Знаеш, тогаш се ти е ново, не спиена, не јадена и ќе се најде некоја "најмајка" да ти соли памет. Плачело многу, носи го на баење, леле стави мед на цуцлата, ти треба вака да седиш, ова да јадеш... И кога најповеќе ти треба поддршка добиваш критики. Е сега, не да се караш, ама кажувај си се. И ти одлучувај си, заедно со мт нормално. Настојувај, да се "исклучуваш" од такви ситуации, ќе гушкаш бебе и ќе уживаш. Со лесно @Martka да секој организам е различен. Затоа, само е битно да сме здрави и да ни се живи и здрави дечињата. Жени сме, научени сме се да истрпиме
@Fallen.Angel Добро дали се тие нормални... Како бе дебела ќе си била ? А тие како раѓале ? Па уште и ќе кажуваат вака е така е на пораѓај , па и за име се меша. Сечи тоа не со карање туку со два збора НЕ МЕ ИНТЕРЕСИРА или може и ШТО ТИ Е ГАЈЛЕ мене еднаш проба братучедка на мм да ми кажува дека тешко поминала и не сакала второ дури од што и било тешко и реков сите се различни не сакам приказни да слушам, си заќути. А за името ако спомне свеки (а не смее ) фино ќе и кажам ти пред 36 години си имала бебе што можеше да си го крстиш и толку. Јас сум свесна дека ке ми се меша понатаму а до сега сум преќутувала ама веќе почнувам да ја спремам дека веќе нема да е така. А за кг. јас сум 22 недела имам + 6 кг. без пазење ,со јадење ноќе,ама многу повраќав на почетокот . Познавам другарка што качувала над 20 кила со сите 3 па до 6 месеци она на 58 кила падната се е индивидуално и ако се сака ќе се врати така да не се замарам и мислам дека ниедна трудница не смее да се замара затоа што гладувањето знам дека може да направи големи проблеми со бебето.
Јас со првата бременост бев 17кг здебелена. До 7ми месец 7кг подоцна морав да лежам и за два и пол месеци качив уште 10кг. Многу ми беше тешко со толкава килажа,кога излегов од болница изгледав како да сум 6 ти месец бремена. А бременоста ја започнав со 52 а завршив со 69. Не ми беше проблем естетиката,проблемот ми беше во што не можев да се вртам,наведнувам,се ми беше тешко. Дека кожата ке ни висне,ке висне(како издишан балон)...но тоа со тек на време само по себе се средува. Ова е мојот стомак после една година од пораѓајот. ниту сум вежбала,ниту ништо. Сега со втората бременост внимавам колку-толку ама не се замарам со килажата.Знам дека кога си со мало бебе немаш време ни за јадење ни за пиење и се ке си дојде во нормала. Јадете си,подоцна ке се каете ако имате с’трв за нешто а само поради естетскиот изглед се откажувате од тоа.Јас им се радувам на моите “нови” образи...сега многу повеке си се свиѓам...
Прашањево не се однесува за мене, за сестра ми. Имам ролери кај неа, но сега таа е со новороденче и ми кажа дека не смее ништо да се земаод кај бебе. Ваши мислења?
Некои луѓе веруваат во тоа дека во куќа каде што има новороденче ништо не смее да се изнесе...знам дека се лудости но тоа е некое старо народно верување и еве има уште луѓе кои го практикуваат.
Ова го имам и јас слушнато но за бремена жена се однесуваше, додека е бремена- ништо од куќа да не дава. А ова се твои ролерки, па зошто да не си ги земиш. Стварно не ми е јасно
Devojki kaj i da e ke treba da se poragam. Kazete mi dali tie sto se porodile vo brzo vreme vo Cair ili Gak nosele maski pri poragaj
И за мене се глупости ама ете би испочитувала и ќе почекам Како сте иначе мешиња? Денот крш,а баш сакав да пешачам денеска, од лежење се ме боли. Ништо ново нема кај никоја?
Па да, во право си. Ако некој си има замислено дека е така, подобро да се почитува. Само ми дојде смешно, колку работи не сум знаела.
Можеби се верува дека ќе ти отиде млекото заедно со тоа што го даваш. Како што веруваат ако имаш гости дома и ако кажеш ,,чао" кога ќе си одат дека ќе си отиде и млекото.
Ниту верувам во вакви "адети" ниту ќе дозволам некој да ми наметни. Обично свеки. Навечер не се усисава . Додека некој од фам е на пат не се чисти..... Имам чиста психа и нема да прифаќам сугерирања. И сега од кога ќе се породам 40 дена дома да сум седела. Де бре... Ако веруваш и ќе се оптеретуваш
Еве и јас за мојата килажа во бременоста.Започнав со 56кг ,сега во 22недела имам 64.Не се замислував ваква.Отсекогаш сум размислувала дека секој месец од бременоста ќе качувам по еден кг,но не било така.Првите 3 месеци мирував поради крварење и претходна лоша историја ,лапараскопија на ендометриоза,потоа карантинот си го направи своето-мнг малку движење.Со кого и да се видам наидувам на коментар дека изгледам како да ме гризнале пчели.Лошо влијаеше тоа на мене на почетокот ќе застанев пред огледало и си го гледав телото ,потоа си правев филмови дека можеби сум отечена па мерев притисок постојано,го замарав мм како не било нормално толку да сум поправена а не јадам многу!И си реков стоп!Нема да дозволам така да ја доживувам оваа прекрасна состојба бидејќи Јас во бременоста се препородив буквално,јадам нормално што ми се јаде,а претходно ради ендометриозата постојано внимавав,не јадев месо и млечни производи бидејќи мнг ми сметаа и постојано бев во штрек дека ако Го изедам ова ќе ми наштети. Затоа драги мои,никој не е доследен да кажува како е правилно а како не е,тоа како нас некој не доживува не му дава право да кажува дали сме или не сме здебелени бидејќи никој не знае со што сме се соочиле пред или се соочуваме сега во бременост.Јадете си се што ви се јаде,не претерувајте и да уживаме во бременоста како што уживаме во храната,да собереме сили за после породувањето да одговориме на сите предизвици на мајчинството и да се посветиме на сопственото тело. Дотогаш да галиме мешиња и да си бидеме поддршка една на друга
Сум слушнала многу вакви совети, ама кога ќе прашам зошто нема одговор...останало од некпј и се повторува... Јас сама некако си смислував правила
Ве читам за килажата па да се надоврзам. Терам 27 недела, а поправена сум 12 кила. И пред да останам трудна имав вишок килажа и сега изгледам катастрофално. Вчера на многу блиска пријателка мажот неколку пати ми повтори колкава сум била голема, дури еднаш рече леле ко автобус си. Ми се плачеше... И пред тој ден една комшика исто ми искоментира за килажата, ама со одбрани зборови и нити се навредив, нити и замерив. Незнам како луѓево не размислуваат што и како ќе кажат, особено на трудна жена што и работат хормоните ...