Морам уште ова прашање, ме интересира ваше мислење. Треба да ми дојде за брзо дали смеам да одам кај внуката? И дали пример се оди кај машко ако добиеш? Мислам дека само за на фб сум со вакви прашања
Мајки сите ве читам дека се некој ве увредил..ја па обратно секогаш мањак на килажа сум била и со мањак почнав бременост па гледам да се поправам и ојачам. И мене ме вреѓаа слаба сум била и тоа дебели жени ..се замарав се нервирав престанав да носам фустани мислев дека лошо изгледам а врска немаше. се додека не заклучив дека е проста љубомора и сега секогаш им одвраќам. Па така и вие не ќутете. Мене трудница никогаш не ми изгледала лошо. Имам огромна колешка што после бременост нема намера да си врати килажа и ждере за 5 луѓе додека сите внимаваат и токму таа збори и вреѓа други жени и трудници што отекле биле грди за неа ХАХ. Body shame посебно ако доаѓа од жена е за мене нешто најниско и само од ситни души доаѓа. Така да бидете над тие не ќутете насмејте се и кажете "Ја ќе ослабам ама ти брат сељак цел живот ќе бидеш"..такви луѓе не ви требаат макар била и BFF. Извинете на долгиот пост и ајде малце WomanPower !
Маж ми на моја другарка вакво нешто никогаш не би се дрзнал да и' рече, како смее такви изрази да користи како некоја будала без култура. Нема врска колку сте блиски... Не знам со какви луѓе си имате работа, но ова на ништо не личи. Прашај ја мајката каде што ќе одиш, можеби нејзе и' е важно ова
Исто како и поназад за ролерите муабетот така и ова, сепак станува збор за бабини деветини кои некои ги почитуваат некои не, два пати ми се погоди да сум во циклус а цела недела предходно договорени за повојница, и добив порано и си кажав, едната другарка ме замоли да дојдам кога ке ми заврши а другата ми се налути зошто не сум дошла немало врска и не верувала во тоа. Така што сите различно размислуваат. Инаку таа што ме замоли да не доаѓам имаше машко детенце а другата другарка женско
А што е макава машко женско и ако имаш менструација... јас машко ќе имам па да знам да ги проверувам не сакам да навредам никој ама смешно ми е
Труднички сакав да ве прашам дали ви се исфрла лицето со акни во текот на бременоста и што козметика користите за чисто лице ? Јас во првата бременост со син ми лицето ми сјаеше немав никаква мака ,а сега во оваа бременост се почесто ми се нафрла со акни па се мислам што да земам за почисто лице .
Не се секирај, мене па ми викаат дека сум слаба, од што ќе се храни тоа дете, не сум ни изглеала на трудна, да јадам појше. Како и да си, на злобници и невоспитани нема да угодиш.
Женички, најбитно од се е бебчињата да си растат и да се развиваат како што треба. Од една страна се согласувам дека не треба да се претера со килажата, но од друга страна да го споделам моето искуство. Моментално сум 34та недела со близначиња. До пред една недела кога последно се мерев бев поправена 11 килограми. Од самиот почеток немам многу апетит, а и сите килограми мислам дека ми се во стомачето. Но на последниот преглед бебчињата покажаа дека не напредуваат доволно во килажа, дури и примив две дози албумини бидејќи ми беа под долна граница. Деновиве јадам по 5 пати на ден по препорака на гинеколог, пред се за нив. Значи и затоа се оди на контроли кај доктор, по правило треба и тој да процени и искрено да и каже на жената дали треба да внимава на исхраната или да внесува повеќе. Има жени со гестациски дијабетес кои мора да внесуваат помалку шеќери и други примери. Зборот ми е нека биде се во граници на нормала, но и како налага ситуацијата, а за мислењето на другите, игнорирајте го освен ако вие не сте побарале совет
Тој како прво не е маж. Тие се само суштества во тело на мажи и имаат машки полов орган...Така да твојата пријателка нема маж туку такво суштество има... Инаку Феминки од денес почнувам со Пре Мама Дуо, го читав составот и ми се гледаат доста добри, а најмногу зошто имаат железо. Хемоглобинот ми е сега 107, валда овие малку ќе помогнат. До следната недела треба да размислиме за пренатален тест, иако скринингот беше одличен, сепак ради тоа што имам 35 години ми препорачуваат таков тест. Мојот доктор ми препорача Верифај, а во Систина - Нифти, така да треба да размислиме... Не ми се допаѓа за тие тестови тоа што ако излезе позитивен резултатот мора да се оди на амниоцентеза...И тоа на сајтот на тестовите го пишува. Јас ги слушнав повеќето Ваши мислења и искуства за тие тестови ама сепак мора да одлучиме... Инаку да Ви кажам за мене дека јас после дипломирањето работев во компанија за матични клетки тука во Скопје, тоа беше странско претставништво. Работата многу си ја сакав, но тоа со потпишување на договори за матични клетки беше чист бизнис. Не дека беше превара, далеку од тоа ама бизнис беше. Секој доктор што ќе пратеше кај нас трудница да потпише договор си добиваше парична надохнада...Така да јас сум убедена дека и со овие тестови е така, бидејќи такви фирми ги носат тие тестови тука. Како и да е - ќе размислиме до следна недела. Пак ќе кажам не велам дека е превара, ама бизнис е... Утре влегувам во 14-та недела и се надевам дека све ќе си биде во ред... Ве гушкам сите...
