувајте нема ништо поубаво од ова и вреди секоја жртва за нив. Ова ви го кажува најголемиот паничар на светда идете на ГАК сега, сигурно ме паметат сите сестри таму колку се тресев од страв и колку плачевсега се е само еден(за мене два) најубави спомени
Ти благодарам за “упадот” ! Во право си за се. А за мешањето, сите ми кажуваат челични нерви да си спремам или да превземам нешто додека е време, потоа ќе немало фајде.
И јас сакав да се надоврзам,сите бремености се различни како и нашите тела.Јас во бременост си јадев нормално и не се поправив нешто многу,но после пороѓај додека доев и енергијата за бебушка во чувањето и грижата ме поправи и за чудо во бременост не плачев,а по неа откако се породив плачам многу често и за банални работи.Ете сите повеќето се поправаат и плачат во бременост,а јас откако се породив.Мојот организам е таков и тоа е.Ама да сме здрави и живи и сите да си ја дочекате оваа убавина и да си поминете лесно на пороѓај