И мене ми даде појас, ама не го носам пошто не работам нигде, а за дома не ми е практичен да го носам.
Епа не читајте тука верувајте на своите доктори, тоа е најважно. А нас веројатно така ни кажале инаку нема да тресеме зелени. И ние сме со следење цервикс...
Здраво. 37ма недела сум, вчера ми искочи хемороид, не ме боли ниту чеша. Сакав да ве прашсм за лек против хемороид? Поздрав
Девојки, едно прашање за тие со инвитро. Термин ви пресметуваат од последна менструација или незнам од трансфер или друг ден? Можно е да не ми е терминот точно пресметан. Јас сум 40+6, а во Чаир ми кажаа да утврделе според постари еха и големина на плод реално која недела сум, за да знаат до кога да чекаме. Отприлика 10 дена по термин даваат фора. Иако они го следат бебуш, и не се секирам, ама сепак сакав да си знам.
Јас бидејќи примав терапија за да не добивам, последна менструација имав два месеци пред трансферот и немав таков датум на последна менструација, прво ми рачунаа според трансфер, па ми пресметаа кој ден би ми бил последен ден од менструација кој се поклопуваше со првите мерки на ехо.
Ако си имала регулатен циклус, по циклус. Ако си имала подолг/пократок по мерки на прво ехо. На кој ден од циклус ти беше трансферот?
На 17 ден од циклус, трансфер со замрзнати до 5 ти ден ги чекаа. Не боцкав супрефакт туку боцнав една инекција од турција ја порачував, не ми текнува на името. Ќе кажат утре валјда во Чаир.
И јас сум скроз исто како тебе, трансфер со замрзнсти од 5ти ден ембриони кој беше на 17ти ден од циклус. Така ми го рачунаат терминот, по прв ден од последна менструација
И јас се уште не планирам да се опуштам, со оглед на тоа дека и ми се ближи терминот. Исто како @оли, мм и јас работиме од дома (се надевам тој ќе може и понатаму) и не се гледаме со никого. Ќе излезам неколку пати во текот на неделата малку да прошетам кога нема луѓе и нормално за прегледи, толку. Имам чувство дека веќе многу малку луѓе внимаваат, но јас сепак мислам дека ние заради бременоста треба да бидеме од тие кои ќе бидат екстра претпазливи барем уште некое време. Дилемата ми е по породувањето како да постапувам, тогаш претпоставувам ќе бидат уште полабави мерките, а и бебето ќе треба да се шета надвор, ќе сакаат пријатели да го видат... не знам што ќе биде паметно тогаш?
Јас нема да дозволам гости за брзо ќе се вадам на старински муабети демек до 40 дена несакам гости за да не се навреди некој...а иначе воопшто не сум од тие што поддржуваат и почитуваат такви бабини деветини ама заради вирусов ќе применам
Јас не планирам да се вадам на 40 дена бидејќи сите ме знаат дека не почитувам никакви адети, бабински работи и слично. Уште одамна сите знаат дека нема гледање, а па за гости не ни треба да се размислува. Кој сака нека се лути, ама ич не се замарам со тоа. Не планирам ни моите ни неговите да доаѓаат, а не па пријатели да го гледаат. Има време за тоа. Родителите ни се разбрани и не напињаат, некако се подразбира дека нема да доаѓаат и нема да одиме кај нив. А и да посакаат да да навалуваат, џабе им е
Потполно си во право. И ние нема да дозволуваме гости кај бебето, со оглед на тоа дека сама ќе бидам цело време кој се лутел не ме интересира. А маж ми рече понатака здравје роднините, пријателите без маски нема шанси да ги пушта кај бебето.
Кај мене обратно маж ми оди веќе 2 недели на работа и џабе е некогаш колку и да пазиш. А за шетање излегувам инаку се ме боли колк кичма стомак како стара баба се осеќам више ми фалат родителиве и викам аман уште колку да чекам... Јасно чим си на крај на термин мене ми е тек Окт термин о доколку тогаш има уште активни случаи ниту јас нњ би пуштила дома никој што сакаат нека мислат.
Син ми е роден во октомври. Тогаш немаше корона, но јас одлучив неколку месеци никој да не ни доаѓа на гости, освен најблиските. На гости прв пат го однесов мислам во март. А надвор на воздух и во природа одевме секој викенд. Никој не ни се налути. Може претерувам ама така ми беше најправилно.
Близнаците ми се порано родени и ноември баш кога се вирусите и настинките и зборам за домашните кога ќе дојдеа кај нас раце миење и маска и од страна други посети не примав се до пролетта.Сите одеа на работа и ок поминавме.Сега за бебево истито ќе го применам само домашни а од страна никој до следна пролет ако трае епидемијата и кој сака ќе разбере .
И јас така би направила. Секако и сега ќе излегуваме сами јас и мм со бебето, ќе наоѓаме места во природа. Ридителиве ќе го гледаат на камера и на слики. Или нека се стават во самоизолација 3 недели, па ќе размислам дали ќе може да дојдат.