Да треба. Жената не е гнасна ако има добиено. Ме нервираат сите суеверија околу менструацијата на жената ко да е некое светско чудо.
@lavinija28 @Veki4kaa Ве нема некако нема болки сеуште? Јас имам од време на време некое стегање во стомак и боцкање во половината...и еве дури ви пишувам ме боли цел дел од стомак од папок надолу..утре сум на цтг па ќе видиме до кај сме...иначе 40+3 денес
Иста ситуација, со прва бременост лице стакло коса растеше како луда, сега коса паѓа и акни како во пубертет. Мачкам судокрема по цело лице и тоа ме смирува, дерматолог ми рече било што на база на цинк.
Jas vo posledno vreme zabelezuvam kako pegi mi se pojavija. Nikogas sum nemala ni bubuljici a ne pa ova. Neznam dali e od sonce ili od bremenosta, nitupak kako da gi tretiram
Јас имав пеги и претходно само ми беа побледи сега во последниве 2 месеци од бременоста ми се потемнети и плус на челово ми се појавија две како флеки така не се познаваат многу ама јас си ги заприметувам..не мачкам ништо прочитав дека од бременоста се прават и исчезнувале после пораѓај...па ќе видиме колку е вистина..а акни немам не ми се појави ни една
Иста сум и јас со флеките, пишував и претходно. Мајка ми имала исти во бременост и после со тек на време и се исчистило лицето.
Стварно незнам, почитувам тие што го практикуваат, а зошто не сум по тие работи нека каже друг поискусен по бабините деветини.
Сакав да ве прашам кога почна да ви се стврднува стомакот? Јас сум 24 та недела и осеќам дека се стврднува или се тегни бебе не знам што е инаку е ниско долу ,мерките се ок.цервикс 27мм затворен и ми предложија брисеви ,нели тие се во 12 та и 35 та недела? Искуство ваше?
Извини ама маж ти го слушна ли човекот додека го кометирал твојот изглед? Ооооо тоа некој да го каже пред мојот,пердуви од него ке летаат. А и да не е мм сама така добро ке му вратам па никогаш во очи нема да може од срам да ме погледне. Тоа е толку ниско,безобразно...немам коментар. Јас се изнервирав што еден другар на мм ми води сметка кога треа да се породам камоли да ми каже нешто такво.
Да брисеви се 12та и 35та,ама да не видела докторката нешто на око па затоа ти предлага брисеви ? И мене овој пат ми е ниско бебето дури и појас ми препорача да купам,па земав и некако поарно ми е,јас сум 30+2 Иначе во 24та па до скоро ми се тргнеше осеќав,ама сега нема толку место и мирна е веќе цела недела
Па не рече дека видела нешто па затоа ми предложи ниту имам некој исцедок миризлив или во боја или чешање...баш ништо,само што ми истекува утрогестанот ,а и мене ми предложи појас ама јас сум дома не одам на работа незнам колку би го користела дома и дали би имало ефект